Димковски: Забраната за увоз на порибителен материјал не се однесува само на Косово

Од Косово може да влегува свежа риба во земјава што веднаш се дистрибуира во маркети и во рибарници, но забрана има за порибителниот материјал, односно за икра и млади риби.

Забраната за увоз на порибителен материјал во земјава не се однесува само на Косово, туку и на сите држави кои немаат спроведено мониторинг и немаат гаранција дека материјалот што ќе се внесе кај нас е здравствено исправен, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

-Од Косово може да влегува свежа риба во земјава што веднаш се дистрибуира во маркети и во рибарници, но забрана има за порибителниот материјал, односно за икра и млади риби. Причината за вовоедувањето на забраната од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е тоа што Македонија веќе се подготвува и многу брзо ќе добие дозвола за извоз на свежа риба на европскиот пазар, рече Димковски во одговор на прашање по денешното потпишување на договори за набавка на приплоден добиток во Платежната агенција.

Тој посочи дека веќе има комуникација меѓу претставниците на АХВ и косовските власти и посочи дека нема да има проблем за увоз на порибитилелен материјал од соседната земја доколку направат мониторинг на се она што го произведуваат.

За заканите за реципроцитет од косовска страна и забрана за увоз на производи од земјава, Димковски рече дека верува оти не е нешто што не може да се надмине.

-Сме имале и поголеми проблеми во минатото кога на една листа имаше 25 производи. Верувам дека со дијалог се ќе се надмине, но треба да се има на ум и ставот на АХВ дека мора да внимаваме при увоз на живи животни, во овој случај икри и мали риби, да бидат докажани и здравствено исправни за да немаме проблеми ка нас, потенцира Димковски.

Ескобар: Не сум сменет, ми истече мандатот, си заминувам кон крајот на месецов

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека му истекол мандатот, поради што на крајот на месецот ќе ја напушти функцијата.

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американскиот пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар денеска изјави дека му истекол мандатот, поради што на крајот на месецот ќе ја напушти функцијата и посочи дека е лажна вест дека е сменет.

Новинарите на Телеграф присуствуваа на брифингот на кој говореше американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

„Во текот на викендот наводен новинар пишуваше за моето разрешување и поврзаноста со српската влада и сакам да кажам дека сѐ во тие написи е лага. Сопругата не добиваше пари од ниту една странска влада. Во секоја амбасада каде што работев во Боливија, Португалија, Италија и Србија, таа контактираше со луѓе без никакво плаќање“, рече Ескобар на онлајн прес-конференцијата.

Како што рече, лажно е и тврдењето дека изворот за ова е од Конгресот, кој наведува дека Конгресот не одлучува за неговото именување.

„Оваа вест се појави набргу откако комуницирав со владата во Приштина. Ова е вид на дезинформација што едноставно не е точна. Благодарен сум за поддршката што ми ја дадоа Стејт департментот, лидерите и новинарите со кои работев. “ изјави Ескобар.

САД ја прекина пратката од 3.500 бомби за Израел пред офанзивата во Рафа

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја суспендираше испораката на околу 3.500 бомби за Израел минатата недела поради загриженост за потенцијална копнена офанзива на Рафа.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја суспендираше испораката на околу 3.500 бомби за Израел минатата недела поради загриженост за потенцијална копнена офанзива на Рафа, јавува денеска Асошиејтед прес, цитирајќи неименуван претставник од администрацијата.

Овој функционер појасни дека не е донесена конечна одлука за испораката на бомбите и дека во суспендираната пратка имало 1.800 бомби со тежина од по 900 килограми и 1.700 бомби со тежина од 226 килограми.

„Бидејќи се чинеше дека израелските лидери се блиску до одлука минатиот месец за таква операција, почнавме внимателно да ги разгледуваме предложените трансфери на одредено оружје во Израел што би можело да се користи во Рафа“, рече официјалниот претставник.

Израелскиот воен кабинет во понеделникот одлучи да ја спроведе планираната операција во Рафа за „да изврши воен притисок врз Хамас“, и покрај претходното соопштение на Хамас дека палестинската милитантна група се согласила со египетско-катарски предлог за прекин на огнот.

Израелскиот кабинет објави дека целта на „операцијата“ во Рафа е да се постигне напредок во ослободувањето на заложниците, како и други воени цели.

ДИК: На претседателските избори излезноста до 15 часот е 33,73%, а на парламентарните 37,44%

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од  2271 избирачки места. 

ДИК: На претседателските избори излезноста до 15 часот е 33,73%

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Претседателските избори од 2271 избирачки места. Од вкупно запишани 1.172.912 гласачи на овие избирачки места, гласале 395.576 односно 33.73 %.

Најголема излезеност во моментов, за Претседателските избори има во Новаци, со 52.32 %. Најмалата излезеност за претседателските избори е во Липково, со 3.60 %.

Споредбено со вториот куг од Претседателските избори во 2019 година имаме зголемување на излезеноста од 3.39% на овие избори. Додека споредбено со првиот круг од Претседателските избори 2024 имаме намалување од 0.84%.

До 15 часот пристигнати се податоци за излезеност на гласачите за Парламентарните избори од 2136 избирачки места. Од вкупно запишани 1.113.441 гласачи на овие избирачки места, гласале 416.915 односно 37.44%.

Најголема излезеност во моментов, за парламентарните избори има во Крива Паланка, со 58.18 %. Најмалата излезеност за парламентарните избори е во Центар Жупа, со 13.74 %.

Споредбено со Парламентарните избори во 2020 година имаме зголемување на излезеноста од 5.66 % на овие избори.

Излезеноста по изборни единици за парламентарните избори е следна:

Изборна единица 1 42.31 %

Изборна единица 2 36.69 %

Изборна единица 3 41.02 %

Изборна единица 4 36.88 %

Изборна единица 5 35.95 %

Изборна Единица 6 29.14 %

До овој момент до ДИК се доставени вкупно 405 приговори за заштита на личното избирачко право. Од нив 176 приговори се усвоени и на избирачите им е овозможено да го остварат своето право на глас, 18 приговори се отфрлени како неуредни, а 58 приговори се одбиени. Останатите приговори се во обработка.

Овој изборен ден го набљудуваат 1303 домашни набљудувачи, 860 меѓународни набљудувачи и 83 странски новинари.

Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани можат да постават прашање или да пријават неправилности до Државната изборна комисија.

Исто така активна е и видео кол линијата на број 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор ќе можат во текот на изборниот ден преку видео повик да постават прашање до Државната изборна комисија и да добијат одговор на знаковен јазик.

Државна Изборна Комисија

притисни ентер