Директори земале по две плати – ДКСК поднесува кривична пријава за раководството на ТЕЦ Неготино - Канал 5

Директори земале по две плати – ДКСК поднесува кривична пријава за раководството на ТЕЦ Неготино

ДКСК поднесе пријава до Јавното обвинителство против поранешни членови на Управен и Надзорен одбор на ТЕЦ Неготино.

Директори земале по две плати – ДКСК поднесува кривична пријава за раководството на ТЕЦ Неготино

По соединувањето на АД ТЕЦ Неготино кон АД ЕСМ-Скопје, и по престанок на функциите, како членови на Управниот одбор, овие лица останале во работен однос што, според антикорупционерите, било незаконски, бидејќи вработувањето во трговските друштва во државна сопственост единствено е преку јавен оглас, а незаконски добивале дополнителни приходи на редовната плата, информираат од антикорупциска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул, Турција

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, утре во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Бизнис форумот Македонија – Турција.

Министерот Муцунски ќе учествува на бизнис форум во Истанбул, Турција

Форумот, организиран од владите на двете земји, ќе ги обедини претставниците на институциите на највисоко ниво и бизнис-заедниците од двете држави, со цел унапредување на економската и трговската соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства. На настанот се очекува учество на голем број компании од двете земји, кои ќе реализираат B2B и B2G средби.

Бизнис форумот ќе го отворат министерот Муцунски и неговиот хомолог, министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат.

На маргините на форумот, министерот Муцунски ќе оствари билатерална средба со министерот Болат, на која се очекува да стане збор за економските односи меѓу двете земји, можностите за натамошно зголемување на трговската размена, привлекувањето инвестиции, како и за унапредувањето на севкупната економска соработка.

Настанот претставува значајна можност за продлабочување на економските врски меѓу Северна Македонија и Турција, како и за воспоставување нови деловни контакти и партнерства меѓу компаниите од двете држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши: До 2015 година застаппеноста не била законски регулирана освен преку алатка

Процедурата за носењето на законот за правична застапеност е запазена, најверојатно во понеделник ќе се свика продолжение, вели собранискиот спикер Африм Гаши во „Само Интервју“. 

Гаши: До 2015 година застаппеноста не била законски регулирана освен преку алатка

На најавите на дуи дека е можно физички да го попречат носењето за законот, Гаши посочи дека демократија значи владеење на мнозинството, а на законот треба да му се даде шанса и доколку е потребно допнително ќе се менува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторно пожар во штипско: Огнот зафатил и три викендички - повредено едно лице

Едно лице е повредено и во пожар кој попладнево избувнал во штипско. Зафатени биле сува трева и грмушки, но и неколку викендички, а повредено лице е сопственик на една од викенд-куќите.

Повторно пожар во штипско: Огнот зафатил и три викендички -  повредено едно лице

Пожарот како што информираше директорот на дирекцијата за заштита и спасување во моментот е изгаснат и бил во непосредна близна на местото каде и вечра имаше огнена стихија. При гаснењето на огнената стихија интервенирал еден авион на дирекцијата за заштита и спасување, како и пожарникари од околните општини и од доброволното противпожарно друштво во Штип. Агелов заедно со градоначалникот на Штип Иван Јорданов го посетиле повреденото лице, кое во моментот е во болница во штип со изгореници, но е во стабилна состојба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер