Димитров: Не можете да седите дома, а да влијаете на одлуката

Ако на референдумот има барем еден глас повеќе ПРОТИВ, ние како влада ќе повлечеме од договорот.

Министерот за надворешни Никола Димитров потврди дека за иднината на државата се одлучува на референдум со гласање, така што ако мнозинството граѓани, од тие што ќе излезат гласаат ЗА, тогаш процедурите за имплементација на Преспанскиот договор ќе продолжат и во хипотетичко сценарио ако цензусот не биде достигнат.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски има пак сосема поинакво мислење. Ако на референдумот не излезезат над 900 000 гласачи, тоа не значи дека граѓаните немаат став, туку дека ако цензусот не се достигнел, односно договорот не поминал кај граѓаните, смета Мицкоски...

Но и покрај ваквите различни гледишта има едно нешто, што барем засега се чини ги обединува двете партии, а тоа е “предвремени парламентарни избори” . Ако договорот пропадне, сосема е извесно дека ќе се оди на брзи избори. Во сценарио е тоа да се случи и доколку уставните измени, за чие носење е потребно двотретинско мнозинство, запне во законодавниот дом. Ова го потврди и советникот на владата Бојан Маричиќ, кој во интервју кажа дека се размислува и за предвремени избори доколку договорот падне или имплементацијата се за кочи во собранието.

А и на референдумот и на можните избори треба да гласаат граѓаните. На дел од нив им е преку глава од избори, а други сметаат дека тоа и не е така лоша идеа...

Како и да е , сите, или најголем дел од дилемите ќе бидат расчистени до крајот на неделава, кога граѓаните ќе треба да одлучат за иднината, па и судбината на нашата земја.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер