Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ
1Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ
„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
1„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
3Што јадат познатите фудбалери? Меси и Роналдо се хранат слично, а Халанд јаде „срце“ за да биде ѕвер
КошаркаДино Раџа се спасил од тешка сообраќајна несреќа Легендарниот кошаркар Дино Раџа денеска имал огромна среќа што е жив.Дино Раџа со сопругата Викторија патувал од Сплит кон Шибеник со брзина од околу 145 км/час. на толкава брзина , му експлодирала гумата на автомобилот. За среќа , останал жив и тој и сопругата , а за инцидентот напишал на својот профил на Инстаграм. View this post on Instagram Mozes imat neznan kakvo auto ali kad ti se vida odluci napit krvi mozes se slikat. Na 145km/h na autoputu se raspala ka dinja s petog kata. Srica dobrog auta pa se nije pomaka. A post shared by Dino Rađa (@dinoradja_official) on Jul 6, 2019 at 1:34am PDT ,,Можеш да имаш не знам колку силен автомобил , но кога ѓаволот ќе се вмеша , можеш да се сликаш. На 145км/час на автопат се распадна како диња од петти кат . Среќа автомобилот е добар , па не се помести.” , напиша кошаркарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕЛиберално-демократската партија (ЛДП) со гордост ја информира јавноста за историскиот меѓународен успех. Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, е избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание (ПС) на ОБСЕ. На 33-тата годишна сесија на ПС на ОБСЕ во Хаг, Холандија, кандидатурата на Зајкова доби силна поддршка од парламентарните делегации на 57 земји од Европа, Северна Америка и Централна Азија. Овој успех има специфична тежина бидејќи е извојуван преку директна конкуренција и тајно гласање меѓу повеќе кандидати, без автоматизам или однапред утврдени квоти, оставајќи ги зад себе претставниците на Полска, Франција и Словенија. Победата во ваква силна конкуренција е крунски доказ за меѓународниот углед и високиот рејтинг што Зајкова го ужива меѓу светските парламентарци. Овој триумф покажа дека кога македонската парламентарна делегација настапува со единство и сплотеност надвор од границите, Македонија може да понуди квалитет и да застане рамо до рамо со најмоќните европски и светски демократии. „Потпретседателството на ПС на ОБСЕ е огромно меѓународно признание, но не само за мене лично или за ЛДП, туку за сите мои сограѓани во Македонија. Ова е успех за секој наш човек, не само од мојата изборна единица и не само за оние кои ме гласале на изборите дома. Со оваа голема победа во Хаг докажуваме дека можеме рамноправно да се носиме на отворени избори со претставниците на највисоките и најмоќните демократии во светот. Мораме конечно да почнеме цврсто да веруваме во себе, во нашиот капацитет и во она што ние од Македонија ѝ го нудиме на Европа и на светот – денес, но и во иднината! Благодарна сум за покажаното единство на македонската делегација и за големата доверба од колегите од 57-те земји членки на ОБСЕ, со кои заедно ќе продолжиме интензивно да работиме на воспоставување механизми за поголем степен на демократско учество и брзо решавање на евентуалните конфликти“, вели Зајкова во својата изјава по изборот. Потпретседателите на ПС на ОБСЕ се избираат со мандат од три години и го сочинуваат највисокото раководство на организацијата која обединува над 300 пратеници, со што земјава добива директен глас во креирањето на глобалните безбедносни политики. ЛДП преку овој историски изборен пробив ја потврдува својата лидерска улога во спроведувањето на ефикасна парламентарна дипломатија која носи реален престиж, достоинство и видливи резултати за македонската држава на светската политичка сцена. Либерално-демократска партијаТагови: Моника Зајкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
МакедонијаГаши – Кос: Потврден напредокот на клучните реформиГаши оствари средба со комесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос.Претседателот на Собранието на Република Македонија г. Африм Гаши оствари средба со комесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос, која е во еднодневна посета на земјата. На средбата присуствуваа и пратеничките Ели Панова, Бисера Костадиновска Стојчевска и Рина Ајдари, како и генералниот секретар на Собранието Марина Димовска. На средбата се разговараше за напредокот на земјата на патот кон членство во Европската Унија, со посебен акцент на спроведувањето на Реформската агенда. Претседателот Гаши изрази благодарност за Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан, оценувајќи го како значаен инструмент за поддршка на реформите, кој ќе придонесе за забрзан економски и социјален развој на целиот регион. Во текот на средбата беше потврден напредокот на Република Македонија во спроведувањето на клучните реформи, врз основа на кој на земјата ѝ беа одобрени 142,1 милиони евра во рамките на Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан. Исто така, беше нагласена важноста од конструктивен политички дијалог и обезбедување широка меѓупартиска поддршка за спроведувањето на реформите поврзани со процесот на европска интеграција. Соговорниците ја оценија посетата на еврокомесарката за проширување како силна потврда на континуираната поддршка на Европската Унија за европската перспектива на Република Македонија, како и дополнително охрабрување за продолжување на реформскиот процес и спроведувањето на клучните реформи. Тагови: Африм Гаши Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Тошковски служи како заштитник на криминалната организација на властПанче Тошковски е последниот човек кој имa кредибилитет да зборува за намалување на криминалот во државата- тој служи како заштитник на криминалната организација на власт. Две години со ВМРО на власт во државата владее селективна правда, криминал, неказнивост, партизирана полиција и институции ставени во служба на власта. Тошковски зборува за успешна борба против криминалот, а пет тони дрога му поминаа преку македонската граница. До ден денес нема одговорност ниту за тоа кој дозволил, ниту кој ќе одговара? Зборува за владеење на правото кога никој од власта не одговара. Бодигарди на Мицкоски, лица блиски до ВМРО и партиски функционери остануваат недопирливи за законот. Зборува за безбедност кога граѓаните сведочеа на убиства, вооружени пресметки, фрлени бомби, запалени автомобили, растечко семејно и врсничко насилство, а МВР не ги заштити жртвите. Тошковски зборува за борба против корупцијата а неговиот шеф Мицкоски со неговата криминална организација ВМРО, вртат милионски тендери. 161 тендер за семејната фирма на Томовски, 51 тендер преку општините за омилената фирма на власта Пирамид Билдинг, 74 тендери за Ленди груп фрима, 9 милиони евра за фирма со само двајца вработени, тендер од 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Полицијата е претворена во партиски инструмент додека јавно се признава дека има систем кој овозможува пристап до камерите и микрофоните на телефоните на граѓаните. Тоа е Pegasus – озлогласен шпионски софтвер за таен и тотален надзор. Тошковски велеше „Брат да ми е, ќе одговара“- по две години, никој за ниту еден криминал не одговара - затоа што криминалците се во власта. Тошковски може какви сака статистики да презентира. Реалноста е дека државата е затруена од криминал и корупција, а граѓаните не се чувствуваат безбедно ниту дома, ниту на улица. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42