Димитров: Направивме суштинска промена и станавме светол пример во регионот

Во Македонија во изминативе неколку години успеавме да направиме суштинска општествена промена.

Тргнувајќи од состојба на заробена држава, како што ја дефинираше Европската Комисија во 2016 година, станавме земја светол пример во регионот, но и пошироко, истакна министерот за надворешни работи, Никола Димитров, кој е кодомаќин на денешниот регионален промотивен настан на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Horizontal facility" за Западен Балкан и Турција втора фаза.

Димитров нагласи дека очекуваното започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија ќе покаже во пракса како една земја може суштински да се промени и напредува.

– Докажавме дека со политичка волја и лидерство можат да се надминат тешките отворени прашања со соседите, но и смело се впуштивме во домашната реформска агенда, со цел да обезбедиме европски живот дома, а не вон границите на регионот, рече шефот на дипломатијата.

Во однос на програмата „Horizontal facility" вели дека целта е обезбедување на подобар животен стандард и европски начин на живот за граѓаните.

– Заедничката програма дава можност да ги утврдиме областите во кои нашите земји имаат птореба од понатамошна поддршка во домашните реформски процеси преку активно вклучување на корисниците со цел постигнување на европските стандарди, рече Димитров.

Тој информира дека во рамки на првата фаза од програмата, 80 отсто од затворскиот персонал ги зголемил своите знаења и вештини од темите за човекови права, а воспоставен е и полициски механизам за надворешен надзор во однос на полициската работа.

Со проектот за поддршка на засилен пристап до услуги за бесплатна правна помош со повисок квалитет, Димитров појасни дека беа спроведени правни анализи за Министерството за правда во процесот на финализирање на законот за бесплатна правна помош.

-Со акцијата Борба против економскиот криминал, беше направен напредок од воспоставување на регистар за корисничка сопственост. Во рамките на акцијата за спречување и борба против трговија со луѓе се спроведуваат обуки на приближно 90 отсто од трудовите инпектори во земјата, додека предлог законот за државен фонд за компензација за жртви на насилни злосторства е во завршна фаза за подготовка, рече Димитров.

Колин Волф од Европската Комисија, вели дека хоризонталниот инструмент како да не го истакнува до крај фактот дека се работи на едно многу важно прашање, како што е владеењето на правото, и без кое луѓето не можат да имаат нормален живот.

Владеењето на правото, како што посочи, е суштинска важност за секој поединец, за сите групи, за демократијата, демократските институции, поддршката на демократските институции, еден од најважните концепти во кој треба да веруваме.

-Хоризонталниот инструмент работи на овие прашања, кои се важни за многу аспекти во однос на општествениот живот и очекувањето на граѓаните од нивните лидери. Ова е важно и за успешен економски раст затоа што на делумните субјекти потребна им е сигурност при владеење на правото. Луѓето мора да знаат дека се заштитени, и ова е важно за справување со многу предизвици кои се присутни во нашите земји, како на пример да се задржат младите луѓе во регионот. Врз основа на ова начело можеме да создадеме Европа сконцентрирана на вредностите кои ги исполнува и спроведува, рече Волф.

Волф потсети дека Европската комисија препорача да се отворат преговори за членство со нашата земја и со Албанија, и се надева дека ќе биде донесена позитивна одлука следната недела на Советот на министри и на Европскиот совет.

Тој и честита на Македонија за сите напори што ги презема за сите теми на кои се зборува на регионалната конференција.

Во рамки на настанот, учесниците имаат можност да учествуваат во работата на паралелни тематски работилници, од кои секоја покрива теми од четирите главни тематски области: обезбедување правда (затвори и полиција; правда и човекови права), борба против корупција, економски криминал и перење пари; борба против дискриминацијата и заштита на правата на ранливите групи (образование, човекови права и спречување на дискриминација; трговија со луѓе) и слобода на изразување и медиуми. /МИА

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер