Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување - Канал 5

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување

 Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери

Димитриевски: Македонија не смее да биде повеќе монета за поткусурување

Државата не смее да биде повеќе монета за поткусурување во рацете на неспособни и корумпирани лидери. Време е за промена што ќе произлезе од народот, а не од политички пазари, порача претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски од Охрид, до раководството на СДСМ.

Тој денеска присуствува во Охрид, во рамки на кампањата „Заедно знаеме повеќе“.

-Тие беа трговци, а нашите белези на главите стојат сѐ уште тука, зошто? Верувавме ние во тие концепти, за жал не’ продадоа. Но, тие лоши трговци менуваа, за жал, и трампеа бајадери за корнишони. И тоа не смееме никогаш повеќе да го дозволиме. Се играа со тоа што е најсвето за сите нас и ги поминаа сите граници, рече Димитриевски.

Време е, како што посочи, да го вратиме достоинството, чесноста и визијата во политиката.

-Народот ќе зборува. И ќе победи на претстојните локални избори, додаде Димитриевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 30 луѓе убиени во самоубиствен напад врз полициски комплекс во Пакистан

Најмалку 30 лице загинаа во самоубиствен напад врз полициски комплекс во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции.

Најмалку 30 луѓе убиени во самоубиствен напад врз полициски комплекс во Пакистан

Нападот бил извршен со автомобил наполнет со експлозив, кој бил насочен кон објектот во момент кога полицајци и членови на нивните семејства биле собрани на молитва во џамија во рамките на комплексот.

Експлозијата предизвикала големи материјални оштетувања, а спасувачките екипи продолжиле да го пребаруваат подрачјето. Надлежните стравуваат дека бројот на жртвите би можел дополнително да се зголеми.

Пакистан во последните години се соочува со зголемен број напади врз полицијата и безбедносните сили, особено во областите во близина на границата со Авганистан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ- Отчет две години учество во владата

Движењето ЗНАМ го претстави отчетот за две години учество во Владата:

ЗНАМ- Отчет две години учество во владата

“ДВЕ ГОДИНИ РАБОТА.

ДВЕ ГОДИНИ РЕЗУЛТАТИ.

ЕДНА ЉУБОВ – МАКЕДОНИЈА!“

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја претстави публикацијата со отчет за работата на избраните и именуваните функционери од редовите на Движењето во изминатите две години.

Обраќајќи се пред граѓаните, Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, порача дека отчетот не е само пресек на изминатиот период, туку обврска резултатите од извршувањето на јавните функции да бидат достапни, проверливи и отворени за критика.

„Не тргнавме во политиката затоа што верувавме дека власта е лесен пат кон моќта. Напротив, верувавме дека јавната функција, ако ја сфатиш сериозно, е една од најтешките форми на лична и морална одговорност.“ - истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека со преземањето на одговорноста во Владата престанал периодот во кој било доволно да се укажува на проблемите и дека секое ветување дадено пред граѓаните мора да биде претворено во конкретен резултат.

„Не велам дека сме завршиле. Овој отчет не го споделуваме како точка на крајот, туку како пресек на еден период по кој мора да следи уште поголема одговорност“ - порача Претседателот на ЗНАМ.

Во своето обраќање, Димитриевски нагласи дека отчетот не треба да остане затворен во партиските архиви.

„Нека го читаат. Нека го критикуваат. Нека ги споредуваат резултатите. Нека ни кажат и каде можевме подобро“ - порача тој, нагласувајќи ја определбата за отчетот да биде отворен пред граѓаните.

Говорејќи за политичката визија на Движењето, Димитриевски истакна дека ЗНАМ се залага за европска и реформирана Македонија, но и за држава која го зачувува и афирмира сопствениот идентитет, јазик, култура и историја.

Димитриевски порача дека следниот период ќе биде период на продолжување и продлабочување на започнатите промени, со јасна определба Македонија да биде посилна, поуредена, помодерна и поспособна држава.

„Да ја чуваме Македонија, не само како спомен од минатото, туку како надеж за иднината. Да оставиме држава во која нашите деца ќе кажат:

‘Овде сакам да живеам. Овде сакам да создавам. Ова е мојата Македонија.’“ - порача Димитриевски на крајот од своето обраќање.

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува посветено на политиката која својата смисла ја наоѓа во државниот интерес, со стремеж кон создавање на Македонија која ќе биде стабилна, самоуверена и достоинствена држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Општина Кисела Вода, во соработка со здружението „ХЕМА-ОНКО“, попладнево во Паркот на братнителите во Драчево, одржа едукативна трибина за превенција од малигни заболувања.

 „Заедно за рано откривање, заедно за живот“ - едукативна трибина за превенција од малигни заболувања

Целта на настанот под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, е да се подигне свеста за рано откривање и навремено лекување..

Под мотото „Заедно за рано откривање, заедно за живот“, денес во „Паркот на бранителите“ во населбата Драчево се одржа едукативна трибина посветена на превенцијата и раното откривање на малигните заболувања. Настанот беше организиран од страна на Општина Кисела Вода, во соработка со Здружението „ХЕМА-ОНКО“.

Со оваа трибина, официјално се означи почетокот на овогодишната кампања „Розев Октомври“. Кампањата која симболично стартуваше токму од општина Кисела Вода, ќе биде заокружена со голем „Розев пикник“ на Школка во Градскиот парк на 4 октомври.

Присутните граѓани имаа можност да слушнат корисни и стручни совети од врвни специјалисти кои работат во оваа област, но и да проследат силно лично искуство од членка на „ХЕМА-ОНКО“, која ја сподели својата храбра борба со болеста. На трибината свое излагање имаа Наташа Бабулова од „ХЕМА-ОНКО“, специјалист д-р Албина Чресловник Пупакоски и медицинската сестра Јасмина Јовческа од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, како и доцент д-р Билјана Божиновска, радиолог од ГОБ „8 Септември“.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, во своето обраќање ја истакна важноста на превенцијата и навремената дијагностика како клучни фактори во борбата за животот, потенцирајќи ја континуираната поддршка од општината.

-Здравјето е наш најголем приоритет, а превенцијата е најсилното оружје кое го имаме. Нашата цел е да ја подигнеме јавната свест, бидејќи превенцијата и навремената дијагностика се од исклучително значење. Ги охрабрувам сите граѓани да се грижат за своето здравје и редовно да прават прегледи. Во оваа борба никој не е сам, а Општина Кисела Вода останува силен партнер и поддржувач на секоја иницијатива која значи живот и здраво општество- порача градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер