МакедонијаДимитров: Има работи за кои може да разговараме, но има работи за кои нема дискусијаГосподинот Каракачанов има обврска и право да ги застапува бугарските позиции, како што ние имаме обврска и право да ги застапуваме македонските позиции.Деновиве правиме се за ние и нашите соседи, нашето пријателство и заедничката европска иднина да излеземе од овие предизвици како победници, силни идни партнери и добри комшии, изјави за МИА вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, коментирајќи ги последните случувања на релација Скопје-Софија, но и последната изјава на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов. -Господинот Каракачанов има обврска и право да ги застапува бугарските позиции, како што ние имаме обврска и право да ги застапуваме македонските позиции. Ама и ние и тие имаме и обврска да се грижиме за пријателството. Сакам уште еднаш да потенцирам дека има некои работи за кои можеме да разговараме, и некои работи за кои нема дискусија, нагласи Димитров. Тој вели дека ниту со Бугарија, ниту со која било друга земја или организација, не можеме да преговараме за тоа кои сме, каков јазик зборуваме, и кој ни е идентитетот. -Со други зборови, нема компромис околу нашето право на самоопределување. Македонското бидување не загрозува ничие друго, а взаемната почит е основа за секое вистинско пријателство. Тоа се универзални човекови права, вградени во вредностите на ЕУ и Унијата треба и може да се проширува само преку афирмација на тие вредности, никако преку нивно загрозување. Впрочем, како што вели и новата методологија, „сите треба да се воздржат од злоупотреба на билатералните прашања во пристапниот процес", порача Димитров.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЃорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира20:45Поплавени подвозници, заглавени возила и блокирани кружни текови по обилните врнежи во Скопје18:11Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
ЖивотЗапросување на врвот на Емпаер Стејт Билдинг (ВИДЕО)Една смела двојка се искачи на врвот на зградата „Емпаер стејт билдинг“ и развиори транспарент на врвот од нејзината кула во среда попладне.Анџела Николау и Иван Беркус, кои стекнаа онлајн следбеници поради нивните искачувања на облакодери низ целиот свет што, останаа на врвот на облакодерот неколку минути додека камерите го снимаа настанот пред да се спуштат, изјавија полициски извори за „ABC News“. Потоа, како што изгледа, Биркус ѝ предложил брак на својата долгогодишна девојка пред да бидат приведени. JUST IN: After two people climbed to the top of the Empire State Building and unfurled a banner on top of its spire Wednesday afternoon, one of the climbers appeared to propose to the other. https://t.co/ngG3jOeTBU pic.twitter.com/PhubQpnRH6 — ABC News (@ABC) July 1, 2026 Црниот транспарент се повикува на цитат од Џими Хендрикс и со бели букви пишувало: „Кога моќта на љубовта ја победува љубовта кон моќта, светот го познава мирот“. Испратен е хеликоптер од њујоршката полиција, а платформата за набљудување на зградата била испразнета од посетители кога пристигнала полицијата. Извор: ABCnewsТагови: Емпаер Стејт Билдинг запросување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РецептиЛимонада како од старите слаткарници: Тајната е во еден чекор што го прави вкусот побогатОвој рецепт е брз за подготовка, лесен за прилагодување на вашиот вкус и идеален за летните денови кога бараме природно освежување без газирани пијалоци.Малку пијалоци потсетуваат на лето како добра ладена лимонада. Сепак, многу луѓе забележуваат дека лимонадата што ја пијат во слаткарница или кафуле има пополн вкус од онаа што ја подготвуваат дома, иако е направена само со неколку состојки. Причината не е во скапите состојки или посебен вид лимон, туку во начинот на подготовка. Класичните слаткарници го користат истиот трик со децении - прво подготвуваат шеќерен сируп, кој потоа се комбинира со свежо исцеден сок од лимон. На овој начин, шеќерот се раствора целосно, а вкусот станува освежителен и пријатно избалансиран, без кристали што остануваат на дното на чашата. Зошто е важен шеќерниот сируп? Многу луѓе едноставно ставаат шеќер во ладна вода дома, но тој често не се раствора целосно. Затоа професионалните слаткари прво готват едноставен шеќерен сируп. Сирупот рамномерно го засладува пијалокот, ја нагласува аромата на лимон и ѝ дава на лимонадата карактеристичен, полн вкус што го паметиме од детството. По желба, количината на шеќер може да се намали или зголеми, во зависност од тоа колку слатка сакате лимонада да биде. Состојки: • 1 чаша свежо исцеден сок од лимон (околу 4-6 лимони) • 1 чаша шеќер • 6 чаши ладна вода • 1/2 чаша вода за подготовка на сирупот • мраз по желба • парчиња лимон за сервирање • свежи листови од нане по желба Подготовка: Во мало тенџере, измешајте го шеќерот и половина чаша вода. Загрејте на средна температура, мешајќи додека шеќерот целосно не се раствори и не добиете бистар сируп. Оставете целосно да се олади. Во меѓувреме, исцедете го лимонот и процедете го сокот за да ги отстраните семките и вишокот пулпа. Истурете ладна вода во голем бокал, додадете сок од лимон и изладен шеќерен сируп. Добро промешајте за да се соединат сите состојки. По желба, оставете ја лимонадата дополнително да се олади во фрижидер. Како да ја сервирате? Наполнете ги чашите со мраз, сипете ја лимонадата, а потоа додадете парче лимон и неколку свежи листови од нане. Доколку сакате уште поинтензивен вкус, можете да додадете неколку тенки парчиња лимон директно во бокалот и да го оставите да отстои околу десет минути пред сервирање. Лимонадата подготвена на овој начин е идеална за летни денови, семејни собири, скари или едноставно како природно освежување за време на жешкото време. Извор: Б92Тагови: Лимонада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЛампард останува во КовентриМенаџерот на Англија, Френк Лампард, го продолжи договорот со Ковентри до 2029 година, соопшти клубот.Лампард е на чело на Ковентри од ноември 2024 година, а минатата сезона го водеше клубот во Премиер лигата за прв пат по 25 години. „Воодушевен сум што потпишав нов договор, вистинска чест е да го претставувам овој клуб. Уживавме по неверојатниот напор и освојувањето на Чемпионшипот. Сега треба да се одмориме, а потоа добро да се подготвиме за следната сезона каде што ги знаеме целите. Има многу работа на и надвор од теренот. Едвај чекам повторно да ги видам играчите и да работам со нив“, рече Лампард. Ковентри ќе биде домаќин на Арсенал во првото коло од Премиер лигата на 21 август. Извор: Б92Тагови: ЛАМПАРД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter