Димитров приреди прием за амбасадорите на САД во регионот на ЈИЕ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вечерва приреди работен прием за амбасадорите на САД во регионот на Југоисточна Европа .

Амбасадорите на САД од регионот на ЈИЕ под раководство на заменикот помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, одржуваат советување во Скопје.

Во обраќањето пред амбасадорите на САД во Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија, високите претставници на Стејт Депертментот и претставници на Министерство за надворешни работи, министерот Димитров изрази задоволство од изборот на нашиот главен град за место на одржување на регионално советување на американските амбасадори.

„Дојдовте во интересно време. Благодарни сме што споделуваме заедничка визија за Регионот. Завршивме голема работа,направивме големи работи кои не се прават често во регионот, а тоа се компромиси. Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја, но и за регионот", рече министерот Димитров.

Ова е дополнителна потврда и за цврстото и продлабочено партнерство меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, додавајќи дека регионалното советување на амбасадорите на САД во Скопје претставува можност и за продлабочена размена на мислења со земјата домаќин за значајни прашања од заеднички интерес.

Министерот Димитров во оваа прилика се заблагодари и за неодамнешната ратификација на пристапниот протокол за НАТО во американскиот Сенат, а ја потенцираше и важноста на Стејт Департментот во профилирањето на американската политика на продлабочена соработка и стратешко партнерство со Република Северна Македонија.

Почнува 29. Светско првенство во ракомет

 Со натпреварот Италија – Тунис, вечер од 17:30 часот во Пореч, Хрватска ќе почне 29-от ракометен Мундијал.

Покрај Хрватска, ко-домаќини на Светското првенство ќе бидат и Данска и Норвешка.

На шампионатот што ќе трае до 2 февруари ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи. Помеѓу нив е и македонската репрезентација.

Состав на групите:

Група А (се игра во Хернинг, Данска): Германија, Полска, Чешка, Швајцарија.

Група Б (се игра во Хернинг): Данска, Италија, Тунис, Алжир.

Група Ц (се игра во Пореч): Австрија, Франција, Кувајт, Катар.

Група Д (Вараждин, Хрватска): Унгарија, Македонија, Холандија, Гвинеја.

Група Е (Осло, Норвешка): Португалија, САД, Норвешка, Бразил.

Група Ф (Осло): Шпанија, Чиле, Шведска, Јапонија.

Група Г (Загреб, Хрватска): Словенија, Куба, Исланд, Зеленортски Острови.

Група Х (Загреб): Египет, Аргентина, Хрватска, Бахреин.

Првите три најдобропласирани од секоја група ќе се пласираат во главната рунда.

Најголеми фаворити за медалите се олимписките и трикратните последователни светски шампиони Данците. Нивни конкуренти ќе им бидат европските шампиони Французите, олимписките вицешампиони Германците, како и Швеѓаните, Хрватите, Норвежаните, Шпанците.

Титулата ја брани Данска која атакува на четвртиот наслов во низа.

Распоред на денешните натпревари:

17:30 часот Италија – Тунис

18 часот Франција – Катар

20:30 часот Австрија – Кувајт

20:30 часот Данска – Алжир.

Контингент од 72 мексикански пожарникари се приклучи во гасењето на пожарите во Лос Анџелес

 Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во Лос Анџелес и Јужна Калифорнија.

Групата е составена од воени експерти, вклучувајќи лекари, инженери и персонал за пребарување и спасување, како и пожарникари од мексиканскиот еквивалент на Шумската служба на САД.

Во големите шумски пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес веќе една недела досега загинаа најмалку 24 луѓе и изгореа област со големина на главниот град на САД, Вашингтон.

Повеќе од 90.000 жители беа принудени да ги напуштат своите домови, а цели населби беа опустошени од пожарите. Мексиканскиот тим ќе им се придружи на пожарникарите од седум држави и Канада во обид да ги стават пожарите под контрола.

- Тие сега се распоредени во пожарните области каде што ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарот, во суштина работат како екипа за поддршка, рече Едвин Зунига, портпарол на Калифорниската противпожарна служба, Кал Фајр.

Затоа ќе работат на одржување и зајакнување на заштитната линија, а доколку има потреба и директно ќе се вклучат во гаснењето на пожарот, додаде тој.

Сеул соопшти дека Пјонгјанг лансирал повеќе проектили кон Јапонското Море

Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети со краток дострел, соопшти денеска јужнокорејската војска, пренесува ДПА.

Северна Кореја ги лансираше ракетите кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, соопшти јужнокорејската новинска агенција Јонхап, цитирајќи го Генералштабот во Сеул (ЈЦС).

- Во подготовка против дополнителни лансирања, нашата војска го зајакна нашето следење и внимателност, додека тесно споделуваше информации за севернокорејската ракета со американската и јапонската страна и одржувајќи целосна подготвеност, соопшти ЈЦС.

Ракетите летале околу 250 километри пред да паднат во морето, се додава. ЈЦС првично не го прецизираше бројот на лансирани проектили.

Лансирањето доаѓа една недела откако Северна Кореја лансираше, како што соопшти, „нов тип хиперсонична балистичка ракета со среден дострел“.

На Северна Кореја и е забрането со резолуции на ОН да лансира и да тестира балистички ракети од кој било дострел. Тоа се обично ракети земја-земја кои можат да бидат опремени и со нуклеарна боева глава.

Пјонгјанг значително ги прошири своите ракетни тестови во текот на изминатите две години, истовремено заострувајќи ја својата реторика против САД и Јужна Кореја. Ја зајакна и воената соработка со Русија, потсетува ДПА.

притисни ентер