Трамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“
По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
1Трамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“
2По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијание
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
КултураДина Јашари ќе нѐ претставува на фестивалот „Eurosonic Noorderslag“ во ХоландијаДина Јашари ќе не претставува на престижниот фестивал „Eurosonic Noorderslag 2026 во Холандија, соопштија денеска од нејзиниот тим.- Најистакнатата млада кантавторка на современата македонска музичка сцена, Дина Јашари, годинава е официјално избрана да ја претставува Македонија на најголемиот европски шоукејс фестивал „Eurosonic Noorderslag“ (ESNS), на 40-тото фестивалско издание, што ќе се одржи од 15 до 18 јануари 2026 година во Гронинген, Холандија. Настапот на Дина на овој престижен настан претставува значајна можност за нејзината кариера, но и важен момент за нашата, но и регионалната, музичка сцена. Таа ќе има уникатна прилика да ја претстави својата музика пред меѓународна публика и пред врвните музички професионалци од светската индустрија, се наведува во соопштението. Се додава дека „Eurosonic Noorderslag“ е препознатлив како фестивал што открива нови музички ѕвезди и претставува платформа низ што поминале некои од најголемите имиња на современата музика, меѓу кои Dua Lipa, Fontaines D.C., James Blake, Rosalia и Wet Leg. - Секоја година, фестивалот привлекува повеќе од 40.000 посетители, фанови и професионалци од музичкиот свет. Дина Јашари, позната по своите хитови, меѓународни турнеи и актуелниот албум „Растенија без корен“, се наметнува како едно од највлијателните имиња во новиот музички бран, албум што критиката го препозна како искрен и автентичен приказ на современата реалност и свеж здив за регионалната сцена. Нејзиниот настап на ESNS ќе биде петто учество на македонски артист на овој фестивал, по Кирил Џајковски, Бернајс Пропаганда, Фанк Шуи и Луфтханза. Оваа година, Дина Јашари е името што ќе ја претставува Македонија на големата европска сцена во Гронинген, се истакнува во соопштението. Тагови: Дина Јашари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
СветТрамп симулираше положување заклетва со приврзаниците: „Ако не излезете на гласање, ќе одите во пеколот“Со апел до Републиканците да излезат масовно на изборите за Конгресот на трети ноември и соочен со можноста да го загуби мнозинството во двата дома, американскиот претседател Трамп ја заокружи дводневната конвенција во Далас.Тој приреди необична сцена во салата, симулирајќи положување заклетва со присутните.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаПо пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК координираше акција поради сомнение за примање поткуп и награда за противзаконито влијаниеВрз основа на досега прибраните докази, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. Постапувајќи по пријава од граѓанин, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден во соработка со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР реализираше акција во рамки на која од слобода е лишено службено лице – помошник – директор на Секторот за административно – технички работи во Царинската управа. Врз основа на досега прибраните докази, постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривични дела Примање поткуп и Примање награда за противзаконито влијание. Во периодот од април/мај до септември 2026 година, осомничениот, користејќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил парични средства во вкупен износ од 17.500 евра. Дел од средствата, во износ од 7.500 евра, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, во врска со друга постапка за јавна набавка што била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, при што се повикал на свое претпоставено влијание врз натамошниот тек на постапката. Според прибраните докази, за возврат тој требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка и да делува во однос на условите и техничката спецификација. Пријавата на граѓанинот овозможи ОЈО ГОКК навремено да преземе законски дејствија за проверка на наводите, обезбедување докази и реализација на случајот. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. За неполна седмица, ова е втор случај во кој ОЈО ГОКК постапувајќи по пријава од граѓанин, презеде дејствија што резултираа со успешна реализација. Ваквите случаи ја потврдуваат важноста на соработката меѓу граѓаните и надлежните институции во навременото откривање и гонење на коруптивните кривични дела. Обвинителството ги охрабрува граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можни коруптивни дејствија да ги пријават до надлежните органи. Секоја основана информација се проверува со должно внимание, а идентитетот и личните податоци на лицата кои пријавуваат се заштитуваат согласно законските можности и потребите на постапката.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МакедонијаАНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната службаПо повод Денот на АНБ, за првпат се реализира документарен филм „Чувари на тишината“ По повод Денот на Агенцијата за национална безбедност, за првпат се реализира документарен филм „Чувари на тишината“ кој ја раскажува приказната за развојот на безбедносната служба од формирањето на ОЗНА во 1944 година, преку УДБА, СДБ и безбедносните структури во независна Македонија, до формирањето на Агенцијата за национална безбедност во 2019 година. Филмот, преку архивски материјали, сведоштва и визуелни реконструкции, ја отвора и темата за работата на современата безбедносна служба и предизвиците со кои се соочува државата денес. Посебен фокус е ставен на три значајни области од работата на Агенцијата и тоа контратероризмот, контраразузнавањето и борбата против организираниот криминал и високите форми на корупција. „Чувари на тишината“ носи и лични сведоштва од поранешни и актуелни оперативци, кои зборуваат за природата на работата, одговорноста и предизвиците што најчесто остануваат далеку од очите на јавноста. Како што се истакнува во филмот, најголемите резултати на оваа работа честопати се оние што не се гледаат, туку се оние што ја прават разликата. На крај се прикажани изјави од носители на високи државни функции и раководители на институции со кои АНБ соработува, кои зборуваат за важноста на партнерството и заедничките напори во справувањето со предизвиците и ја честитаат годишнината на Агенцијата. Филмот е обид преку досега ретко виден пристап да се доближи работата на безбедносната служба до јавноста и да се прикаже нејзината улога во заштитата на државата и нејзините граѓани. „Чувари на тишината“ е приказна за историјата, работата и луѓето кои стојат зад безбедноста на државата. Документарниот филм можете да го погледнете во продолжение. Тагови: АНБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter