Димитров: Пораките на охрабрување не се доволни, ни треба одлука за преговори со ЕУ

Мислам дека овие пораки се позитивни и потребни, но во оваа фаза за нас и за мене како министер за надворешни работи многу е тешко да зборуваме за надеж откако трипати удривме во ѕид.

EУ мора наскоро да го исполни ветувањето за отворање на преговорите за членство со Македонија, истакнува шефот на дипломатијата Никола Димитров во изјава за АФП предупредувајќи оти не се доволни пораките на охрабрување по октомврискиот состанок на Европскиот совет на кој не беше донесена одлука за старт на пристапниот процес.

– Мислам дека овие пораки се позитивни и потребни, но во оваа фаза за нас и за мене како министер за надворешни работи многу е тешко да зборуваме за надеж откако трипати удривме во ѕид – во јуни 2018, јуни 2019 и во октомври годинава, изјави Димитров.

Неопходно е, нагласува тој, да биде донесена одлука што ќе им даде вистинска надеж на луѓето дека Европа е сериозна во однос на нашата европска перспектива.

АФП потсетува дека ЕК и другите институции на ЕУ јасно кажале дека Северна Македонија ги исполни сите услови и задачи што и беа зададени и оти треба да почне преговори за членство, но на Самитот на ЕУ на тоа се спротивстави Франција.

За француското вето, Димитров вели дека право на Париз е да отвори легитимна дебата за пристапниот процес, а Северна Македонија е подготвена да го прифати тоа и да биде подложена на дополнителен надзор вклучувајќи го принципот на реверзибилност.

И покрај разочарувањето од ЕУ во октомври, Димитров вели дека Скопје нема да ја повтори грешката по Самитот на НАТО во 2008 кога не доби покана за членство поради спорот за името со Грција и влезе во ќорсокак.

– Ние избегнавме да ја повториме таа грешка. Остануваме фокусирани на целта. Во наредните неколку недели сакаме да постигнеме дополнителни реформски резултати кои ќе го зацврстат нашиот случај и ќе направат да стане невозможно ново „не" од земјите членки на ЕУ, истакнува Димитров.

Следната можност да се поправи грешката и да биде донесена одлука за старт на преговорите со Скопје и Тирана, е Самитот на ЕУ лидерите во Загреб на 6 и 7 мај наредната година.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер