3Мицкоски за враќањето на пасошот на Марковски: Има груба манипулација од јавен обвинител, ова нема така да заврши
Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
1Д-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаи
ЕкономијаДирекцијата за ТИРЗ продолжува со следење на реализацијата на инвестициските проектиДиректорот Димовски истакна дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои инвестираат во зоните, обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти.Во рамки на редовната комуникација со сите инвеститори во ТИРЗ, директорот Гоце Димовски ја посети компанијата Шахтерм, каде беше извршен увид во текот на градежните активности кои започнаа во мај минатата година, а веќе до крајот на оваа година се очекува почеток со производство. За време на посетата, директорот Димовски оствари средба со менаџментот на компанијата, при што заеднички беше разгледана динамиката на реализација на проектот, тековните активности на локацијата, како и следните чекори до воспоставување на производствените капацитети. Директорот Димовски истакна дека ТИРЗ останува посветен партнер на компаниите кои инвестираат во зоните, обезбедувајќи поддршка и навремена комуникација во сите фази од реализацијата на инвестициските проекти. Тој посочи дека успешната реализација на секоја инвестиција е резултат на добра координација, отворена комуникација и партнерски однос меѓу компаниите и институциите. Од страна на Фарук Шахин, генерален менаџер на Шахтерм, беше изразена благодарност за континуираната поддршка и соработка со Дирекцијата за ТИРЗ, при што беше истакната важноста од ефикасната координација со институциите во периодот на реализација на инвестицијата. Со ова, Дирекцијата за ТИРЗ продолжува со активностите насочени кон создавање стабилна и конкурентна инвестициска средина, како и поддршка на компаниите кои придонесуваат кон економскиот раст и развој на земјата. Инвестицијата на компанијата Шахтерм само во прва фаза ќе изнесува 25 милиони евра со 200 нови работни места, додека планот е инвестиција да изнесува 50 милиони евра и бројот на вработени се планира да биде над 500.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија влегува во период на екстремно високи температури – расте опасноста од нови пожариАларм! Тревога! ве молам бидете внимателни - доволна е само една искра за катастрофален пожар и страшна трагедија!Македонија ја зафаќа силен топлотен бран што создава висок ризик за брзо настанување, ширење и тешко гаснење на пожарите на отворен простор, алармира првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов. Освен инструкции за превенција од потпалување, тој упати и апел до граѓаните да го пријават секое сомнително однесување на лица кои на отворен или шумски простор се забележани со лесно запаливи материјали и течности. -Половина Европа гори, затоа ве молам не фрлајте отпушок од цигара на отворен простор, особено не од возило во движење. Не палете скара или оган на отворен простор или во шума, исчистете ја тревата од дворовите на вашите викендици и куќи. Пријавете доколку забележите лабави електрични жици помеѓу две бандери во ЕВН или на 112. Земјоделци, ве молам не палете ги вашите стрништа. Сточари, ве молам не палете ги вашите пасишта,- -Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. Ангелов уверува дека во оваа сезона на пожари, ДЗС настапува со засилен технички и човечки капацитет – има поголем број на противпожарни возила, меѓу кои 20 пинцгауери, 15 БТРи И 5 хермелини а низ државава работат 900 професионални пожарникари како и 200 доброволци, изјави Ангелов. -За прв пат после долги години, имавме три функционални ер трактори со три пилоти, кои навистина одлично ја вршат својата работа. Имаме три функционални хеликоптери, еден пола-хеликоптер кој ќе го користиме за извидување како и два хеликоптери кои ќе ги користиме за транспорт на луѓе. На располагање имаме и еден армиски хеликоптер со ведро со носивост од три тона,- -Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување. Ангелов додаде дека во случај на големи пожари низ територијата на државава, на располагање се и припадниците на армијата и полицијата, меѓутоа, како што вели човечкиот фактор останува најчеста причина за пожарите, за кое е предвидено и кривично дело, со парична или затворска казна од 1 до 10 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПо повеќе од две децении – Клиничката болница Битола добива нова современа опремаКлиничката болница Битола влегува во силен инвестициски и модернизациски циклус. Во периодот од 2024 до 2026 година е набавена современа медицинска опрема во вредност од над 30,4 милиони денари, со која се заменуваат апарати стари повеќе од 20 години, за кои веќе не постоеше можност за сервисирање и техничка поддршка. Особено значајна е замената на дигесторот на Одделението за патологија – апарат набавен пред околу 55 години, уште од формирањето на болницата. Во рамки на модернизацијата се набавени електричен борер за ортопедија, апарат за операции на катаракта со фако-метода и ехо-апарат за Очното одделение. За потребите на урологијата се обезбедени сет за монополарна ресекција, додека за Интерното одделение се набавени нов колоноскоп и гастроскоп. Болницата доби и апарат за оптичка кохерентна томографија, нов DEXA-апарат за физикална медицина и рехабилитација, како и робот и современо софтверско решение поврзани со ПАКС-системот. Со овие набавки значително се унапредуваат дијагностичките и оперативните капацитети во повеќе болнички одделенија. Истовремено, започната е постапка за набавка на опрема за ехо-водена биопсија на простата. Со тоа, оваа современа дијагностичка метода за првпат ќе биде воведена во Клиничката болница Битола, овозможувајќи им на пациентите од Битола и целиот регион побрза, попрецизна и подостапна дијагностика во матичната болница. Покрај вложувањата во опрема, од јули 2024 година досега во болницата се реализирани и 61 вработување на неопределено време, со што паралелно се зајакнува и стручниот медицински кадар. По години работа со застарена опрема, Клиничката болница Битола добива апарати соодветни на современата медицина. Ова не е само замена на опрема – ова е конкретна инвестиција во посигурна дијагностика, поквалитетно лекување и подобра здравствена заштита за граѓаните на Битола и целиот регион, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеД-р Даниловски: Тешката форма на „западен нил“ е ретка, се очекува зголемување на бројот на изолирани случаиПотврдени се вкупно 13 случаи на западнонилска треска во земјава, од кои 10 пациенти се хоспитализирани, а тројца се наоѓаат во критична здравствена состојба, информираат денеска од министерството за здравство. „Заклучно со 30 јули се потврдени вкупно 13 случаи со западнонилска треска. на универзитетската клиника за инфективни болести се хоспитализирани 10 пациенти со потврдена инфекција, од кои тројца се во критична здравствена состојба“. За западно нилската треска во вестите Саља Трајковска Ставров разговараше со епидемиологот Драган Даниловски. Во видеото погледнете го целиот разговор со доктор Даниловски кој зборува и околу можните ризици за пренесување на болеста Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08