Димитров: Сега е време Европа да го исполни ветувањето за Македонија

Мислам дека ние сме една од највпечатливите саги, кога станува збор за европската интеграција. 

Сега е време, сега е време Европа да го исполни ветувањето од март за почеток на европскиот процес за Македонија и Албанија, порача вицепремиерот Никола Димитров од Делфи економскиот форум во Атина, говорејќи на панел дискусија заедно со неговиот кипарски колега Никос Христодулидис и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис, јави дописничката на МИА од Атина.

Потпретседателот на Владата на Македонија задолжен за европски прашања, објасни дека при секоја негова посета на Атина, учи по еден грчки збор, а по зборовите „пријателство", „договор", „спокој", „визија", денеска, на дебатата за почеток на европскиот процес, спомена нов збор – „сега", паралелно упатувајќи порака дека време е за исполнување на ветувањата.

-Мислам дека ние сме една од највпечатливите саги, кога станува збор за европската интеграција. Бебе родено во Скопје ќе имаше 20 години, ако беше родено на денот кога ја потпишавме Спогодбата за асоцијација и стабилизација со Европската Унија. Изгубивме генерации и многу години, ги тргнавме блокадите, Комисијата континуирано вели дека сме подготвени да ги почнеме пристапните разговори, а еден начин како да му помогнеме на нашиот случај, јас патував во многу европски главни градови, е да објасниме зошто ова е во интерес и на земјите-членки и на институциите во Брисел, порача вицепремиерот.

Димитров истакна дека влогот на Унијата треба да биде јасен дека „нашиот успех ќе биде успех за сите, за ЕУ, ќе биде успех за регионот за Западен Балкан и ќе биде успех за сите наши соседи, за Грција, а исто така и за Бугарија".

-Мислам дека она што се случува со нас дали Европа ќе го одржи ветувањето, ќе биде порака за останатите во регионот, истакна Димитров.

Објасни дека Македонија е дел од регион што географски е европски и сме опкружени со земји членки на Европската Унија, се граничиме со ЕУ, а „економски ја делиме европската судбина".

На панел дискусијата, шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис и алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милтиадис Варвициотис изразија силна поддршка за Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

Варвициотис потенцираше дека тие се против одвојување на Македонија и Албанија , а ЕУ треба да ги исполни ветувањата, додека пак Христодулидис изрази надеж дека наскоро ќе има добри вести за нашата земја.

Панел дискусијата беше на тема „Дипломатијата на малите држави во комплексниот поредок", а Димитров истакна дека е особено важно регионалното опкружување, но и дека „колку повеќе пријатели имаш толку стануваш посилен".

Се гласа во сите избирачки места во Тетово, на две места со употреба на УВ-ламба

Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. 

Нефункционалноста на апаратот за идентификација е причина гласањето на две избирачки места во Општина Тетово да почне со стариот метод со кој се зема отпечаток од прст на графитно перниче, па се остава отпечаток во избирачки список, а се користат спреј и УВ-ламба за проверка.

- Во едно избирачко место во ОУ „Лирија“ во Тетово гласањето почна во 8.40 часот откако беше утврдено дека не функционира апаратот за идентификација. Со одлука на Државната изборна комисија (ДИК) се користи стариот метод со отпечаток од прст и УВ ламба. Истото е направено во едно избирачко место во село Бозовце каде гласањето почна во 9.22 часот, информираше Зулќуфли Реџепи, претседател на ОИК Тетово

Во Општина Тетово за парламентарните избори право на глас имаат 86.550 граѓани, додека за вториот круг за избор на претседател на државата може да гласаат вкупно 86.405 луѓе.

Од вкупнте бројки, вчера имаа можност да гласаат 54 затвореници, како и 181 лице пријавени за болни и немоќни со право на глас.

До 9 часот во Дебар излезноста е 1,1 односно 1,5 отсто, во Центар Жупа 1,60 односно 1,61 отсто

Непречено се одвива изборниот процес од парламентарните и вториот круг од претседателските избори во општините Дебар и Центар Жупа.

Според Јованка Јосифовска, потпретседателка на ОИК-Дебар до 9 часот правото на глас за претседателските избори го искористиле 216 гласачи или 1,1 отсто од вкупно 19.269 запишани во единствениот избрачки список. Во првиот круг гласале 283 лица или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица.

Што се однесува до парламентарните избори гласале 299 лица или 1,5 отсто од 19.311 лица со право на глас.

Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот на претседателските избори гласале 118 лица или 1,60 отсто од вкупно запишаните 7.368, додека на парламентарните гласале 119 или 1,61 отсто од вкупно запишаните 7.383 гласачи. Во првиот круг од претседателските избори гласале 80 лица или 1,9 отсто.

И во двете општини, уште од почетокот на изборниот ден, избирачките места се посетени од претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР.

Кавадарци со 6.22 отсто излезност до девет часот, Росоман со 5.4 проценти

Кавадарци има 6.22 отсто излезност до девет часот, во Росоман 5.4 проценти, информираа од општинските изборни комисии.  

Во Кавадарци се гласа на 60 гласачки места, се гласа за претседател на државата и пратенички мандати, информираше претседателката на Општинската изборна комисија, Емилија Петровска.

Запишани се вкупно 31.982 избирачи за парламентарните избори, 31.926 за претседателските, со право на глас во Кавадарци.

- Согласно на законот, вчера ден пред претседателските и парламентарните избори, за гласање беа пријавени вкупно 155 лица во домашни услови, болни и немоќни, како и дванаесетмина од дом за стари лица, појасни Петровска.

Во Росоман се гласа на десет избирачки места.

- За потсетување, вчера, ден пред изборите, согласно на законот, гласаа 69 немоќни лица, соопшти претседателот на општинската изборна комисија, Зоран Костов.

Вкупно 3.300 избирачи се евидентирани во списокот за гласање на денешните избори во општината Росоман.

притисни ентер