Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
МакедонијаДимитриевски: Почит кон хероите на безбедносните силиПочит кон хероите на безбедносните сили, да работиме заеднички на безбедна и стабилна иднина.Да се сеќаваме со достоинство, да работиме на иднина, на мир и заедништво, порача денеска кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски попвот десетгодишнината од трагичниот настан на 9 и 10 мај во кумановско „Диво Насеље“. - Во чест на десетгодишнината од трагичниот настан на 9 и 10 мај, со длабока почит се сеќаваме на осумтемина припадници на безбедносните сили кои храбро ги положија своите животи. Нивната жртва, постхумно одликувана со медали за храброст, останува вечен симбол на непоколеблива посветеност и несебично служење, напиша Димитриевски. Тој посочува дека годишнината носи силна порака достоинствено сеќавање, оддавање заслужена почит но и работа кон иднина ослободена од такви трагедии – иднина на мир, стабилност и заедништво. - Нека нивниот подвиг биде светилник што нè води кон праведно и безбедно општество. Благодарност до македонските безбедносни сили што се грижат за зачувување на безбедноста и мирот на нашите граѓани, напиша Димитриевски. Тагови: СВР Куманово мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаДиректорот Димовски во посета на компанијата Леар во ТИРЗ ТетовоСогласно активната и транспарентна комуникација со сите инвеститори, директорот Гоце Димовски денес ја посети компанијата Леар во ТИРЗ Тетово. За време на посетата, покрај состанок со менаџментот, беше остварена и обиколка низ производствениот погон. Во рамки на средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, идните планови и можности за понатамошен развој. Посебен акцент беше ставен на отворената комуникација и соработката со Дирекцијата за ТИРЗ, со цел навремено согледување на потребите на компанијата и обезбедување соодветна поддршка во рамки на надлежностите на Дирекцијата. Димовски истакна дека непосредната комуникација со компаниите е важна за подобро разбирање на потребите, но и за навремено наоѓање решенија за предизвиците со кои се соочуваат. Тој посочи дека Дирекцијата за ТИРЗ останува посветена на отворена и редовна комуникација со компаниите, како и на создавање услови во кои тие ќе можат непречено да работат и да ги реализираат своите развојни планови. Од страна на менаџментот на компанијата, беа презентирани тековните активности, како и плановите за во иднина, а се разговараше и за дополнително унапредување на работните процеси. Беше изразена благодарност за континуираната поддршка и конструктивниот дијалог со Дирекцијата за ТИРЗ, истакнувајќи ја важноста на заемната соработка за одржлив економски раст. Оваа посета е дел од редовните активности на Дирекцијата за ТИРЗ за одржување директен контакт со инвеститорите во технолошките индустриски развојни зони ширум земјата, со цел да се обезбеди стабилна деловна клима и да се поттикнат нови вложувања.Тагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈО: Отворена истрага против три лицаНадлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“.Надлежен јавен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица поради постоење основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Тероризам“, а заедно со останатите двајца осомничени и кривично дело „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. Наредбата за спроведување истражна постапка се темели на докази обезбедени во текот на претходно спроведена предистражна постапка, на документација и докази од предмет што е во фаза на судење, како и докази обезбедени преку меѓународна правна помош. Ценејќи дека се исполнети законските услови за определување мерка притвор, јавниот обвинител до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје достави предлог на тројцата осомничени да им биде определена мерка притвор во траење од 30 дена,стои во соопштението на Јавното обвинителство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ: Спроведена вонредна инспекциска контрола на дивите продавачи на Бит пазарОтстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена .Денес, во раните утрински часови, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во координирана акција со комуналните инспектори на Град Скопје, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и припадници на Министерството за внатрешни работи, спроведоа вонреден инспекциски надзор над дивите продавачи на земјоделски производи, лоцирани долж булеварот „Крсте Петков-Мисирков“, на потегот од трговскиот центар Мавровка до Бит пазар. Отстранети се сите диви тезги, повеќето со овошје и зеленчук. Одземена е храна во количина од околу 500 килограми (најголем дел земјоделски производи) и отстранета е целокупната опрема за продажба која била на диво поставена на пешачките и велосипедските патеки. Во координација со комуналните инспектори на Град Скопје на сторителите ќе им бидат изречени соодветни прекршочни мерки. Во заедничка акција со СВР Гостивар, вчера, официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство на приватен имот во село Чајле, запленија и на депонијата Русино нештетно уништија 150 килограми месо со изминат рок, без декларација и со непознато потекло.Тагови: АХВ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook