Димитриевски: Ќе работам за развој на Куманово - Канал 5

Димитриевски: Ќе работам за развој на Куманово

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски заедно со сопартијците од Движењето ЗНАМ-За Наша Македонија и коалициските партнери од ВМРО - ДПМНЕ слави победа на градскиот плоштад во Куманово.

Димитриевски: Ќе работам за развој на Куманово

Во изјавата за медиумите Димитриевски рече дека е победа на граѓаните, се заблагодари на вклучените во изборниот процес, се заблагодари на поддршката на граѓаните и во вториот круг и посочи дека ја примил честитката од противкандидатот за која се заблагодари.

- Ние од ЗНАМ, јас како градоначалник на Куманово ја примив пораката од кумановци. Моја обврска е да продолжам во континуитет да работам за мое Куманово и дополнително да работам ЗНАМ да се етаблира на политичката сцена. Сакам да се заблагодарам на сите коалициски партнери кои дадоа поддршка, тргнувајќи од ВМРО ДПМНЕ и целата владина Коалиција, но пред сè на кумановци кои не се штедеа себе си, излегоа на избори. Што се однесува до нискиот одзив на излезност, порака веќе е сфатена драги кумановчани, ќе продолжиме посветено да работиме исклучиво за вас, изјави Димитриевски.

Тој кажа дека победата не била лесна „со оглед на фактот, бидејќи знаевме кои се имавме на другата страна и кои бизнис и лоби групации го поддржуваа другиот концепт“, но дека победата е јасна.

Во следниот период, Димитриевски најави дека ЗНАМ со коалициските партнери ќе го менаџира градот и двојно ќе реализира проекти за подобрување на животниот стандард, условите, и поголем економски раст на Куманово. Тимот како што најави ќе биде дооформен и Куманово ќе стане главен логистички центар не само во Македонија, туку и на Балканот.

- Ниската излезност е повеќе од јасно дека граѓаните негодуваат, дополнително сметам дека имаа одреден број граѓани кои однапред сметаа дека победникот е познат, како и да е таа ќе биде предмет на анализа, рече Димитриевски, одговарајќи на новинарски прашања.

За него, кажа дека значи незаинтересиранот за изборниот процес, што значи дека „нешто не штима“ и во следниот период ќе работи согласно потребите на кумановци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање во вториот квартал, во услови на значителна геополитичка нестабилност и сигнализираа континуирана зголемена аверзија кон ризик во летните месеци.

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање

Банките во еврозоната ги заострија критериумите за кредитирање во вториот квартал, во услови на значителна геополитичка нестабилност и сигнализираа континуирана зголемена аверзија кон ризик во летните месеци, според кварталниот извештај објавен денес од Европската централна банка (ЕЦБ).

Побарувачката на корпорациите за кредити малку се зајакна помеѓу април и јуни, но сепак кредиторите отфрлија поголем дел од апликациите во сите категории на кредити, покажа анкетата на ЕЦБ на 159 големи банки од еврозоната.

Стандардите за кредитирање беа заострени за компаниите во повеќето сектори, како што се автомобилската индустрија и големите индустриски потрошувачи на енергија, објавија банките.

Резултатите од анкетата во голема мера се совпаѓаат со долгогодишниот став на ЕЦБ дека војната во Иран ќе дејствува како товар за економскиот раст; како голем увозник на енергија, еврозоната се соочува со намалена потрошувачка и еродирани приходи од производството поради порастот на цените на нафтата.

Според извештајот на ЕЦБ, главните фактори зад заострените услови за кредитирање повторно беа „перципираните ризици поврзани со економските изгледи и намалената толеранција на банките кон ризик“, при што се истакнува дека банките продолжуваат внимателно да ги следат ризиците поврзани со геополитичките случувања и состојбата на пазарот на енергенти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Собранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирање

Во Собранието започна комисиската расправа за измените на Законот за високото образование, кои меѓудругото предвидуваат повисоки стандарди во високообразовниот систем.

Собранието ги отвори законите за високо образование: Построги критериуми за професорите и нов модел на финансирање

Во Собранието започна комисиската расправа за измените на Законот за високото образование, кои меѓудругото предвидуваат повисоки стандарди во високообразовниот систем, нов модел на финансирање на универзитетите и построги критериуми за избор на наставниот кадар. Заменик министерот за образование Дритон Сулејмани го образложи предлог решението кое треба да обезбеди и нов систем за обезбедување квалитет, со построги правила за акредитација и периодична евалуација на високообразовните установи, како и поголема отчетност во трошењето на јавните средства.

Уште на стартот, предлог-законот наиде на критики од опозицијата, која тврди дека наместо суштински реформи, предложените решенија отвораат нови проблеми и бара нивно повлекување или значителни измени преку амандманска расправа.

Предлог-законот веќе предизвика реакции во академската јавност. Дел од професорите ги поддржуваат повисоките стандарди, но предупредуваат дека критериумите за избор во звања би можеле да бидат тешко остварливи за одредени научни области. Забелешки има и за новиот модел на финансирање односно дека би можел да ги стави во понеповолна положба помалите факултети.

По расправата во матичната комисија за образование, наука и спорт, за пакетот реформски закони од високото образование ќе биде организирана јавна расправа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 21 јули 2026 година, во 15:13 часот во Португалија.

Силен земјотрес ја погоди Португалија

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во близина на Азорските Острови.

Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 12 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер