Димитров во Холандија : Почеток на ЕУ преговори заснован на заслуги

Министерот за надворешни работи Никола Димитров ја заокружи работната посета на Хаг, Кралството Холандија со средба со холандскиот колега, министерот за надворешни работи Стеф Блок.

Реформите во клучните области, со фокус на постигнувањата во имплементацијата на законските решенија и плановите за натамошно продлабочување на реформските напори, како и постигнатиот успех во унапредување на односите со соседите биле дел од темите на средбата на министерот за надворешни работи Никола Димитров со неговиот холандски колега, министерот за надворешни работи Стеф Блок, со која ја заокружи работната посета на Хаг, Кралството Холандија.

Димитров, како што соопшти МНР, се осврнал на односите со соседите и пресвртот што земјата успеа да го постигне преку склучувањето на договорите со соседна Грција и Бугарија, како редок пример за визионерско лидерство во Регионот. Во таа смисла, Димитров укажал дека отворањето на процесот на пристапни преговори ќе значи консолидација на успехот што го постигнавме и поттик да продолжиме да работиме на домашен терен.

–Позитивна одлука ќе означи почеток на еден долг процес, каде напредокот не доаѓа сам по себе, туку е резултат на посветена работа и темелно унапредување на процесите во земјата. Ние сме силни поддржувачи на принципот „стриктно и фер"! Би сакале да бидеме оценувани за тоа што можеме да го направиме и да бидеме оценувани строго. Доколку има напредок да има и негово признавање. Нашата цел е Северна Македонија да ја направиме модерна Европска демократија. Таму не претендираме да стигнеме преку ноќ, туку преку работа и доследно придржување до суштината на процесот, истакнал Димитров на средбата.

Во рамки на посетата, министерот Димитров имал обраќање и пред парламентарната Комисија за европски прашања каде го презентираше напредокот на Република Северна Македонија во изминатиот период и спремноста на земјата за почеток на пристапните преговори со ЕУ, до крајот на годинава.

Зборувајќи за перспективата на Северна Македонија и Регионот, МНР Димитров истакнал дека смета дека тоа што е потребно во нашиот регион е помалку политизирање, а повеќе здрав натпревар на заслуги. Потребна ни е, како што рекол, Олимпијада на реформи на Балканот со цел да се мотивираме меѓусебно и да правиме повеќе во корист на нашите граѓани.

Од страна на холандските пратеници биле поздравени големите напори за враќање на земјата на европската патека и дадено охрабрување за продолжување по овој пат во периодот што претстои.

На средбата со Матијс ван дер Плас, генерален директор за европска соработка во Министерството за надворешни работи бил акцентиран реформскиот напредок на земјата, надминувањето на отворените прашања со соседите, а се дискутирало и за актуелните состојби во земјата и Регионот.

САД ја обвинуваат Русија за употреба на хемиско оружје во Украина

Стејт департментот ја обвини Русија дека го користела хемиското оружје „хлорпикрин“ против украинските сили со што ја прекршува Конвенцијата за забрана за употреба на хемиско оружје.

„Употребата на тие хемикалии не е изолиран инцидент и најверојатно е мотивирана од желбата на руските сили да ги отстранат украинските сили од зацврстените позиции и да постигнат тактички напредок на бојното поле“, соопшти Стејт департментот.

Вашингтон вчера објави нов бран санкции насочени кон руски и странски компании и поединци обвинети за вмешаност во руските воени напори за инвазија врз Украина. Покрај руски одбранбени компании и кинески субјекти, санкциите се и на неколку истражувачки единици и компании вклучени во руски програми за хемиско и биолошко оружје. Воведени се санкции за речиси 200 субјекти, а Стејт департментот таргетираше повеќе од 80 во една од најобемните акции против кинески компании досега во санкциите на Вашингтон насочени кон Русија, јавија американските медиуми.

Канцеларијата за контрола на странски средства соопшти дека санкционирала компании со седиште во Кина, Хонг Конг, по повеќекратните предупредувања од Вашингтон за поддршка на руската војска.

Министерството за финансии санкционираше речиси 60 субјекти лоцирани во Азербејџан, Белгија, Кина, Русија, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Словачка, бидејќи и овозможија на Русија да ја набави потребната технологија и опрема од странство, заобиколувајќи ги санкциите.

„Министерството постојано предупредуваше дека компаниите ќе се соочат со значителни последици за обезбедување материјална поддршка за Русија во војната во Украина, а САД ги воведуваат денеска за речиси 300 субјекти“, рече министерката за финансии на САД, Џенет Јелен./МИА

Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение

 Вапсањето црвени јајца за Велигден е најраспространетата традиција во сиот христијански свет.

Вапсањето започнува денеска на Велики Четврток. Домаќините, рано наутро, пред изгревањето на Сонцето ги бојадисуваат првите три црвени Велигденски јајца.

- Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христовите ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото Предание. Велигденското јајце е старо колку и Христијанството, вели за МИА професорот на Богословскиот факултет во Скопје, Ратомир Грозданоски.

Објаснувајќи го значењето на црвеното јајце и зошто е земено за традиција, Грозданоски појаснува дека велигденското јајце црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение. Првите Христијани и современици на апостолите почнале да вапцуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувјаќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе!

Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден -денес е запазена во Светото Православие, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Бојата на јајцето не потсетува и на крвта Христова и на спасението.

[Новиот коронавирус беше една од темите на денешниот состанок на Светиот синод на Грчката православна црква и соопштуваат дека „причестувањето не може да биде причина за пренесување на болести]

Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието се знае дека на Велики Четврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна Причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристијата е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причесна ги украсува и Велигденските јајца.

Како што бојадисаните црвени јајца од Велики Четврток се јасна најава на блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики Четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

– Според Светото Предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносици прва го започнала овој обичај за Велигденските црвени јајца, вели Грозданоски, говорејќи за почетокот на традицијата на вапцување велигденски јајца.

Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господа Исуса Христа. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите: Христос Воскресе. Потоа му раскажала за се што ги учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето.

Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат: Христос Воскресе – Вистина Воскресе!

Православните христијани на Велигден подарувајќи си црвено јајце еден на друг или кршејќи се со него, всушност го симболизираат Христовото Воскресение и нашето спасение: победата над смртта – смрт на смртта. Затоа, овој обичај е израз на вера во Христовото Воскресение и вера во воскресение на мртвите. Тоа е надежта во спасението и идниот живот. /МИА

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.

притисни ентер