Димитриевски го отвори вториот Конгрес на Движењето ЗНАМ - за Наша Македонија - Канал 5

Димитриевски го отвори вториот Конгрес на Движењето ЗНАМ - за Наша Македонија

Вториот Конгрес на Движењето ЗНАМ - за Наша Македонија денеска во Скопје го отвори в.д.претседателот на партијата Максим Димитриевски

Димитриевски го отвори вториот Конгрес на Движењето ЗНАМ - за Наша Македонија

Вториот Конгрес на Движењето ЗНАМ - за Наша Македонија денеска во Скопје го отвори в.д.претседателот на партијата Максим Димитриевски, кој лично и во име на раководството на партијата им се заблагодари на сите поединци и групи, кои учествувале во процесот на формирање на општинските организации и на Градската оргнаизација на партијата во Скопје.

Тој во негово име и во име на досегашниот состав на Извршниот одбор на партијата, го предложи составот на работното претседателство на вториот Конгрес и тоа генералниот секретар на партијата Горан Минчев, како член на работното прертседателство, потпретседателите на партијата Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски, организацискиот секретар Сашо Петрушевски и претседавачот на Централниот одбор Игор Филков.

Во поздравното обраќање Димитриевски се осврна на првиот основачки конгрес на ЗНАМ во пресрет на претседателските и парламентарните избори 2024 година, кога, како што рече, се етаблирале како нов политички субјект на македонската политичка сцена, а тој ја доби довербата да биде в.д. претседател на партијата и партиски кандидат за тогашните претседателски избори.

- Со многу верба, енергија и ентузијазам, заедно ја истрчавме кампањата и добивме и се стекнавме со сериозна поддршка од граѓаните, затоа што ја препознаа нашата визија и јасен став дека политиката може и мора да се заснова на чесност, интегритет и многу љубов кон нашата заедничка татковина. Резултатот што го постигнавме беше импресивен. За само четири месеци од формирањето на една млада и нова политичка партија, и со само 14 формирани до тој момент општински организации во целата држава, освоивме за кандидатот за претседател 87 илјади гласови, чисти како солза, шест пратенички собраниски мандати и покажавме и докажавме дека сме на вистинскиот пат во создавањето на политчки субјект што ќе трае на политичката сцена со своја автентична платформа и визија за развој на наша Макеоднија, рече Димитриевски.

За период од само една година, посочи тој, се посветивме на изградба на партиската структура ширум државата и денес Движење за наша Макеоднија има 53 општински организации и Градска ореганизација на Град Скопје. Според него, тоа е доказ дека се најбрзорастечкиот политички субјект на македонската политичка сцена, кој може да се пофали со својот вонередно квалитетен кадровски потенцијал.

- Денеска ЗНАМ е сериозен политички субјект, кој активно ги креира државните политики и е составен дел на власта, но апсолутно никогаш не заборава на граѓаните, рече меѓу другото Димитриевски, во отворањето на вториот Конгрес на ЗНАМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зијадин Села во „Само Интервју“

„Само Интервју“ утре со Зијадин Села

 Зијадин Села во „Само Интервју“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет.. 

ЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евра

Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година.

Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ен Хатавеј прв пат се појави со бебето- прошета низ Њујорк, сите гледаат во еден детал (ВИДЕО)

Холивудската актерка Ен Хатавеј стана мајка по трет пат! 

Ен Хатавеј прв пат се појави со бебето- прошета низ Њујорк, сите гледаат во еден детал (ВИДЕО)

Ѕвездата од филмот „Ѓаволот носи Прада“ и нејзиниот сопруг Адам Шулман го добија своето трето дете, а актерката беше фотографирана за прв пат со своето новороденче за време на опуштена прошетка низ улиците на Њујорк, објави ТМЗ.

Во вторник, 17 ноември, Ен беше видена во друштво на пријателка, додека го носеше бебето во носилка закачена на градите. Изгледаше многу весела, разговараше, се смееше и уживаше во прошетката, а во еден момент дури и застана да направи неколку фотографии со својата пријателка. Иако е навикната на вниманието на јавноста, актерката овој пат беше во сосема поинаква улога, посветена на најмладиот член од нејзиното семејство.

Веста за новото бебе беше особено радосна за нејзините обожаватели, кои ја следеа нејзината трета бременост во претходните месеци. Ени објави во јуни оваа година дека очекува бебе, и тоа на многу нежен начин. Таа сподели фотографија на Инстаграм во бел комбинезон, откривајќи го својот труднички стомак, со натпис „Бебе, јас сум твоја“.

Актерката и нејзиниот сопруг Адам Шулман, со кого е во брак од 2012 година, веќе имаат два сина, Џонатан и Џек. Нивниот прв син е роден во 2016 година, а вториот во 2019 година, па доаѓањето на нивното трето дете го прошири нивното семејство на пет члена.

Интересно е што за време на гостувањето во шоуто на Сет Мејерс, Ени зборуваше за изненадувањето што го донесе нејзината трета бременост. Таа призна дека таа и нејзиниот сопруг биле изненадени кога дознале дека повторно очекуваат бебе, а на шега го нарекле своето ново бебе свое „чудно“ дете, алудирајќи на неочекуваниот, но совршен момент.

Името, полот и точниот датум на раѓање на бебето сè уште не се откриени. Сепак, првите сцени на актерката со новороденчето веќе предизвикаа голем интерес, особено затоа што Ени и Адам се многу внимателни во заштитата на приватноста на своите деца и ретко ги покажуваат на јавноста.

За актерката, ова е особено убав крај на исклучително напорна година. Покрај семејните промени, 2026 година беше обележана и со бројни филмски проекти, вклучувајќи го и враќањето во улогата на Енди Сакс во продолжението на „Ѓаволот носи Прада“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер