Директор заработил 9 милиони долари за 1 година, ќе отпушти 10 000 луѓе!

Серџо Ермоти минатата година во плати и бонуси заработил 9 милиони долари. Тој најави 3 годишен план според кој ќе бидат отпуштени дури 10 000 работници - јавува Ројтерс.

Директорот на швајцарскиот банкарски гигант UBS Серџо Ермоти заработи 9 милиони долари во 2012, годината кога е направен планот до 2015 да се отпуштат 10 000 банкарски работници - пишува Financial post.

Ермоти во ноември 2011 е именуван за извршен директор на UBS на местото на Освалд Грубел кој поднесе оставка по скандалот со банкар кој проневери 2,3 милијарди долари.

Првите од листата за отпуштање тоа го дознаа на најлош начин во октомври, кога се појавија на работа во Лондон, а нивните картички за влез не функционираа. Тогаш имаше лавина реакции, и сe зборуваше дека UBS е кратенка за „U’ve Been Sacked“ (Отпуштен си) - пишува Financial post.

- И покрај се групата постигна голем прогрес под водство на господинот Ермоти кој успешно ја води фирмата во имплементација на нејзината стратегија - стои во годишниот извештај на UBS.

Платите на банкарите во Швајцарија остануваат горливо прашање и 5 години откако UBS беше пред колапс ( во 2008) , а многумина за тешката ситуација ги обвинија токму високите бонуси поради кои банкарите правеле ризични инвестиции.




Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер