Димитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитување - Канал 5

Димитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитување

Македонците и Бугарите не ја изгубиле меѓусебната доверба, меѓутоа, ни треба подадена рака од Софија за воспоставување на постојан политички дијалог за надминување на разликите – изјави заменик шефот на дипломатија Зоран Димитровски во Софија.

Димитровски од Софија: Бугарите во уставот не се проблем, но потребен е дијалог со заемно почитување

Пред својот говор, Димитровски ја поздрави публиката на бугарски јазик, притоа нагласи дека секој што сака да зборува на мајчиниот македонски или бугарски јазик треба да ја има слободата во тоа. Во овој контекст, Димитровски изјави дека вклучувањето на бугарите во македонскиот Устав никогаш не било проблем, меѓутоа, како што рече, добрососедските односи мора да се двонасочна улица.

-Прашањето за вклучување на Бугарите во нашиот устав никогаш не било проблем и никогаш немало спротивставување на вклучувањето на Бугарите и почитувањето на нивните права.// Но, она што би сакале да видиме е потег и од бугарска страна - почитување на пресудите од Судот за човекови права во Стразбур за регистрација на организациите на Македонците во Бугарија,- -Зоран Димитровски Заменик-министер за надворешни работи и надворешна трговија.

Димитровски изрази надеж дека во следните месеци ќе се подобри дијалогот на релација Скопје – Софија со што Брисел ќе донесе одлука за отворање на преговорите за членство. Лидерот на опозициската СДСМ – Венко Филипче пак без оптимизам за европската иднина на државава. Тој стравува дека Македонија, во група со Косово и Босна и Херцеговина, како што вели, ќе остане слепо црево во Европа.

-За прв пат, како еден дополнителен сигнал за волјата на ЕУ да се проширува е дговорот кој што се спрема за придружно членство на Канада. // Притоа најавува дека за четири земји ќе се изгради точна стратегија, пат во чекори до крајот на мандатот на оваа Европска Комисија, како тие ќе станат земји членки на ЕУ. За жал ние не сме во таа група,- -Венко Филипче, претседател на СДСМ.

И покрај политичкиот проблем, Димитровски најави дека на 8 октомври во Софија ќе се одржи Самит посветен на стартешкито коридор 8, откако со посредство на ЕК се постигна договор за заедничка игзрадба на железничкиот тунел што ќе ги поврзува двете земји.

Во меѓувреме, директорот на МЖ Инфранструктруа, Ивановски инфромриаше дека со залисилена динамика се работи на втората фаза на пругата Бељаковце – Крива Паланка и веќе се реалзиирнаи околу 40 проценти од проектот..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба.

Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој  престојува во официјална посета на земјава.

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на Скопје

Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации.

Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер