3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЗдравјеДиносаурусите можеби имаат одговор за ракот, според британски научници Фосилите од диносаурус би можеле да понудат клучни сознанија за новите откритија за рак и идното лекување кај луѓето. Научните сознанија се објавени во списанието „Бајолоџи“ (Biology), а истражувачите од британскиот Универзитет Англија Раскин (АРУ) и Империјалниот колеџ во Лондон речиси 10 години се занимавале со ова истражување. Научниците, имено, во фосил од диносаурус заболен со тумор, пронашле сочувани структури на црвени крвни зрнца. Наодите значат поголема можност - овие праисториски суштества да се искористат за проучувањето тумори. Идејата за проучувањето, според д-р Бјанкастела Сересер - специјалистка за рак, потекнала од професорот Џастин Стебинг - онколог во АРУ, по веста во 2016 година, за откриени траги од тумор кај диносаурус што живеел пред 66 - 70 милиони години, а угинал во подрачјето на Романија. - Сакавме да видиме дали овој тумор кај диносаурусот може да ни даде какви било информации за каква било паралела со човечките видови рак... Бидејќи туморот најден кај овој диносаурус беше амелобластом, бениген тумор во вилицата, што го имаат и луѓето, појасни д-р Сересер. Од 2017., тим составен од тие двајца научници и проф. Прамод Чандрасингe од Универзитетот на Келанија во Шри Ланка, работат на своето истражување. - Контактиравме со градот во Романија, и оттаму со задоволство ни го позајмија фосилот... Потоа, го снимивме со многу софистициран микроскоп. Она што го видовме внатре - имаше некои структури, форми, коишто личеа на крвни клетки, рече Сересер. Оваа техника за скенирање со електронска микроскопија (СЕМ) им овозможи на истражувачите да идентификуваат структури со мала густина што личат на еритроцити т.е. црвени крвни зрнца, во фосилизираната коска. - До неодамна, пронаоѓањето прастари фосилни наоди беа навистина интересни - особено тврдите пронајдоци, како школки или скелети за да се проценат ткивата, вели Стебинг. - Но, ако се обидуваме да ги погледнеме градивните блокови на живото ткиво и градивните блокови на ракот - за подобро да го разбереме самиот рак, она што го откривме е дека, всушност, како и со набљудувањето на скелетот, можеме да го видиме и мекото ткиво. Тоа ни помага да ја разбереме улогата на животната средина за ракот. На тој начин, може да се проучува самото „месо на ракот“, според научникот. - Ова значи дека може да гледаме на ракот што се јавува - не само кај луѓе или животински единки, туку да го видиме и пред десетици милиони години, додаде д-р Стебинг. Според кажувањата, исто така, филмот „Јура парк“ не може да биде реалност, бидејќи ДНК-та на диносаурусите не може да се клонира - бидејќи е разложена од временските услови и поминатото време оттогаш. - Но, она што го откривме е дека, всушност, протеините во меките ткива можат да преживеат со текот на времето. Сè што се обидуваме да разбереме се молекуларните градивни делови на ракот од многу древна, прастара перспектива. Ако можеме подобро да го разбереме ракот, може да дојдеме до подобри третмани на лекување. Правам многу истражувања за ракот, така што, знаете, сѐ тоа доаѓа заедно, објасни докторот. Тоа, се вели, е само дел од сложувалката на научни сознанија којашто допрва ќе се гради.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАвтобуска несреќа во Хрватска: Најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а неколку други се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 7:25 часот на автопатот А3 во правец на Загреб, веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град. Автобусот со српски регистарски таблички се преврте, потврди полицијата, објави 24 сата со ВИДЕО од несреќата. Повредените лица ќе бидат префрлени во болниците во Загреб. Итните служби пристигнаа на местото на несреќата, а ангажиран е и хеликоптер на Итната медицинска помош. На терен се и пожарникари. Сообраќајот се одвива бавно, по левата лента. Во тек е полициска истрага за утврдување на околностите на несреќата. „Утрово, на 8 ноември, околу 7:25 часот на автопатот А3, км 61 во правец на Загреб (веднаш по раскрсницата Иваниќ-Град), се преврте автобус со српски национални ознаки, при што загинаа две лица. Неколку лица се повредени и ќе им биде укажана медицинска помош во болниците во областа на Загреб. Сообраќајот е забавен, се одвива по левата лента. Во тек е истрага“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МетеоУтрово најстудено во Скопје со минус 3 степени, во текот на денот променливо облачно време Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и температура до 15 степени, информираат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -3 Скопје-Петровец, -2 Крива Паланка, Тетово, Велес, Демир Капија, Берово, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Кавадарци, Лазарополе, 0 Прилеп, Струмица, Штип, Крушево, 2 Виница, 3 Охрид, Гевгелија, 4 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28