Димитров во Атина на панелот „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок"

Утрово во Атина, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров го започна своето учество на 6-от Економски форум Делфи со панел на тема „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок".

На сесијата на која покрај Димитров учествуваа и кипарскиот МНР Никос Христодулидес и грчкиот заменик МНР за ЕУ, Милтиадис Варвициотис, се дискутираше за главните предизвици на „малите држави" во Европа во контекст на сложениот меѓународен поредок за остварување на националните цели и интереси, како и главните поуки од КОВИД-19 пандемијата за ефективно делување во комплексноста на меѓународните односи.

Вицепремиерот Димитров во контекст на тоа што претставуваат малите држави истакна: „За нас, Грција ни оддалеку не е мала држава, туку голема, така што тоа е многу релативно. И, не станува збор само за големината; важен е и економскиот потенцијал, БДП... мислам дека и воените ресурси се значајни, мрежата на пријателства на една земја, исто така, многу значи: колку повеќе пријатели имате, толку помоќни и повлијателни станувате. Затоа, сметам дека би било голема грешка целосно да се потценат малите држави во меѓународните односи."

Димитров потенцираше дека Македонија извлече голем број поуки во текот на триесетте години од независноста. Успеавме да се приклучиме кон НАТО, со поддршката од нашите соседи во Атина.

„Мислам дека малите држави сакаат предвидливост и интеграција; тоа е на одреден начин, инстинктот да се побара засолниште – кога имаш големи пријатели околу себе, безбеден си. И географијата е особено важна. Едно е да имате уште една група мали држави за соседи, а друго тие да се големи соседи. А, сосема друга приказна е тоа дали се навистина пријателски настроени или не се толку пријателски. Така што, јас мислам дека имаме силен интерес да поддржиме меѓународен систем кој почива на правила, во кој мултилатерализмот игра значајна улога. Прашањето на „чесни посредници" е, по мене, навистина интересно, зашто ние обично и немаме некој сопствен интерес, и особено во поглед на прашања и земји вон нашиот регион, дефинитивно можеме да ја играме таа улога на чесен посредник" – рече Димитров.

Вицепремиерот објасни дека пристапот на нашата дипломатија и надворешна политика во текот на изминатите години беше да се фокусираме на иднината, на заедничките интереси, да им отежниме на другите да покренат спор со нас, односно да бидеме пријателски настроени, отворени и да работиме заедно.

Кипарскиот МНР Хростпдулидес: „Дозволете ми кратко да одговорам на она што Никола го кажа, јавно да ја изразам мојата поддршка за Европската иднина на Македонија. Ние можеби сме мала држава, но на крајот на денот имаме еден глас исто како Германија, Франција и други големи земји-членки. Јас сум многу загрижен дека како Европска Унија ја губиме кредибилноста на Балканот, ние зборуваме за геополитичка Европска Унија, но споредено со другите геополиитчки актери, ние ја губиме играта. Затоа се надевам дека во следните недели ќе биде возможно да имаме позитивни вести во однос на Македонија, како и регионот. Неодамна го посетив регионот заедно со Дендиас, ја изразивме нашата поддршка за европската перскпетива на Западен Балкан.

ЗМНР Грција Варвициотис: „Со тоа што Албанија и Македонија ќе пристапат во ЕУ, конечно и ние ќе добиеме копнени граници со други земји-членки од што сме лишени во почетокот бидејќи сме во изолиран ден од ЕУ без физички граници со останатиот дел од Унијата.

Сакам да кажам дека новиот процес на проширување за кој се согласивме минатата година, треба да биде кредибилен процес и треба да бид епроцес што ќе се одвива со поголема брзина во споредба со стариот процес на проширување, низ поглавја, низ преговори што никогаш не завршуваат. Затоа е битно овој процес да почне веднаш за сите кандидатски земји. Ние не поддржуваме било какво раздвојување на Македонија и Албанија, сметате дека тоа би било катастрофално за регионалната сигурност. Исто така, сакаме Црна Гора и Србија да го забрзаат нивниот процес на пристапување кон ЕУ за да може поблиску да соработуваме со ЕУ.

Процесот треба да биде кредибилен и реверзибилен, во смисла ако една земја кандидат уназадува во однос на европската апликација. Но од друга страна, ЕУ исто така треба да си го одржи ветувањето и да одложува."

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

притисни ентер