3Во гаража го направиле најширокиот автомобил на светот- полицијата не можела да му напише казна (ВИДЕО)
МакедонијаДимитријевиќ: За една година ВМРО-ДПМНЕ ја понижи, осиромаши и изолира МакедонијаГоворејќи за лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ, Димитријевиќ нагласи дека за една година ВМРО-ДПМНЕ уништи сè што беше изградено и во секоја област во државата се случува распад.По една година од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ветената горда Македонија е само празен слоган во еден докажано лажен ПР-наратив на ВМРО-ДПМНЕ, гол, популистички памфлет зад кој се крие суровата реалност на нашата држава – Македонија е понижена, порача генералниот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Александар Димитријевиќ, на денешната трибина во организација на СДСМ, под слоганот „Македонија понижена – една година влада на ВМРО-ДПМНЕ“. Димитријевиќ во своето обраќање посочи дека за една година колку што ВМРО-ДПМНЕ е на власт, работниците се понижени работници, граѓаните осиромашени, економијата задолжена, се случија еколошки катастрофи, институциите се партизирани институции, правдата е селективна, на улиците се случуваат секојдневни пресметки, има политички реваншизам, нарушен е соживотот, а државата е изолирана. ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа Димитријевиќ, со лаги дојдоа на власт, со лаги владеат цела година. „Ветуваа дека работниците ќе бидат горди со европски плати. Но, за една година работниците не само што не се горди, туку нивниот труд е понижен како никогаш во историјата на нашата држава. Македонија е претпоследна во Европа по минимална плата. Со бедни 360 евра минимална плата, македонскиот работник е второ најсиромашен во Европа. Животниот стандард е на дното. Не употребија ниту еден механизам за ставање под контрола на цените кои вртоглаво растат на дневно ниво, а платите стагнираат“, рече Димитријевиќ. Тој потенцираше дека на ВМРО-ДПМНЕ им е поважен сопствениот комодитет и луксуз, па затоа и велат дека државата напредува, што е далеку од реалната катастрофална состојба во државата „Лесно им е од нивна перспектива да нè убедуваат дека државата оди напред и дека добро се живее, дека сме биле четврта економија во Европа. А реалноста е погубна – БДП кое расте само на хартија, сиромашни граѓани со долгови, закочени капитални инвестиции, скапи задолжувања со заеми кои ја туркаат државата во должничко ропство“, рече Димитријевиќ. Говорејќи за лошите политики на ВМРО-ДПМНЕ, Димитријевиќ нагласи дека за една година ВМРО-ДПМНЕ уништи сè што беше изградено и во секоја област во државата се случува распад. „Наместо ефикасна администрација – за една година, имаме гломазно партизирана администрација, со нови министерства за партиски вработувања. Во образованието, наместо револуција како што ветуваа, донесоа хаос. Наставниците демотивирани и понижени, децата збунети, реформите запрени. Во надворешната политика – евроинтеграцискиот процес е закочен. Свесно ја ризикуваат иднината на цели генерации. Сè е разорено, деградирано и претворено во политички инструмент за лични интереси“, рече Димитријевиќ, додавајќи дека СДСМ како вистинска државотворна партија нема да отстапи од борбата да ја вратиме државата на вистинскиот пат. Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00
ФудбалЏани Инфантино ѝ ветува повеќе пари на Африка!Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино пред претстојните претседателски избори на ФИФА вети дополнителни финансиски средства за развој на африканскиот фудбал.Првиот човек на светскиот фудбал, Џани Инфантино пред претстојните претседателски избори на ФИФА вети дополнителни финансиски средства за развој на африканскиот фудбал, наведувајќи дека светското управно тело за фудбал ќе продолжи да ги зголемува инвестициите на континентот. Обраќајќи се пред претставниците од 54-те национални асоцијации на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) на собир во Капо Верде, Инфантино истакна дека ФИФА инвестирала една милијарда долари во африканскиот фудбал во текот на изминатата деценија преку 124 проекти во рамките на програмата FIFA Forward. „Ќе продолжиме да бараме потребни ресурси и да го зголемуваме финансирањето за да го насочиме африканскиот фудбал кон самиот врв на глобалната игра“, истакна Инфантино. Неговото обраќање доаѓа пред претстојните претседателски избори на ФИФА; следствено, собирот на претставници од африканските асоцијации - кои сочинуваат значителен дел од електоратот - доби и политичка димензија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛазов: ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО-ОКГ и полигон за интересиДенеска започнуваме да ја демаскираме вистината за тоа што навистина се случува во Фудбалската федерација на Македонија.Наместо ветениот напредок, ФФМ денеска е претворена во приватна фирма, партиски штаб на ВМРО-ОКГ и полигон за остварување лични интереси. Материјалите и информациите кои започнуваме да ги објавуваме доаѓаат директно од загрижени граѓани и свиркачи внатре во институциите — луѓе кои одбиваат повеќе да молчат за криминалот во македонскиот фудбал. Прво и најважно: ФФМ е целосно партизирана. * Зад одлуките во Федерацијата стојат директни политички притисоци и влијанија од високи функционери од власта. * Правни советници и шефови на комисии се назначуваат исклучиво по партиска и адвокатска линија. * Се менуваат селектори само затоа што немаат партиска поддршка, а се измислуваат нови репрезентативни категории за да се вработат соодветни партиски кадри. Фудбалот стана семеен бизнис: * Позициите за тренери во репрезентациите се делат на кумови и најблиски роднини. * За советници се ангажираат лица кои во јавноста се познати по упади во државни институции и контрола на летање. * Тренери од приватни школи и клубови истовремено земаат дупли плати и хонорари од ФФМ. * А на одредени играчи експресно им се дава деби во А-репрезентацијата — само за нивните новопечени менаџери да можат подобро да ги продадат надвор. Додека навивачите се револтирани од цените на билетите, а играчите гинат на терен, зад кулисите се случува нешто многу поопасно. Затоа, денеска јавно поставуваме неколку директни прашања до раководството на ФФМ: * Прво: Зошто најдиректно од ВМРО се делегира Комесар за делегирање судии кој потоа делегира судии по нарачка за натпревари кои ги игра државниот проект ФК Вардар? * Второ: Дали под изговорот за „подмладување на репрезентацијата“ се отвора простор за обложувачки профити на сметка на поразите на Македонија? * Трето: Дали е точно дека лица поврзани со скандали за местење натпревари се редовни гости во Белата палата на ВМРО? * Четврто: Дали има местење на натпревари под директна палка на комесарот Јосип Бартон и негови блиски судии, по нарачка? * Петто: Дали таканареченото „подмладување“ на репрезентација е искрена спортска стратегија, или е бизнис-план во кој младите фудбалери се само жртви? * Шесто: Има ли тарифа за играње во македонските репрезентативни селекции и колку пари чини да се облече националниот дрес? * Седмо: Кој е одговорен во репрезентацијата за скандалот во Швајцарија со пропустот играчот со бр 22 Малевски да седи на клупа 60 минути а да не е ниту впишан во записник на тој натпревар? Има ли сличен несреќен случај случен во Лигата на нации, во било кое УЕФА или ФИФА натпреварување, во македонската Прва или Втора лига? Македонскиот фудбал им припаѓа на сите нас, а не на кланови и партии. Ова е само првиот дел. Документите, фактите и доказите ќе продолжат да излегуваат во јавноста— сè додека ФФМ не се исчисти од криминалните структури и судии во рацете на спортистите, сега контролирани од ВМРО чии членови сочинуваат повеќе од 2/3 од делегатите на Собранието на ФФМ, рече Герасим Лазов-претседавач со ЦО на СДСМ. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДве „пијавици“ се појавија кај Сицилија- регионот под метеоаларм (ВИДЕО)Две пијавици се појавија во утрово пред пристаништето Марсала, на западниот брег на Сицилија. Глетката на два столба вода што се спуштаат од облаците кон морето е снимена од пристаништето. Иако станува збор за спектакуларен природен феномен, тој предизвика и загриженост поради неговата близина до брегот, пишува италијански Tp24. Бура во западна Сицилија Појавата на пијавиците се совпадна со најавеното влошување на времето. За Сицилија за петок се предвидува нестабилен ден со врнежи од дожд и грмотевици, кои можат да бидат локално силни и долготрајни, особено во областа Трапани и по должината на тиренскиот брег. Можни се и ненадејни налети на ветер, а морето е разбранувано. Регионалната цивилна заштита издаде предупредување за можни силни грмотевици, град и чести грмотевици. Посебна претпазливост се препорачува во урбаните области склони кон поплави. Жолт временски аларм е на сила за целиот остров. Ненадејната промена на времето следеше по серија октомвриски денови со температури слични на летото. Што всушност е пијавица Пијавицата е воздушен вртлог што се формира над површината на водата и се протега од основата на облакот од бура до морето. Видливата колона не е составена од морска вода што ја „вшмукува“ облакот, како што често се мисли. Вителот е видлив првенствено поради кондензација на водена пареа, додека ветерот на површината крева капки и морска пена. Пијавиците се карактеристични за периодите кога морето е сè уште топло, а поладен и нестабилен воздух пристигнува над него. Овој температурен контраст ослободува енергија за конвекција: топлиот и влажен воздух се крева одеднаш и создава облаци од бура, а со специфични струи и промени во насоката на ветерот по висина, може да се случи ротација. Затоа нивното појавување на есен не е ретко. Студија спроведена во Италија регистрирала 707 пијавици од 2007 до 2016 година, од кои 43 проценти се случиле на есен. Се проценува дека околу една четвртина од регистрираните пијавици стигнуваат до брегот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20Во Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00