Димитријевиќ: Претседателката има право да предложи разрешување - Канал 5

Димитријевиќ: Претседателката има право да предложи разрешување

Претседателката Силјановска – Давкова има ингеренции да предложи и назначување и разрешување на гувернер, велат од опозициската СДСМ кои вчера на првиот човек на НБРМ – Славески му поднесоа кривична пријава.

Димитријевиќ: Претседателката има право да предложи разрешување

Претседателката Силјановска – Давкова има ингеренции да предложи и назначување и разрешување на гувернер, велат од опозициската СДСМ кои вчера на првиот човек на НБРМ – Славески му поднесоа кривична пријава, поради, како што кажаа, основани сомневања дека сторил кривично дело – несовесно работење во службата, со што предизвикал штета врз државниот буџет и директно го загрозил легалното функционирање на НБРМ. Тие побараа од шефицата на државата да го „отвори“ ова прашање во Собранието.

„Апсолутно ми е жал што претседателката како професор, овие основни работи сега треба да ги коментираме и објаснувањето. Апсолутно ингеренциите ги има, може да предложи како што го предлага именувањето на собранието, така може да го предложи и разрешувањето, а потоа собранието да одлучи. Врз основа на ова што го видовме во јавност и сето тоа што го поднесовме како пријава до Трајко Славески, апсолутно има потреба да го направи тоа претседателката и да немаме дилема има право да го направи тоа“,-Александар Саша Димитријевиќ – Генерален секретар на СДСМ.

Пред неколку дена претседателката кажа дека Славески не одговара пред нејзе и дека не знае во која смисла би ја преиспитала неговата работа. Сепак подоцна во нејзиниот одговор рече дека согласно законот за НБРМ шефот на државата има право, доколку утврди прекришување на законот, како предлагач да препорача разрешување на гуверенрот.

„Прво гуверенерот на НБРМ иако го бира собранието по предлог на претседателот тој не одговара пред мене, туку одговра пред собранието не знам во која смисла би ја преиспитала ... ПРашање: Бидејќи Вие сте таа која го дава мандатот. Јас го предлагам а мандатот го добива врз основа на мнозинството пратеници во Парламентот. Точно е дека по закон предлагачот има право да како што предлага да предложи и негов избор да предложи и негово разрешување но јас сум човек кој што верува во правото, добив прашања од г.Иван Мирчевски во оваа насока јас се разбира пред да кажам што мислам прво анализирам, го повикав и гувернерот на НБРМ...“-Гордана Силјановска Давкова – Претседателка на Р. Македонија (31.03.2026).

Гувернерот Славески минатата недела наместо да одговори зошто се пробиени законските рокови за назначување на нови вицегувернери, упати обвинувања до Канал 5 и новинарите.

А, ваквиот однос беше осуден од новинарските здруженија, ААВМУ, бројни политичари и пошироката јавност.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!

По средбите со стотици земјоделци низ државата и врз основа на нивните реални потреби, СДСМ поднесе Предлог-закон за директна финансиска поддршка на најпогодените земјоделци, соопшти претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.

Филипче: По средбите низ државата, СДСМ поднесе закон за директна финансиска поддршка на земјоделците!

„Бевме на терен кај лозарите, сточарите, млекопроизводителите, оризопроизводителите и производителите на пиперка. Ги слушнавме нивните проблеми и врз основа на тоа што навистина им е потребно го подготвивме овој Предлог-закон. Ова е конкретна, директна и навремена помош“, рече Филипче.

Со Предлог-законот се обезбедува финансиска поддршка за лозарите од осум денари за секој килограм произведено и продадено грозје од сортите Вранец и Кратошија. За лозарите кои нема да успеат да го продадат грозјето е предвидена поддршка од 300.000 денари по хектар евидентиран лозов насад.

„Дел од лозарите ни велат дека субвенцијата веќе не им врши работа кога никој не го купува грозјето. Токму затоа предлагаме обесштетување од 300.000 денари по хектар“, истакна Филипче.

За производителите на пиперка ајварка е предвидена поддршка од 10 денари за секој килограм продадена пиперка, како и дополнителни 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина.

Производителите на пченица ќе добијат по пет денари за секој произведен килограм, без разлика дали пченицата е продадена кај регистриран откупувач или е складирана во евидентиран склад.

За сточарите се предвидува поддршка од 8.000 денари за секое грло добиток, за оние кои биле опфатени со програмата за 2025 година и се евидентирани и во 2026 година.

Со законот се опфатени и оризопроизводителите, за кои се предлага поддршка од 10 денари за секој килограм произведена и продадена оризова арпа кај регистриран откупувач во 2026 година.

Корисници на финансиската поддршка ќе бидат и земјоделските стопанства регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

„Со овие средства земјоделците ќе можат да ги планираат следните чекори и производството за 2027 година. Сите категории се опфатени и никој нема да биде оставен настрана. Мерките се подготвени врз основа на нивните барања“, истакна Филипче.

Тој ги повика пратениците од власта да го поддржат Предлог-законот бидејќи станува збор за опстанокот на илјадници семејства, а не за политичка разлика меѓу власта и опозицијата.

„Ако не реагираме веднаш, земјоделците ќе ги напуштат нивите, а државата ќе се соочи со пусти ниви, пусти села и градови, недостиг од домашна храна и поскап увоз. Не распродавање на македонската земја и вода за туѓи интереси и за туѓи профити. Македонската земја треба да обработуваат македонските земјоделци. Водата треба да се користи прво за пристоен живот, понатаму да се наводнува земјиштето“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД).

Димитреиска -Кочоска во работна посета на САД, учество на состаноци на Светскиот економски форум во Њујорк

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска е во работна посета на Соединетите Американски Држави (САД), каде што ќе учествува на „Состаноците за влијанието врз одржливиот развој 2026“ (Sustainable Development Impact Meetings 2026), организирани од Светскиот економски форум.

Министерката ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“.

На сесијата ќе се дискутира за предизвиците и можностите за економски раст во новите глобални услови, со посебен фокус на енергетската сигурност, инвестициите, одржливоста и конкурентноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

Македонската делегација на чело со премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше претседателот на Европскиот совет.

Мицкоски: Учество на седницата во рамки на ГС на ОН со која претседаваше Антонио Кошта

„Учество на седницата во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации, со која претседаваше претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

Момент на важни разговори и размена на ставови за прашања од глобално значење, во рамки на највисоката меѓународна платформа за дијалог и соработка“- објави Мицксоки на Фејсбук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер