Собранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирање
2Собранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирање
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
2Клековски: Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар
МакедонијаДимитриевски: Табакана нема да биде зграда, туку бесплатен паркинг за околните жители и парк со детско катчеКандидатот за градоначалник на Куманово од редовите на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски, денеска уште еднаш најави нов уреден јавен простор во корист на граѓаните од оваа општина. На локацијата Табакана кај булеварот „Октомвриска револуција“, нема да се дозволи изградба на нова зграда, туку таму ќе никнат нов бесплатен паркинг за локалното население , како и парк со детско катче. – Иако во минатото некој предвидел во Деталниот урбанистички план за оваа локација да се гради зграда, јас како иден градоначалник на Куманово нема да го дозволам тоа. Сите овие времени објекти ќе бидат дислоцирани, дополнително ќе биде изграден нов паркинг простор којшто ќе биде бесплатен за сите кои што живеат на во околината и дополнително детско катче и нови зелени површини,“ изјави Димитриевски. Тој додаде дека е време да се стави крај на, како што рече, „урбано градежните групации“ кои сакаат да го урбанизираат, поточно бетонизираат секој слободен простор во Куманово. – Мора да кажеме стоп на урбано градежните групации кои што сакаат да го урбанизираат секој простор во нашиот град со никнување на нови бетонски градби, рече Димитриевски. Максим Димитриевски во својата видео порака побара од поддршка од граѓаните заа во вториот круг од изборите, што треба да се одржи на 2 ноември. – Ве повикувам масовно да излезете и да ми дадете поддршка во вториот круг бидејќи Куманово заслужува да продолжи да расте, да се развива, а дојде времето да се средува и централното градско подрачје, конкретно булеварот Октомвриска револуција, негово пробивање, изградба на нов кружен тек и уште многу други содржини во централно градско подрачје, порача Димитриевски. Тагови: максим димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаБанките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирањеБанките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање во вториот квартал, во услови на значителна геополитичка нестабилност и сигнализираа континуирана зголемена аверзија кон ризик во летните месеци.Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање во вториот квартал, во услови на значителна геополитичка нестабилност и сигнализираа континуирана зголемена аверзија кон ризик во летните месеци, според кварталниот извештај објавен денес од Европската централна банка (ЕЦБ). Побарувачката на корпорациите за кредити малку се зајакна помеѓу април и јуни, но сепак кредиторите отфрлија поголем дел од апликациите во сите категории на кредити, покажа анкетата на ЕЦБ на 159 големи банки од еврозоната. Стандардите за кредитирање беа заострени за компаниите во повеќето сектори, како што се автомобилската индустрија и големите индустриски потрошувачи на енергија, објавија банките. Резултатите од анкетата во голема мера се совпаѓаат со долгогодишниот став на ЕЦБ дека војната во Иран ќе дејствува како товар за економскиот раст; како голем увозник на енергија, еврозоната се соочува со намалена потрошувачка и еродирани приходи од производството поради порастот на цените на нафтата. Според извештајот на ЕЦБ, главните фактори зад заострените услови за кредитирање повторно беа „перципираните ризици поврзани со економските изгледи и намалената толеранција на банките кон ризик“, при што се истакнува дека банките продолжуваат внимателно да ги следат ризиците поврзани со геополитичките случувања и состојбата на пазарот на енергенти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирањеВо Собранието започна комисиската расправа за измените на Законот за високото образование, кои меѓудругото предвидуваат повисоки стандарди во високообразовниот систем.Во Собранието започна комисиската расправа за измените на Законот за високото образование, кои меѓудругото предвидуваат повисоки стандарди во високообразовниот систем, нов модел на финансирање на универзитетите и построги критериуми за избор на наставниот кадар. Заменик министерот за образование Дритон Сулејмани го образложи предлог решението кое треба да обезбеди и нов систем за обезбедување квалитет, со построги правила за акредитација и периодична евалуација на високообразовните установи, како и поголема отчетност во трошењето на јавните средства. Уште на стартот, предлог-законот наиде на критики од опозицијата, која тврди дека наместо суштински реформи, предложените решенија отвораат нови проблеми и бара нивно повлекување или значителни измени преку амандманска расправа. Предлог-законот веќе предизвика реакции во академската јавност. Дел од професорите ги поддржуваат повисоките стандарди, но предупредуваат дека критериумите за избор во звања би можеле да бидат тешко остварливи за одредени научни области. Забелешки има и за новиот модел на финансирање односно дека би можел да ги стави во понеповолна положба помалите факултети. По расправата во матичната комисија за образование, наука и спорт, за пакетот реформски закони од високото образование ќе биде организирана јавна расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОбвинителството бара 30 дена притвор за раководството на гостиварски „Комуналец“15:16Гостивар и натаму останува без вода за пиење15:00Обвинителство: Истрага против три лица, водата во Гостивар е многу загадена08:47Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50Приведена директорката на Комуналец од Гостивар и уште двајца раководители 15:27
Уапсена е директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани и двајца раководители- гостиварци бараат одговорност17:50
ЕвропаСилен земјотрес ја погоди Португалија Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 21 јули 2026 година, во 15:13 часот во Португалија.Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Азорските Острови. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 12 километри под површината на земјата. Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter