3„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта
МакедонијаДимитров: Не се откажуваме од разговари со Софија, но нема да преговараме за тоа кои сме и кој Во Европа во 21 век не би требало да има простор за ваква расправа, бидејќи нашиот јазик е наша работа, а ставањето под знак прашалник на јазикот и идентитетот на соседот не е добрососедство, а во 2020 година не е ни пристојно.Денот кога Бугарија стави вето за почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија не беше добар, ниту за Европа, ниту за европската перспектива на нашиот регион, а особено не за нас, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за виенскиот весник „Стандард". Тој потенцира дека бугарското вето испраќа многу лош сигнал за регионот на Западен Балкан дека ЕУ не го препозна она што досега го постигна земјава, која во последните три и пол години ги реши проблемите со соседите, направи големи чекори кон отворено, демократско и мултиетничко општество и спроведе реформи за изградба на правна држава. Сепак, според Димиторв, сега сакаме да го спречиме очајот и национализмот и затоа и доколку не можеме да го одблокираме бугарското вето, се свртуваме кон пријателските држави од Унијата, за да можеме да ги постигнеме европските стандарди без процесот на пристапување кон ЕУ. – Ако нашиот процес на пристапување се сведе толку многу на билатерален проблем што дискусиите за историјата ќе станат поважни од борбата против корупцијата, независноста на судството, функционирањето на демократските институции, слободата на медиумите, околината и енергијата, тогаш тоа не е процес кој европеизира, туку процес кој балканизира. Затоа нам ни е потребна реформска агенда со мрежа на пријатели кои се тука да ни помогнат и мораме да си поставиме јасни цели и да работиме на нив. Бидејќи не би требало да губиме време, вели Димитров. Вицепремиерот нагласува дека земјава не се откажува од разговари со Софија, но потенцира дека нема да преговараме за тоа кои сме и кој јазик го говориме. – Тоа е дел од еден историски процес, а не политичка одлука. Ние му ја должиме на нашиот народ заштитата на своето достоинство и идентитет, истакнува Димитров, додавајќи во Европа во 21 век не би требало да има простор за ваква расправа, бидејќи нашиот јазик е наша работа, а ставањето под знак прашалник на јазикот и идентитетот на соседот не е добрососедство, а во 2020 година не е ни пристојно. Вицепремиерот за евроинтеграција потенцира дека тоа „кои сме ние – имено Македонци – и кој јазик го говориме – имено македонски" – е всушност внатрешно прашање и прашање на самоопределба. – Тешко е да се разбере дека во член 3 од Договорот од Лисабон, ЕУ го признава почитувањето на културната и јазичната разноликост, а истовремено македонскиот јазик претставува пречка за почеток на пристапни преговори. Ова не е предизвик само за нас, туку и за Европската Унија како заедница на вредности. Овде, во региониот, ние имаме богата историја, но очигледно не успеваме да создадеме доволно иднина, истакнува Димитров. Тој потесетува дека со Договорот со Бугарија беше формирана Мешовита комисија од историчари, кои треба да расправаат за историски прашања, но, како што нагласува, во последните неколку недели и месеци расправата за историските прашања стана доминантна и го поткопува политичкиот процес и меѓусебните односи. – Бугарските историчари ги отфрлуваа оние извештаи во кои се појавуваше придавката „македонски". И така ова прашање на идентитет стана пречка во работата на Комисијата. Но искрено: доколку совршениот договор на сите страни за историските прашања би бил предуслов, тогаш Европската Унија никогаш немало ни да се создаде. Во модерната наука концептот на „историска вистина" е застарен. Сега се говори за мултиперспективизам. При пристапувањето треба исто така да станува збор за тоа, за усвојување на правото на Заедницата и европските принципи, а не централно прашање да биде историјата, истакнува вицепремиерот за европски прашања. Димитров нагласува дека земјава има огромна поддршка за старт на пристапните преговори, додавајќи дела германското претседателство со Унијата ќе продолжи да работи на тоа да се одржи прва меѓувладина конференција помеѓу ЕУ и Македонија во декември. – А ние и понатаму ќе внимаваме на тоа никому да не му дадеме причина да нè блокира. Но, тоа не значи дека ќе се преговара за нешто за што не може да се преговара. Ние ќе ја европеизираме Македонија на овој или оној начин. Ако постои достоинствено решение за овој предизвик ние во целост ќе го искористиме пристапниот процес; ако тоа не е можно, тогаш ќе ги искористиме мрежите на нашите пријатели и ќе работиме на тоа да ја одржуваме земјата во добра форма за кога ситуацијата ќе се промени, истакнува Димитров во интервјуто за „Стандард".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаСостојбата со пожарите се смирува, утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активниСостојбата со пожарите се смирува , утринава регистрирани се 25 пожари од кои 4 се активни, 3 се под кобнтрола , а 18 се изгаснати. Активен е пожарот во општина Студеничани каде гори шума, во општина Македонски Брод кај месноста Видуш, во општина Велес и Зелениково и во Јегуновце и Сарај.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотекаСо изведување на наодите од градежното вештачење на објектот „Пулс“ изработено од тим од градежниот факултет при УКИМ, денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека.Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.Тагови: Пулс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Уна“- интимна, поетична и визуелно впечатлива театарска приказна за борбата на индивидуалецот и љубовта „Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот човечки живот.Театарската претставата „Уна“ работена по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше вистински празник на драмскиот репертоар на 66. „Охридско лето“. Во време кога технологијата и социјалната пропаганда го преплавуваат секојдневниот живот, кога е тешко да се зачува искрена и длабока врска, оваа интроспективна и емотивна драма потсети на важноста на зачувувањето на автентичноста и искреноста и собра громогласни аплаузи како награда од публиката за двочасовната маестрална актерска игра. „Уна“ е претстава за човечките односи, за влијанието на минатото врз сегашноста и за тоа како едно единствено сеќавање може да го обликува целиот човечки живот. Според романот „Уна“ на Капор е направен филм во осумдесеттите години на минатиот век, но никогаш досега не е работена театарска претстава, што за големиот македонски режисер Дејан Пројковски, како што вели самиот тој, било голем предизвик. -Претставата зборува за борба на човекот и подготвеноста да ја плати цената за да се избори за личната слобода и од друга страна, љубовта како една голема и вечна тема, љубовта која што живее во овие општествени и морални рамки, но всушност во тие рамки го бара својот бескрај и своето небо, љубовта којашто за двајцата, за Мишел и за Уна, е како едно патување низ нивните души. Всушност, тие се обидуваат космосот или сопствениот бескрај да го пронајдат некаде длабоко во себе. Претставата на крајот завршува со познатите стихови од романот што останува после љубовта. Тоа е се темите, борбата на индивидуалецот и љубовта помеѓу две човечки суштества кои не одговараат по сижеата на сите светски љубовни приказни, вели режисерот Пројковски кој со години бележи успеси како на домашната, така и на меѓународната театарска сцена. Целата претстава се одвиваше во една трагикомична линија како што всушност е и човечкиот живот. Никола Ристановски, кој го играше главниот лик – универзитетскиот професор Мишел Бабиќ, на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“, уште еднаш потврди дека е суверен на сцената, играјќи со длабока, сугестивна и прецизна сценска игра. Во актерската екипа беа и Магдалена Мијатовиќ во улога на студентката Уна, Сена Ќоровиќ како Олга,-сопругата на професорот Бабиќ и Марко Гверо во улогата на проректорот Дукиќ. Сценографијата на Валентин Светозарев беше посебно интересна, динамична и во склад со промените на тематскиот фокус. Музиката на Горан Трајковски автентично ја долови атмосферата на љубовната и политичката опиеност, а костимите на Ивана Ристиќ беа соодветни за реалистичната поставка на ликовите. „Звездара“ е еден од најреномираните и најкултни театари од поранешните ју-простори, основан во 1984 година, чиј основач, но и директор од 1998 година до денес е големиот драмски писател Душан Ковачевиќ.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook