Димитров: Преку јапонската агенција за развој „Џајка“, договараме поддршка за РЕК Битола - Канал 5

Димитров: Преку јапонската агенција за развој „Џајка“, договараме поддршка за РЕК Битола

Имам една убава вест, во преговори сме и во последна фаза ги договараме условите со јапонската агенција за развој „Џајка“ за поддршка со нивната компанија „Митцубиши“, поврзано со РЕК Битола, најави мионистерот Никола Димитров од Битола.

Димитров: Преку јапонската агенција за развој „Џајка“, договараме поддршка за РЕК Битола
Производството во РЕК Битола, рече тој, ќе биде многу почисто и многу поеколошко. Тоа, потенцира Димитров, е многу важно прашање за Битола како град, но и за Македонија како држава.

- Сакам да истакнам дека мора да си ги отвориме перспективите и мора да си ја отвориме иднината. Мора да ги убедиме младите дека имаат иднина во Република Македонија, а за таква работа, треба дома да имаме ред, систем што ќе биде чесен и треба да имаме визија за тоа каква Македонија сакаме за пет години од денес, за 10 години од денес, да знаеме дека има место за нас во ЕУ, дека македонскиот пасош ќе вреди за да не трчаме по други пасоши, посочи Димитров на заедничката прес-конференција на Широк Сокак каде јавно го поддржа кандидатот за градоначалник од СДСМ, Наташа Петровска.
- Јас ја поддржувам Наташа Петровска иако не сум член на партија, но ние за жал се уште немаме луксуз за партиски натпревар бидејќи ни беше срушен и понижен системот, имавме очигледна неправда и институциите не реагираа. Како нација и општество успеавме првиот чекор да го направиме минатиот декември, а сега на 15 октомври треба да го направиме завршниот. Сегашната битка е да ја спасиме и изградиме Македонија да биде поцврста и сигурна, рече Димитров.

На новинарско прашање во врска со вчерашната средба со Коѕијас во Грција, дали се разговарало за формирање комисија која ќе прави ревизија на учебниците и кога може да се очекува средба за продолжување на процесот за решавање на проблемот кој Грција го има со името на Република Македонија, Димитров рече дека не разговарале за тоа прашање.

- Не разговаравме за тоа прашање. Разговаравме за тоа како ја гледаме иднината на регионот. Што е тоа што можеме да направиме за да се подобрат односите меѓу Македонија и Грција. Сакам да кажам дека Македонија под Груевски беше искомплексирана, уплашена и вообичаено било каков разговор се толкува негативно. Затоа и спинот беше дека ќе разговараме за ревизија на учебници и тоа само на македонските. Било кои две европски држави кога се во фаза на помирување и на отворање на маките и предрасудите, секогаш треба да се види каква е кај нив приказната за Македонија, каква е приказната во Македонија за Грција, а тоа за што стана збор во Њујорк беше за средба на експерти и историчари, рече Димитров.
Додаде дека Коѕијас вчера дал „многу интересна изјава и рекол дека никогаш не кажал оти делот од спорот е идентитетот, македонскиот јазик итн.“.
- Со фокус на позитивното многу полесно се решава и проблемот. Ако се насочиме каде се интересите каде што можеме да работиме заедно, полесно се решаваат и прашањата што не разделуваат. Во таа смисла јас имав средба и со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис кој е возрасен човек со многу млад дух и многу отворен за соработка. После локалните избори ќе пренесам на оние градови во Македонија што ќе бидат заинтересирани, да направиме работна група за заеднички проекти. Има идеја во пакет заедно да ги нудиме винските патишта во Република Македонија и во Република Грција за германски љубители на вино кои ќе доаѓаат во двете држави, нагласи министерот за надворешни работи Никола Димитров.
Шефот на македонската дипломатија одговори и за преговарачкиот процес меѓу Македонија и Грција и притоа рече дека многу е наблагодарно да се прогнозира што и да е.

- Моја задача е до максимум во рамките на можностите и дадените околности да направам се да ја убедам Грција дека добро е за Грција Македонија да оди напред, да ги вратам пријателите што ги изгубивме, да создадам нови пријатели и да водиме политика што ќе им даде аргументи во Атина на оние сили кои сакаат да не не блокираат, а не на силите што сакаат да не блокираат. Кога е во прашање идентитетот, ова е мој личен став, а не владин став, ние имаме една шизофрена ситуација во која го браневме идентитетот комплицирајќи го со процесот на антиквизација. И зошто за тоа не се отвори дебата во нашата држава, затоа што немаше простор за дебати, бидејќи политиката ја создаваше еден човек и немаше простор за будење и за дебати, истакна Димитров на средбата со новинарите во Битола./MИА:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дојави за бомби во ТВ станиците низ Европа: Часовникот отчукува

„Часовникот отчукува“ закани за бомби беа испратени до телевизиски станици низ цела Европа, што доведе до евакуации и прекини на програмите.

Дојави за бомби во ТВ станиците низ Европа: Часовникот отчукува

Предупредувањата беа испратени до ирскиот јавен радиодифузер РТЕ, британскиот Скај, бугарскиот приватен радиодифузер Нова ТВ и други, соопштија компаниите.

Лажни аларми

Не се пронајдени бомби на ниту една од засегнатите локации.

Предупредувањата следат по серија лажни закани за бомби што ги прекинаа патничките летови од Србија и Финска до Шпанија и пошироко во последните денови, предизвикувајќи пренасочувања на летови, принудни слетувања и безбедносни проверки, иако досега не се пронајдени експлозиви.

Предупредувањата доаѓаат и во време на растечка вознемиреност поради хакерските измами во последните недели, вклучително и кибер напади врз малопродажни синџири.

„Сакаме светот да слушне за нас, затоа еден од нашите оперативци постави експлозивна направа во вашата зграда“, пишуваше во еден е-мејл испратен до Нова и РТЕ во петокот. „Ќе детонира за 45 минути. Часовникот отчукува.“

„Порака до Западот“

Засега не е познато кој стои зад лажните извештаи.

Е-поштата испратена до РТЕ и Нови беше потпишана со името Михаил Андропов, со порака во која се наведува дека авторот е еден од водачите на групата одговорна за лажните аларми во авионите оваа недела.

„Но, ова е само почеток. Она што се случи оваа недела е само мал дел од она што ја очекува Европа во блиска иднина“, се додава во пораката.

Наводниот автор го дели презимето со Јуриј Андропов, поранешниот генерален секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Насловот на е-поштата „ПОРАКА ДО ЗАПАДОТ“ алудира на насловот на биографијата на Андропов насловена како „Нов предизвик за Западот“.

Не е јасно дали ова е знак за руска вмешаност или обид за префрлање на вината на Москва.

Ирскиот премиер Михаил Мартин рече дека безбедносните агенции во Европа сè уште не утврдиле дали заканите за воздушниот сообраќај и медиумските организации доаѓаат од поединци или биле дел од координиран напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“

Зголемен неделен лимит и целосна исплата на идните приливи, најави гувернерот Славески на попладневната прес конференција поврзана со привремената администрација на банката од страна на Народната банка..

Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“

Повеќе детали околу новите три олеснувања за располагање на средсствата за клиентите на банката повеќе од Маја Стојановска..

Маја кои се новите олеснувања што ги соопшти Славески?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка

На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради трка

На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта.

Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер