Дино Мерлин стана дедо , доби внук

Босанскиот поп пејач Дино Мерлин стана дедо, дознава Дневни Аваз.

Тој го добил својот прв внук, Мерлин, пред неколку дена, кога се породила сопругата на неговиот син Хамза, Џанета Табаковиќ-Дервишалидивиќ.

Наводно, момчето го добило името на неговиот прадедо Незир, таткото на сопругата на Дино.

„Мајката и бебето веќе се дома и се чувствуваат добро. Честитки до семејството доаѓаат од сите страни“, изјавил извор од Аваз.

Хамза Дервишаиловиќ, син на Дино Мерлин, се оженил со Џенета минатата година. Тие биле во врска седум години, односно од нивните средношколски денови.

притисни ентер