Димовски: Четири компании имаат донесено одлука за инвестирање во земјава - Канал 5

Димовски: Четири компании имаат донесено одлука за инвестирање во земјава

4 нови странски комапниии имаат донесено одлука за инвестирање во земјава – три од нив во ТИРЗ Скопје додека една во Тетово вели првиот човек на Технолошко индустриските развојни зони Гоце Димовски.

Димовски: Четири компании имаат донесено одлука за инвестирање во земјава

Во разговорот за Канал 5 посочува дека со новите инвестиции ќе се отворат ноколу 1 500 работни места, а само во прва фаза компаниите планираат да инвестираат над 150 милиони евра.

Дел од разговорот на Сандра Спасовска со директорот на ТИРЗ Димовски погледнете го во видеото. Целиот разговор во централните вести од 18 часот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски од Гостивар: На одговорните им е изречена највисока казна според законот

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во Гостивар претседава со кризниот штаб по трагедијата во која со вода за пиење се затруени илјадници граѓани.

Тошковски од Гостивар: На одговорните им е изречена највисока казна според законот

Тошковски рече дека во иовој момент интензивно се работи на санирање на штетата, како и на лоцирање на одговорноста на сите инволвирани што ја предизвикале оваа катастрогфална состојба со водата за пиење. Воедно се прават сите напори за оспособување на водоводот за да може што поскоро да се исчисти од фекалното загадување и да се стави во функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Преживеа напад од бизон. „Ме одбра мене за цел; мило ми е што нема да го убијат“

Маж во САД закрепнува од повеќекратни скршеници откако минатата недела беше нападнат и фрлен во воздух од бизон во Националниот парк Јелоустоун.

Видео: Преживеа напад од бизон. „Ме одбра мене за цел; мило ми е што нема да го убијат“

Инцидентот се случил додека тој шетал со својот внук, а експертите го поврзуваат нападот со периодот кога е во полн ек сезоната на парење на бизоните. Сè се случи за неколку секунди.

На снимката од инцидентот се гледа како Карл Ајсом-Мекданиел застанува за да го фотографира бизонот, а потоа продолжува да оди, по што животното тргнува кон него.

„Го видовме бизонот; лежеше и не покажуваше никаква агресија“, изјави Ајсом-Мекданиел за CBS од болничкиот кревет во клиниката „Бозман Хелт“ (Bozeman Health).

Сепак, ситуацијата брзо се промени. Бизонот се насочи кон Ајсом-Мекданиел, го бркаше околу едно дрво и на крајот го фрли два и пол метра во воздух.

„Се движат со брзина што е тешко да се замисли“, рече Исом-Мекданиел. „Тој си одбра цел, а таа цел бев јас.“ Исом-Мекданиел се обиде да побегне, но бизонот упорно го гонеше. „Стануваше сè поагресивен. Штом го заобиколи дрвото и стигна до местото каде што бев јас, ме фрли во воздух“, раскажа тој. Тој беше пренесен во болница со неколку скршеници на колкот и вели дека имал среќа што работите не завршиле полошо. „Додека лежев на земјата, можеше да ме прегази или да ме прободе со роговите“, додаде тој.

Алисон Велборн, помошник-кустос во „ЗооМонтана“ (ZooMontana), смета дека Исом-Мекданиел не направил ништо погрешно. „Не мислам дека направил нешто погрешно; околностите едноставно беа несреќни“, изјави таа во неделата. Таа објасни дека таквото однесување кај бизоните е карактеристично за шпицот на сезоната на парење, која трае од средината на јули до крајот на август. „Тоа е вообичаено однесување чија цел е да се импресионираат женките, а овојпат, за жал, доведе до напад врз турист“, рече Велборн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање во вториот квартал, во услови на значителна геополитичка нестабилност и сигнализираа континуирана зголемена аверзија кон ризик во летните месеци.

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање во вториот квартал, во услови на значителна геополитичка нестабилност и сигнализираа континуирана зголемена аверзија кон ризик во летните месеци, според кварталниот извештај објавен денес од Европската централна банка (ЕЦБ).

Побарувачката на корпорациите за кредити малку се зајакна помеѓу април и јуни, но сепак кредиторите отфрлија поголем дел од апликациите во сите категории на кредити, покажа анкетата на ЕЦБ на 159 големи банки од еврозоната.

Стандардите за кредитирање беа заострени за компаниите во повеќето сектори, како што се автомобилската индустрија и големите индустриски потрошувачи на енергија, објавија банките.

Резултатите од анкетата во голема мера се совпаѓаат со долгогодишниот став на ЕЦБ дека војната во Иран ќе дејствува како товар за економскиот раст; како голем увозник на енергија, еврозоната се соочува со намалена потрошувачка и еродирани приходи од производството поради порастот на цените на нафтата.

Според извештајот на ЕЦБ, главните фактори зад заострените услови за кредитирање повторно беа „перципираните ризици поврзани со економските изгледи и намалената толеранција на банките кон ризик“, при што се истакнува дека банките продолжуваат внимателно да ги следат ризиците поврзани со геополитичките случувања и состојбата на пазарот на енергенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер