Димковски: Не гледам причина земјоделците да излезат на протест пред Владата - Канал 5

Димковски: Не гледам причина земјоделците да излезат на протест пред Владата

 Не гледам причина и повод земјоделците утре да излезат на протести пред Владата.

Димковски: Не гледам причина земјоделците да излезат на протест пред Владата

Бидејќи цело време заедно со нив ги планиравме интервентните мерки што ги воведовме и секогаш беа информирани кога точно може да ја очекуваат исплатата и од каде ќе стигнат исплатите, но тоа е нивно право, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски и ја обвнини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека стои зад највениот протест.

-Вчерашната исплата што ја направивме кон оризопроизводителите и денешната кон сточарите за предадено млеко не се во насока да ги смириме, бидејќи беше неопходен период за да стане оперативен ребалансот за измените што ги направивме во програмата за финансиска поддршка, како и за административната подготовка од страна на Платежната агенција, рече министерот Димковски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека ова остава „мирис и на политичка запршка во која се става некој зачин„ само за да се долее нешто за предвремените парламентарни избори кои се закажани за 12 април следната година.

-ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со јавна поддршка на протестот, но од аудио снимките можевме да слушнеме дека се и негови организатори. Ние ќе продолжиме со исплатата и коректната комуникација со сите кои побараа средба и со кои имавме состаноци во МЗШВ. Во континуитет разговараме и во зависност од тоа каква гранка и каков сектор преставуваат земјоделците со кои разговараме ги слушаме нивните барања, ги прилагодуваме и некогаш заеднички договараме како ќе изгледа мерката, рече Димковски.

Целта на МЗШВ, потенцира, е да го задржи земјоделството на рамништето што веќе го има во ваквите економски услови, а очекуваме, додаде, и брз развој со користење на националните и европските фондови, но и со кредитни линии кои ќе влегуваат како капитални исвестиции. Најави дека од следната година на располагање ќе бидат 80 милиони евра од КфВ банката за четири капитални инвестиции за наводување со кои се очекува за дополнителни 30 илјади хектари да се зголеми фондот на земјиштето под наводнување.

Повеќе земјоделски здруженија за утре најавија протсет во Скопје. Протестот, според најавите, ќе почна напладне пред поранешен Скопски саем од каде пешки ќе се упатат до Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)

Перуанските царински службеници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери.

Во куферите криеле стотици отровни тарантули и скорпии- цариниците во Перу шокирани (ФОТО)

Перуанските цариници запленија 677 живи диви животни, вклучувајќи тарантули, стоногалки, скорпии и гуштери, на аеродромот во Лима, кои двајца кинески државјани се обиделе да ги прошверцуваат во своите куфери, соопшти Перуанската Национална служба за шумарство и див свет (Serfor).

Вредноста на запленетата пратка се проценува на околу 100.000 долари, а животните, според властите, биле наменети за нелегална продажба во Кина, пренесува AFP.

Во два куфери, кои требало да бидат сместени во товарниот простор на авионот, пронајдени се 386 тарантули од различни видови, 166 стоногалки, 112 скорпии и седум гуштери, како и шест мртви мравки.

Според соопштението на Serfor, некои од пронајдените видови претходно биле непознати за науката.

Животните биле сместени во херметички затворени кеси, кои потоа биле сместени во пластични кутии и завиткани во влажни хартиени крпи за да го преживеат долгото патување од Лима до Кина.

Кора Суарез, претставничка на агенцијата, изјави дека ова ново откритие е резултат на заедничка работа на надлежните агенции и претставува удар врз мрежите вклучени во нелегалната трговија со диви животни.

Таа предупреди на растечката нелегална побарувачка за безрбетници, кои се продаваат како домашни миленици во европските и азиските земји.

Двајца кинески државјани се во притвор од перуанската полиција, а против нив се води кривична постапка пред обвинителството специјализирано за еколошки злосторства.

На почетокот на ноември, перуанските власти запреа и двајца германски државјани и еден Полјак на истиот аеродром кои се обидоа да ја напуштат земјата со повеќе од 10.000 тарантули скриени во нивниот багаж.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на починати од ебола во Конго надмина 6.000- најголема епидемија во историјата на земјата

Епидемијата на ебола во ДР Конго одзеде повеќе од 6.000 животи, покажуваат најновите владини бројки, додека смртоносната болест продолжува да расте и покрај напорите за ограничување на нејзиното ширење, објави денеска Ројтерс.

Бројот на починати од ебола во Конго надмина 6.000- најголема епидемија во историјата на земјата

17-тата епидемија на ебола во ДР Конго, најлошата во историјата на земјата, беше прогласена на 15 мај и е предизвикана од сојот на ебола Бунгибугјо, за кој не постои одобрена вакцина или третман.

Податоците објавени од конгоанската влада во саботата покажаа дека бројот на смртни случаи од болеста се искачил на 6.025, а потврдените случаи достигнаа 12.254 во осум провинции.

Тековната епидемија во Конго беше надмината само од епидемијата на ебола во Западна Африка од 2014-2016 година, која инфицираше повеќе од 28.600 луѓе и уби повеќе од 11.000 низ Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Официјалните бројки покажуваат дека еболата сега се шири и убива двојно побрзо. Здравствените експерти ги наведуваат хроничниот недостаток на средства, недовербата во здравствените институции и растечката несигурност како главни пречки за ограничување на епидемијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Млада Русинка е пронајдена мртва во хотел на Тајланд- Индиец е осомничен за убиството (ФОТО)

Телото на 27-годишна руска државјанка е пронајдено во хотелска соба во тајландското одморалиште Патаја. 

Млада Русинка е пронајдена мртва во хотел на Тајланд- Индиец е осомничен за убиството (ФОТО)

Полицијата се посомневала во индиски државјанин за нејзината смрт, кој, според медиумските извештаи, бил нејзин партнер, пишува руски Комерсант.

Мажот што бил во собата со неа отишол кај персоналот на хотелот и пријавил дека жената починала.

Полициската станица во покраината Чонбури добила пријава за случајот околу 11:30 часот по локално време во петокот. Според досегашните информации, на инцидентот му претходела расправија што избувнала околу 4 часот наутро. Неколку часа подоцна, самиот осомничен ги известил персоналот на хотелот за смртта на Русинката.

Знаци на борба во собата

Истражителите од Тајланд потврдија дека пронашле знаци на борба во собата. Според медиумските извештаи, покрај телото се пронајдени скршено огледало и парчиња стакло, а во собата се видливи и траги од крв.

Истрагата е во тек

Точната причина за смртта сè уште не е утврдена и телото е пренесено на обдукција. Судските експерти работат на случајот. Осомничениот наводно изјавил дека за време на расправијата се случила физичка пресметка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер