Димитријевиќ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта- како се пумпаат 300.000 евра годишно! - Канал 5

Димитријевиќ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта- како се пумпаат 300.000 евра годишно!

Граѓаните се вклучија во борбата против корупцијата и криминалот, до Антикоруцпискиот тим секојдневно пристигнуваат пријави.

Димитријевиќ: Свиркач открива нови детали за тендерот во Пошта- како се пумпаат 300.000 евра годишно!

АКТ веќе го објави скандалот за тендерот од 1,2 милиони евра кои го добива фирма БС КЛИНИНГ ДООЕЛ блиска до ЗНАМ од Пошта кој беше пријавен преку плтформата МИЦКО.мк

Денеска ќе прочитаме наводи од писмо на вработен во Пошта А.Д. исто така доставено до нас, со основано сомнение за тоа како преку овој тендер се пумпаат пари од граѓаните.

Одиме по ред.

„Пријавувам организирана кражба на 25.000 евра евра месечно или 300.000 евра годишно преку договорот со фирмата БС КЛИНИНГ ДООЕЛ„ наведува свиркачот, вработен во Пошта во писмото.

Според тендерот за хигиена во сите 14 поштенски подржуници задолжително треба да има по 2 хигиеничари/ки а во Пошта 2 задолжително по 10 хигиеничари.

А каква е реалната состојба? Само во 4-5 подужници има по 2 и работата само неколку часа дневно. Во другите 10 подружници има само по 1. Во Пошта 2 само 6-7. Значи постојано недостасуваат околу 14 хигиеничари.

Спроед тендерот треба да има во сите 14 подружници по 2 хигиеничари.

И така, преку константен недостатокот на 14 хигиеничари како и скратеното работно време на останатите кој реално работат, доаѓаме до пресметката за тоа колку пари месечно е загубата, ако се земе предвид дека за сите хигеничари (и тие што не работат и тие што работат само неколку часа во денот) се плаќаат целосни износи, согласно спецификацијата и договорот склучен со АД Пошта.

„Месечен трошок за еден хигиеничар е над 40.000 денари“.

Недостауваат 14 хигиеничри, значи тоа се над 560.000 денеари месечно.

Постоечките 25-26 хигиениари работат само 50% од времето, тоа се нови 550.000 денари.

Заедно со другите давачки уште 200.000 денари доаѓаме до речиси 25.000 евра месечно.

Тоа се 300.000 евра годишно! Ете ја шемата, ете ја корупцијата.

Како се прикрива ова?

Според писмото на вработениот во Пошта, со потпишување на лажни дневници за целосно отсустните хиниеничари и со лажни извештати за реализирани генерални чистења, кој воопшто не се реализираат а вработените работат во прљавштина и супстандардни услови.

Почитувани,

Сите овие наводи ги објавуваме, заедно со целата содржина на писмото и бараме Јавното обвинителство да отвори истрага и да ги истражи по допрен глас.

Во чии џепови завршуваат испумпаните пари?

Кој ќе одговара?

АКТ продолжува со откривање на сите криминални тендери. Институциите мора да постапат.

Работата не е завршена, рече Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.

Преговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници?

Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник.

Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. 

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември

По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата.

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна .

Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“.

На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот.

Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање.

Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Во здравствениот дом Железничар денеска ќе има бесплатни тестирања за рак на простата.

Бесплатни скрининг тестови за рак на простата денеска во Железничар

Бесплатниот скрининг е наменет за мажи над 45 години и ќе се спроведува во рамки на кампањата „Мовембер“ односно ноември - месец за подигнување на свеста за машкото здравје. Бесплатните прегледи ќе се одвиваат од 13 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер