1 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања
МакедонијаДимитриевски од Штип: Доста беше молк, Филипче мора јавно да каже – што изнел, што однел?-Доста беше молк, Филипче мора јавно да каже – што изнел, што однел, чие однел и што планирал?Во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“, претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, од Штип го повика Венко Филипче конечно да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата што веќе премногу долго висат во воздух. „Тие продадоа сè што е наше. Тие продаваа државно – на ангро продаваа државни интереси, и денес ги гледаме како мафтаат со златни визи, подготвувани уште додека беа на врвот на власта.“ – истакна Димитриевски, обвинувајќи за однапред подготвено сценарио за бегство, базирано на нечесно стекнат капитал изнесен надвор од државата. „Многу добро се знае како се добиваат тие златни визи – со купишта пари изнесени надвор, пари што не се чесно заработени, туку украдени од народот.“ – порача Димитриевски Од тука, претседателот на ЗНАМ, јасно го повика Венко Филипче: „Филипче мора јавно да каже – што изнел, што однел, чие однел и што планирал? “ Овој повик од Штип не е само порака – тоа е барање за вистина, за одговорност и за враќање на моралот во јавниот живот. Движењето ЗНАМ ќе продолжи со кампањата низ целата држава, будно следејќи ги постапките на сите кои се огрешиле пред народот. Време е народот да знае. Време е Македонија да се избори за чесна и одговорна власт. ЗНАМ за Наша Македонија - Центар за комуникации и аналитикаТагови: ЗНАМ максим димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНајмалку 30 луѓе убиени во самоубиствен напад врз полициски комплекс во ПакистанНајмалку 30 лице загинаа во самоубиствен напад врз полициски комплекс во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции.Нападот бил извршен со автомобил наполнет со експлозив, кој бил насочен кон објектот во момент кога полицајци и членови на нивните семејства биле собрани на молитва во џамија во рамките на комплексот. Експлозијата предизвикала големи материјални оштетувања, а спасувачките екипи продолжиле да го пребаруваат подрачјето. Надлежните стравуваат дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми. Пакистан во последните години се соочува со зголемен број напади врз полицијата и безбедносните сили, особено во областите во близина на границата со Авганистан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаЗНАМ- Отчет две години учество во владатаДвижењето ЗНАМ го претстави отчетот за две години учество во Владата:“ДВЕ ГОДИНИ РАБОТА. ДВЕ ГОДИНИ РЕЗУЛТАТИ. ЕДНА ЉУБОВ – МАКЕДОНИЈА!“ Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години. Обраќајќи се пред граѓаните, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика. „Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност.“ - истакна Димитриевски. Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата престанал периодот во кој било доволно да се укажува на проблемите и дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат. „Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност“ - порача Претседателот на ЗНАМ. Во своето обраќање, Димитриевски нагласи дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви. „Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро“ - порача тој, нагласувајќи ја определбата за отчетот да биде отворен пред граѓаните. Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја. Димитриевски порача дека следниот период ќе биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со јасна определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава. „Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат: ‘Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија.’“ - порача Димитриевски на крајот од своето обраќање. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува посветено на политиката која својата смисла ја наоѓа во државниот интерес, со стремеж кон создавање на Македонија која ќе биде стабилна, самоуверена и достоинствена држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
Здравје „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувањаОпштина Кисела Вода, во соработка со здружението „ХЕМА-ОНКО“, попладнево во Паркот на братнителите во Драчево, одржа едукативна трибина за превенција од малигни заболувања.Целта на настанот под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, е да се подигне свеста за рано откривање и навремено лекување.. Под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, денес во „Паркот на бранителите“ во населбата Драчево се одржа едукативна трибина посветена на превенцијата и раното откривање на малигните заболувања. Настанот беше организиран од страна на Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“. Со оваа трибина, официјално се означи почетокот на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Кампањата која симболично стартуваше токму од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври. Присутните граѓани имаа можност да слушнат корисни и стручни совети од врвни специјалисти кои работат во оваа област, но и да проследат силно лично искуство од членка на „ХЕМА-ОНКО“, која ја сподели својата храбра борба со болеста. На трибината свое излагање имаа Наташа Бабулова од „ХЕМА-ОНКО“, специјалист д-р Албина Чресловник Пупакоски и медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, како и доцент д-р Билјана Божиновска, радиолог од ГОБ „8 Септември“. Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, во своето обраќање ја истакна важноста на превенцијата и навремената дијагностика како клучни фактори во борбата за животот, потенцирајќи ја континуираната поддршка од општината. -Здравјето е наш најголем приоритет, а превенцијата е најсилното оружје кое го имаме. Нашата цел е да ја подигнеме јавната свест, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се од исклучително значење. Ги охрабрувам сите граѓани да се грижат за своето здравје и редовно да прават прегледи. Во оваа борба никој не е сам, а Општина Кисела Вода останува силен партнер и поддржувач на секоја иницијатива која значи живот и здраво општество- порача градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook