Димовски: Првиот училишен ден започна успешно со он-лајн настава

За тоа како се одвиваше првиот училишен ден во едно од најголемите средни училишта во Скопје, Сања Трајковска Ставров разговараше со директорот на гимназијата Орце Николов, Митко Димовски.

Директорот Димовски вели дека иако учениците сакаат настава со физичко присуство, учењето од дома во моментов е најдоброто решение.

Масовни протести во Полска против забраната за абортус(ВИДЕО)

Илјадници Полјаци денеска со автомобили, велосипеди и пеш ги блокираа улиците,петти ден од протестите против одлуката на Уставниот суд со кој се воведува речиси целосна забрана за правото на абортус во таа претежно католичка земја.

Носејќи транспаренти „Доста е“, „Нема да бидам твој маченик“ и „Сакам право на избор, а не терор“, демонстрантите се собраа во десетици градови и покрај ограничувачките мерки против коронавирусот.

„Жените се силни“, рече Малгоржата Рутковска, стоејќи на една од главните улици во Варшава, велејќи дека протестите ќе продолжат се додека не се отстрани забраната.

Одлуката на Уставниот суд минатиот четврток предизвика невидена критика против моќната полска католичка црква, за која се смета дека има блиски врски со конзервативната националистичка влада предводена од Партијата на законот и правдата.

Засилени се и критиките кон владејачката партија , која што дојде на власт пред пет години на крилјата на ветувањето за воведување на повеќе традиционални вредности.

Штом пресудата стапи на сила, абортусот ќе биде забранет во случај и на фетални дефекти. Тоа ќе биде дозволено само во случај на силување, инцест или ако се загрозени здравјето и животот на мајката.

Критичарите велат дека судот донел пресуда во име на партијата, која во минатото се воздржувала од заострување на законите за абортус поради незадоволство од јавноста. PiS го негира тоа. Судот е дел од планот на владата за реформа на судскиот систем, што Европската комисија го критикуваше, обвинувајќи ја владата за саботирање на владеењето на правото со политизирање на судовите. Владата повика на прекин на протестите поради растечкиот број на случаи со коронавирус кои се закануваат со колапс на здравствениот систем.

Покрај изолираните судири со полицијата, протестите останаа главно мирни, а во некои случаи локалните медиуми објавија дека полицијата ги поддржува демонстрантите.

"Она што се случуваше последните денови е апсолутно неприфатливо. Пандемиските мерки се кршат", рече Михал Дворчик, шеф на кабинетот на премиерот Матеуш Моравиецки.

Полска денеска објави 10.241 случаи на инфекција, помалку од рекордните 13.632 во петокот.

Парламентот утре ќе расправа за влијанието на пресудата за владината програма за помош на семејствата со деца со попреченост.

Протестите треба да продолжат во близина на куќата на лидерот Партијата на законот и правдата, Јарослав Качински, во елитната населба во Варшава.


Шекил: Од првата плата потрошив милион долари за само еден час

Постојат многу спортисти кои не успеаја да се снајдат откако одеднаш почнаа да заработуваат огромни пари и банкротираа по кариерата. Тоа скоро му се случи и на Шекил О’Нил.

Легендарниот центар дојде во НБА лигата во 1992 година кога потпиша за Орландо, а потоа, според неговото сопствено признание, знаел многу малку за финансиите.

"По потпишувањето, купив неколку луксузни автомобили, накит, купив сè. Потрошив толку многу што банката ми се јави и ми рече дека тоа ќе ме уништи ако продолжам да трошам толку многу", рече О'Нил во шоуто " Shark Tank " и продолжи:

"Потрошив милион долари од првата плата за само еден час. Еден човек од банката ме предупреди да не трошам толку многу затоа што не сметав на даноци и на такви работи", изјави легендарниот кошаркар, кој денес тежи околу 400 милиони долари.

Во Белгија мора да работат и заразените доктори со корона

Од докторите заразени со коронавирусот во белгискиот град Лиеж е побарано да продолжат да работат за да се избегне колапс на системот, пренесува Би-Би-Си.

Околу една четвртина од медицинскиот персонал во Лиеж бил заразен со коронавирус, а денес 10 болници во тој град побарале од заразениот персонал да продолжи да работи доколку нема симптоми.

Шефот на белгиската асоцијација на медицински синдикати, др. Филип Девос, за Би-Би-Си, изјавил дека тие „немаат друг избор“ ако сакаат да спречат колапс на здравствениот систем за неколку дена.

Девос тврди дека постои „очигледен ризик“ лекарите и другиот инфициран медицински персонал да ги заразат пациентите.

Во тој град на истокот од Белгија, околу една третина од тестовите се покажале позитивни, што доволно зборува за сериозноста на ситуацијата.

Болниците ги префрлаат пациентите во други здравствени установи и ги откажуваат неитните операции. Сето ова се случува неколку дена откако белгискиот министер за здравство Франк Ванденброуке објави дека земјата се приближува кон „цунами од инфекции“, додавајќи дека властите „повеќе не ја контролираат ситуацијата“.

Одлуката во Лиеж доаѓа во време кога цела Европа се бори со голем пораст на бројот на заболени од коронавирус.

Италија, најтешко погодена во пролетта, ги затвори спортските сали, театрите и базените за да го забави ширењето на вирусот. Вчера, пријавени се 21.200 нови случаи на инфекција во земјата.

Италијанската влада предупреди дека големото зголемување на бројот на заразени прави голем притисок врз здравствените служби, но премиерот Џузепе Конте не сака да нареди нов карантин, што според него би било погубно за економијата.

Во Белгија се затворени и спортските сали и базените, а продавниците мора да се затворат во 20 часот. Маските се задолжителни на сите јавни места.

Во Франција, официјалните лица предупредуваат дека дневниот број на новозаболени лица во таа земја може да биде околу 100.000, што е двојно повеќе од официјално потврдената бројка.

притисни ентер