Димитријевиќ: Кога се преселив во Казан, целосно го сменив мислењето за Русија - Канал 5

Димитријевиќ: Кога се преселив во Казан, целосно го сменив мислењето за Русија

 Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ призна дека целосно го сменил своето мислење за Русија откако се преселил во Казан.

Димитријевиќ: Кога се преселив во Казан, целосно го сменив мислењето за Русија

- Сум бил во Русија пред 3-4 години кога играв во еврокуповите за шпански клубови. Згора на тоа, игравме со локални екипи две сезони по ред. И двата пати на крајот на ноември, односно времето беше страшно: сиво и врнеше снег. Се движевме само од арената до хотелот и не можевме да видиме ништо. За разлика од Шпанија, ми се чинеше дека Русија не е најдоброто место, немав најубави спомени од тие патувања. Меѓутоа, кога пристигнав во Казан во септември, видов колку е убав градот, толку многу одлични места за поминување на вечерта. Целосно го сменив мислењето за Русија, изјави Димитријевиќ.

Македонецот беше прогласен за МВП во плејофот на ВТБ-лигата, а неговиот тим УНИКС стигна до шампионскиот трофеј. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните, вети 5000 денари а за 2 год. пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000

ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира ветувањата и работи во интерес на сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува ветувањата пред граѓаните, вети 5000 денари а за 2 год. пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000

За две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари.

ВМРО-ДПМНЕ во предизборието ветуваше дека ќе обезбеди линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. Ветено, реализирано. И наместо 5000 денари Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорача повеќе, за секој пензионер линеарно ги зголеми пензиите за 7.000 денари.

За домаќинство во кое двајцата сопружници се пензионери ова значи 14000 денари повеќе секој месец во домашниот буџет.

И додека владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на подобрување на животниот стандард од СДС и опозицијата преку иницијативи пред Уставниот суд имаше обиди мерката да ја оспорат но Владата остана доследна на определбата да ги заштити интересите на пензионерите за подобар животен стандард.

Исто така Владата останува на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на мерки, проекти и политики кои носат конкретни резултати за граѓаните.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Здружение на судиите за одлуката на Уставниот суд

Судскиoт совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија, во врска со Решението на Уставниот суд И.бр.1/2026 и реакциите што тоа ги предизвика во јавноста.

Здружение на судиите за одлуката на Уставниот суд

Судскиoт совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија, во врска со Решението на Уставниот суд И.бр.1/2026 и реакциите што тоа ги предизвика во јавноста, смета за потребно да укажат на неколку принципиелни прашања од значење за независноста на судската власт и владеењето на правото.

Судскиот совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија го почитуваат уставниот статус на Уставниот суд и принципот дека неговите одлуки се конечни и извршни и дека надлежните државни органи се должни да постапуваат во согласност со обврските што произлегуваат од нив. Истовремено, еднакво значајно е почитувањето на уставно загарантираната самостојност и независност на судовите, законски уредениот тек на судските постапки и правото на користење на предвидените правни лекови.

Во конкретниот случај, Решението П4-240/22 од 4 мај 2026 година на Основниот граѓански суд Скопје не е правосилно и против него е изјавена жалба за која треба да одлучува надлежниот второстепен суд. Оттука, постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд.

Во такви околности, Судскиот совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет.

Независноста на судството не е привилегија на судиите, туку гаранција за граѓаните дека за нивните права и обврски ќе одлучува независен и непристрасен суд. Функцијата на судовите не се состои во извршување на одлуки на други државни органи, туку во самостојно и независно судење врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори. Оттука, ниту еден орган, без оглед на неговата уставна положба, не може да определува или да прејудицира каква одлука треба да донесе судот во конкретен предмет.

Судскиот совет на Република Македонија и Здружението на судии на Република Македонија особено нагласуваат дека почитувањето на одлуките на Уставниот суд и почитувањето на независноста на редовните судови не се спротивставени вредности. Напротив, тие се составни делови на истиот уставен поредок и на принципот на владеење на правото. Нивната заштита подразбира секој орган да ги остварува своите надлежности во уставно и законски утврдените граници, со должно почитување на надлежностите и независноста на другите органи.

Судскиот совет на Република Македонија и Здружение на судиите на Република Македонија остануваат цврсто определено за доследно почитување на Уставот, законите и одлуките на Уставниот суд, но и за бескомпромисна заштита на независноста на судската власт, правото на правично судење и непреченото функционирање на системот на правни лекови. Само преку институционална воздржаност, заемно почитување на уставните надлежности и доследно почитување на законските процедури може да се обезбеди владеење на правото и да се зајакне довербата на граѓаните во институциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Алварез одбива да тренира со Атлетико Мадрид: Не сметајте на мене

Напаѓачот на Аргентина Хулијан Алварез ја известил управата на Атлетико Мадрид дека престанува да тренира со тимот. 

Алварез одбива да тренира со Атлетико Мадрид: Не сметајте на мене

Аргентинскиот репрезенативец се одлучил на овој чекор откако вчера не успеал да разговара со тренерот Диего Симеоне за трансферот што го посакува, пренесува „Мундо Депортиво“.

Алварез продолжува да инсистира на трансфер во Барселона – желба што првпат јавно ја изрази за време на Светското првенство.

Откако дознал дека ниту тренерот, ниту извршниот директор Мигел Анхел Гил Марин не се во клубот, тој дал до знаење дека повеќе не е дел од нивните планови.

Според шпанскиот весник, аргентинскиот напаѓач смета дека на тренерот му недостасувала храброст да се соочи со него, иако Симеоне знаел дека Алварез сака да го реши својот статус.

26 годишниот Алварез не очекувал дека Симеоне ќе замине на дводневен одмор на Ибица токму во моментот кога било закажано неговото враќање во клубот поради разговори.

Алварез е подеднакво разочаран и од однесувањето на Гил Марин – другиот клупски функционер кој може да го одобри неговиот трансфер – а кој исто така е на одмор.

Фудбалерот имал намера ситуацијата да ја реши пријателски, преку дијалог, но не добил можност за тоа.

Како резултат на тоа, Алварез им упатил јасна порака за своите натамошни чекори на присутните во тренинг-центарот на клубот.

Неговите изјави биле кратки: „Не сметајте на мене“ и „Повеќе нема да тренирам“.

Се очекува напаѓачот да престане со тренинзите во среда, кога Симеоне ќе се врати од одмор и ќе ги продолжи тренерските обврски. Тогаш, аргентинскиот тренер повеќе нема да може да го одложува состанокот. Алварез тврди дека уште од февруари има ветување од клубот оти ќе му биде дозволено да си замине за време на летниот преоден рок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер