Димитровски: Скејт паркот во Кавадарци, атракција за најмладите и за туристите - Канал 5

Димитровски: Скејт паркот во Кавадарци, атракција за најмладите и за туристите

Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, вложува во Југоисточниот плански регион.

Димитровски: Скејт паркот во Кавадарци, атракција за најмладите и за туристите

Изградба на скејт парк за екстремни спортови со седум елементи, а воедно уредување и на велосипедски патеки во Кавадарци во рамки на Вардарскиот плански регион со цел подобрување на туристичката понуда каде дневно циркулираат околу 100 корисници.

Со промената на туристичката побарувачка и потребите на туристите да патуваат на места кои се генерално непознати и недопрени од човековата рака, Вардарскиот регион кој изобилува со вакви потенцијали, го препознава туризмот како можност за дополнителен развој на истиот. Внесувањето на елементи за екстремни и адреналински спортови во овој регион значително ќе ја подобри туристичката понуда и ќе го направи Вардарскиот регион попривлечна туристичка дестинација.

- Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарската агенција за развој и соработка, вложува во Југоисточниот плански регион. Во Кавадарци скејт паркот е наменет за најмладите или за помладите генерации. Ова е еден адреналински спорт кој придонесува за психофизичкиот развој на најмладите, така што сметам дека во иднина ќе продолжиме со ваков тип на инвестиции, односно преку проектот Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој преку Швајцарската агенција за развој и соработка, придонесуваме и во областа на туризмот, и во областа на спортот и рекреацијата на младите, појасни Зоран Димитровски заменик министер за локална самоуправа.

За Митко Јанчев, градоначалникот на општина Кавадарци, повеќе од 40-тина деца веќе професионално се занимаваат со оваа спортска содржина која што е невообичаена за нашите предели и региони, но според анкетите спроведени пред објавување на проектот кои што покажаа дека треба скејт парк, покажа оправданост во целост.

- Министерството за локална самоуправа заедно со Швајцарска агенција за развој и сорабтока во соработка со Општина Кавадарци одвоивме инвестиција во висина од 8 милиони денари, и го направивме овој скејт парк во комплексот на спортскиот центар Јасмин во Кавадарци. Искрено кажано, како градоначалник на почетокот бев малку скептик за по-адреланински спорт, меѓутоа Општина Кавадарци покажа дека има деца и млади кои што сакаат да скејтаат и кои што сакаат да го практикуваат овој спорт. Со фактот дека имаме 40-тина млади кои што веќе професионално се занимаваат со оваа спортска содржина кој што е невообичаена за нашите предели и региони така што мислам дека направивме вистински погодок со неговата изградба, вели тој.

Швајцарската агенција за развој и соработка е присутна во нашата држава од 1992 година, го поддржува регионалниот развој по интензивно во изминатите шест години, во соработка со Министерството за локална самоуправа.

- Она што е од клучна важност е кога се дефинираат проектите кои што се инвестираат во регионите и во општините, секогаш одиме со принципот на партиципативност. Имено учествуваат граѓаните во одлучувањето на тоа каде и што ќе се инвестира, така што тоа е клучна вредност за Швајцарија и се обидуваме таа вредност да ја пресликаме во проектите кои што ги спроведуваме на терен. Токму затоа ми е мошне драго, иако морам да кажам дека на почетокот бев скептик кога ми кажаа дека сакаат да инвестираат во скејт парк во Кавадарци. Сега на терен можам да видам дека навистина се користи од младите деца во градот, тие се ентузијасти. Се надевам дека во иднина и другите општини ќе остават толку добар пример, затоа што здравјето на младите луѓе и спортот треба да бидат примарна одговорност на нашето општество, вели Мирјана Македонска, националната програмска координаторка на Амбасада на Швајцарија во Скопје.

- Поднесовме одлична иницијатива да направиме еден скејт парк, по современи стандарди и безбедносни димензии, каде што аплициравме во Општина Кавадарци и заедно со градоначалникот Митко Јанчев направивме исчекор, почнавме со соработка за скејт паркот, го направивме според сите стандарди. Многу сме среќни што тука ќе е свртилиште на децата од градот, а во иднина можеме да организираме многу светски натпревари овде, како и собиранки, вели Виктор Василевски, Претседател на Здружение на скејтери во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме.

СДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на Мицкоски

Срамно и понижувачки.

Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба.

Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно.

Го погрешија македонското знаме.

Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат.

За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти.

За македонско знаме – аматери.

Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба.

Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже:

Која компанија била ангажирана?

Кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет?

Колку пари се потрошени?

Кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот Теснец

Иран соопшти дека се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии меѓу нив преку Ормутскиот Теснец.

Иран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот Теснец

Иран соопшти дека се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии меѓу нив преку Ормутскиот Теснец, но повтори дека САД мора да исполнат други услови, вклучително и компензација и укинување на санкциите и да престанат воените закани, пред повторно да се отвори стратешкиот воден пат.

Американски функционер во петокот за Ројтерс изјави дека Иран и Оман се блиску до договор што би можел да го отвори патот за враќање на безбедното минување низ теснецот, главен канал за испорака на нафта и гас пред Иран да го блокира, како одговор на нападите на сад и израел врз техеран што започнаа кон крајот на февруари.

Американскиот претседател Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека САД се „дискретни“ во преговорите со Иран.

„Ние само полупреговараме со нив. Само го гледаме иран со неговата огромна инфлација и фактот дека немаат пари“.реќе тој.иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи рече дека повторното отворање на теснецот делумно ќе зависи од тоа дали сад ќе платат компензација за штетата предизвикана во широките напади врз Иран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани повеќе од милион луѓе

Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучително и во областа на Шангај, откако тајфунот „Долфин“ стигна до копното.

Видео: Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани  повеќе од милион луѓе

Бурата го парализираше сообраќајот, а само во Шангај биле откажани околу 1.400 летови.

„Долфин“ најпрво го погоди Јухуан во провинцијата Жеџијанг со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час, а околу еден час подоцна повторно стигна до копното во близина на градот Венџоу, соопшти кинеската метеоролошка служба.

Кинеските власти претходно издадоа предупредување од највисоко, црвено ниво за тајфунот. До понеделник наутро, „Долфин“ ослабе во тропска бура, но продолжи да се движи кон внатрешноста на земјата. Закана од обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето.

Властите продолжуваат да предупредуваат на обилни дождови, сериозни поплави и ризик од лизгање на земјиштето сè до среда. Обилни дождови се очекуваат во провинциите Шандонг, Хенан, Хубеи, Анхуи, Џиангсу и Жеџијанг, како и во Шангај.

Во делови од провинцијата Жеџијанг би можеле да наврнат меѓу 250 и 500 милиметри дожд во текот на неколку дена. Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат престој на отворено, а затворени се и бројни туристички атракции.

Затворени се делови од „Дизниленд“ и „Леголенд“, како и неколку платформи за набљудување долж шеталиштето „Бунд“ во Шангај.

Снимки од кинеските државни медиуми прикажуваат поплавени деловни простории во приземјето во поранешната Француска концесија во Шангај – област популарна меѓу туристите. На снимките се гледаат и луѓе кои газат низ вода длабока до глуждовите.

Во Венџоу, властите преместија околу 900.000 жители и отворија повеќе од 1.000 прифатилишта за итни случаи. Во Таиџоу, околу 390.000 луѓе беа евакуирани од своите домови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер