Димитриевски: Кризата со откупот на млеко се зголемува, Мицкоски нема пари за земјоделците - Канал 5

Димитриевски: Кризата со откупот на млеко се зголемува, Мицкоски нема пари за земјоделците

Додека Мицкоски го штити Трипуновски сточарите се во тешка криза.

Димитриевски: Кризата со откупот на млеко се зголемува, Мицкоски нема пари за земјоделците

Сточарството буквално се распаѓа. Откупот е намален и со понижувачка откупна цена од едвај дваесетина денари за литар млеко.

Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Некој прави огромни профити врз грбот на земјоделците.

Кризата дополнително се продлабочува. Две млекарници во делчевскиот регион најавија прекин на откупот, што значи дека многу сточари остануваат без пласман и без егзистенција.

Дополнително, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко. Затоа прашуваме: каде се парите за земјоделците? Дали во Буџетот веќе ги нема?

СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен откуп на млекото и посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко преку интервентната програма.

Ова што се случува е недозволиво!

Мицкоски го уништи земјоделството. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46 проценти, а земјоделците се оставени без заштита и без перспектива.

Хаосот е насекаде – кај сточарите, градинарите, оризопроизводителите, овоштарите и пчеларите. Сите се соочуваат со исти проблеми: ниски откупни цени, неисплатени субвенции и несигурен пласман.

Го прашуваме Мицкоски зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката? Зошто доцнат субвенциите?

Затоа што, како што рековме нема пари во буџетот за земјоделците заради криминални тендери.

Сега снемува пари и за тендери штом му се брза со избори.

YouTube video

Прес-конференција на СДСМ, Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Порше ја отфрла групацијата Фолксваген: Се здружува со кинески производител!

Порше ќе ги пресметува своите емисии на CO2 во Европа заедно со кинескиот производител на автомобили „Xpeng“ наместо со групацијата Фолксваген во 2026 и 2027 година.

Порше ја отфрла групацијата Фолксваген: Се здружува со кинески производител!

Овој потег треба да ѝ олесни на групацијата Фолксваген да ги исполни европските цели за емисии и да го намали ризикот од големи казни, според нов извештај во кој се цитира аналитичарот Матијас Шмит. Со исклучување на Порше од просекот на групата, Фолксваген ќе може да го подобри својот вкупен резултат.

Просечните емисии на групацијата Фолксваген во Европа во 2025 година, вклучувајќи го и Порше, беа 100 g/km, додека целта на Европската Унија беше 93,6 g/km, објавува „CarScoops“.

Доколку производителите не ги исполнат целите, казната е 95 евра за секој грам CO2 над дозволената граница по возило. Вкупните казни за групацијата Фолксваген за периодот од 2025 до 2027 година би можеле да достигнат дури 1,5 милијарди евра.

Порше би можел дополнително да влијае на просекот на групата, бидејќи продажбата на неговите електрични автомобили во Европа ослабе. Побарувачката за „Taycan“ и целосно електричниот „Macan“ особено е намалена, додека компанијата се насочува повеќе кон модели со мотори со внатрешно согорување.

Не е познато колку „Porsche“ ќе му плати на „Xpeng“ за обединување на емисиите. Сепак, очигледно се проценува дека таков договор е финансиски поповолен од ризикот „Volkswagen Group“ да ги надмине дозволените вредности и да плати високи казни. „Xpeng“ продаде околу 19.000 електрични автомобили во Европа во првите шест месеци од оваа година, што е раст од 126 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Алијансата „Porsche-Xpeng“ останува отворена за други производители на автомобили кои сакаат да се приклучат. Производителите можат да формираат или да ги менуваат овие групи до 31 декември.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Англеов: Спречена е голема катастроф во битолско Лозани

Огнена линија долга неколку километри.

Англеов: Спречена е голема катастроф во битолско Лозани

Голем пожар беснее кај селото Лозани, битолско, а огнот стигнал и до непосредна близина на куќите.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, објави видео од местото и порача дека опасноста сè уште трае.

Според Ангелов, благодарение на пожарникарите од Битола и локалното население била спречена голема катастрофа.

Директорот на ДЗС посочи дека куќите се наоѓале веднаш зад местото каде што пожарот бил активен. Линијата на пожарот е долга неколку километри, поради што се активираат тимови за брз одговор. На пат кон селото се упатуваат и четири теренски возила Пинцгауер на Дирекцијата за заштита и спасување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружба

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши обиколка на спортско-рекреативниот центар на Кејот на Вардар, каде оствари средби со лицата кои управуваат со спортските содржини. 

Општина Карпош: Кејот на Вардар - место за спорт и дружба

Посетени беа адреналинскиот парк, алпинистичката карпа, скејт-паркот и фудбалскиот терен, при што се разговараше за нивната состојба, потребите и можностите за понатамошно уредување.

Фокусот е ставен на реновирање, унапредување и модернизација на спортските терени и реквизити, со цел создавање на модерен спортски комплекс на отворено. Место каде младите карпошани ќе се собираат, ќе се дружат, ќе спортуваат и рекреираат, исполнувајќи го слободното време со спорт и позитивна енергија. Кејот на Вардар има потенцијал да стане вистинско спортско срце на Карпош– простор за сите генерации, а особено за младите.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер