На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
2На дното на Средоземното Море се пронајдени остатоци од брод, стар 2.100 години- археолозите изненадени од товарот
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: За еврообврзницата постигнавме најконкуретна цена, одговорност кон фискална состојба и идните генерацииМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оцени дека условите за 10-тата еврообврзница се најконкурентна цена на задолжување што државата ја има постигнато во последните две децении и оти се постигнати историски најниски маргини.Задолжувањето се реализира преку две транши од по 500 милиони евра, со рок на доспевање од 4 и од 8 години и таквата структура, според министерката, овозможува оптимално распоредување на обврските во среден и долг рок, како и дополнително намалување на ризиците поврзани со рефинансирање. Каматните стапки кои се постигнати, како што рече на прес-конференција во Владата, се меѓу најповолните во однос на референтната вредност на Еурибор во последните дваесет години. За траншата со рок од 4 години каматата изнесува 3,875 проценти, а за траншата со рок од 8 години 4,75 проценти. Особено имајќи го предвид актуелното високо ниво на Еурибор, овие услови претставуваат најконкурентна цена на задолжување што државата ја има постигнато во последните две децении, рече Димитриеска Кочоска. Како резултат на побарувачката и внимателно одбраниот момент за излез на пазарите, наведе таа, кај двете транши е постигната најтесна каматна маргина во однос на референтниот Еурибор, споредено со сите државни издавања во изминатите дваесет години. -Ако се направи споредба, маргината којашто сме ја имале во 2020 година била 3,78 проценти за разлика од тоа што годинава за четиригодишната обврзница, маргината ни е 1,625 процентни поени. Можам да кажам историски најнизок, но ајде да бидеме коректни до крај четиригодишна е, различни рочности имаме. Но ќе ја земам предвид и онаа осумгодишната која пак во последните 20 години има најдолга рочност, тука разликата е 2,5 проценти. И јасно се гледа дека ова се историски најниски маргини коишто Министерството за финансии успеа да ги постигне, рече Димитриеска Кочоска, во одговор на новинарско прашање. Да не се лажеме, нагласи таа, беше многу тешко. Во услови кога имаме највисок износ на јавен процент на јавен доход од бруто домашен производ, дополни таа, извојувавме и добивме најдобри резултати. Тоа е резултат на посветеноста пред се на колегите во Министерство за финансии затоа што во последните три месеци ние бевме во постојана комуникација со инвеститорите, постојано одговаравме на прашања за состојбите во економијата, какви биле, какви се сега, какви ќе бидат во иднина нашите планови, сето тоа очигледно имаше влијание за да успееме да ги оствариме овие резултати, рече Димитриеска Кочоска. Таа истакна дека е особено горда што првпат сме добиле инвеститори кои никогаш не инвестирале во македонска еврообврзница и оти ја радува фактот што има многу инвеститори коишто се пензиски фондови, коишто, појасни, не планираат да ги купуваат нашите обврзници за потоа да ги продаваат на секундарниот пазар, туку да ги чуваат до доспевање. - Тоа покажува дека состојбата во државата се менува и инвеститорите во нас гледаат позитивна енергија и дека нешто се случува добро со државата, рече Димитриеска Кочоска. Нагласи дека интересот од инвеститорите бил исклучително висок и оти само еден час по објавувањето на почетните каматни стапки, побарувачката достигнала две милијарди евра. Пред отворањето на американскиот пазар, книгата на инвеститори надминала три милијарди евра, а по неговото отворање, вкупната понуда достигна повеќе од четири милијарди евра. Ова, смета министерката, претставува јасен и мерлив доказ за силната доверба во нашата фискална стратегија и макроекономска стабилност. Во процесот учествувале повеќе од 150 глобални инвеститори, со диверзифицирана база која, посочи, опфаќа еминентни институционални инвеститори од Германија, Соединетите Американски Држави, Велика Британија и земјите од Европската Унија. Според министерката, при носењето на одлуката за еврообврзницата водечко начело била одговорноста кон тековната фискална состојба и кон идните генерации бидејќи, појасни, нашата цел, не е само редовно сервисирање на обврските, туку создавање одржлива и стабилна фискална рамка, со помал притисок од отплати и со повеќе простор за суштински реформи. Особено значајно, рече, е што успеавме да пласираме осумгодишна еврообврзница – доспевање кое последен пат беше постигнато пред повеќе од дваесет години. -Ова претставува силен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори во економските политики, реформската агенда и стабилноста на земјата, рече Димитриеска Кочоска. Таа наведе дека трошоците за синдикатот на банки и за правните советници се пропорционално најниски досега во споредба со претходните издавања. Дополнително, со цел целиот процес да биде максимално исплатлив и со најмали можни фискални оптоварувања, донесена е одлука паралелно со новата емисија да реализираме и предвремен откуп на еврообврзницата што достасува во јуни 2026 година. Со оваа одлука ќе оствариме заштеди кои во значителен дел ќе ги компензираат трошоците од новото издавање. Димитриеска Кочоска вели дека нашата земја во моментов се задолжува по услови подобри од повеќето земји во Западен Балкан, со каматни стапки кои се блиску до регионскиот минимум и со исклучително силен интерес од меѓународните инвеститори. За споредба, рече таа, земји од поширокиот регион и Западен Балкан, како и земји со повисок кредитен рејтинг и членство во Европската Унија, се задолжуваат по значително повисоки каматни стапки. Романија во октомври 2025 година издаде еврообврзници со каматни стапки од приближно 5,5 проценти за 7-годишна, околу 6,0 проценти за 12-годишна и над 6,5 проценти за 20-годишна рочност. Србија во последните издавања се задолжува со каматни стапки во опсег од околу 4,4 до 5,0 проценти за среднорочни и долгорочни еврообврзници, Црна Гора по стапки од околу 4,8 до 4,9 проценти за седумгодишни обврзници, Албанија со десетгодишна еврообврзница по каматна стапка од околу 4,75 проценти, додека Босна и Херцеговина преку издавање на петгодишна еврообврзница се задолжи по каматна стапка од околу 5,5 проценти. -Големата побарувачка, која беше повеќекратно повисока од понудениот износ од една милијарда евра, јасно ја потврдува стабилноста на макроекономските политики и одговорниот пристап во управувањето со јавниот долг. За споредба, земји од поширокиот регион и Западен Балкан, како и земји со повисок кредитен рејтинг и членство во Европската Унија, во последниот период се задолжуваат по значително повисоки каматни стапки. Во таков контекст, каматните услови што ги обезбеди нашата држава се меѓу најповолните во регионот и пошироко, што дополнително ја зацврстува позицијата на државата како стабилен, кредибилен и конкурентен издавач на меѓународните финансиски пазари, рече министерката за финансии. Со средствата обезбедени преку оваа еврообврзница, предвидена во Буџетот за 2026 година, ќе се изврши навремена исплата на еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, а останатите средства ќе бидат насочени кон финансирање на буџетскиот дефицит и реализација на развојни проекти од суштинско значење за економскиот раст. Издавањето на оваа еврообврзница е целосно проектирано и планирано во Буџетот за 2026 година, како и во Ревидираната стратегија за управување со јавниот долг. -Тоа значи дека иако номиналниот износ на задолжувањето изнесува една милијарда евра, во текот на 2026 година Министерството за финансии ќе изврши исплата на обврски по основ на надворешен долг во вкупен износ од околу 893 милиони евра. Со тоа нето-ефектот врз јавниот долг е значително понизок и во целост усогласен со среднорочната фискална рамка, рече министерката за финансии. Ова издавање, укажа, има јасна улога во рамномерно распределување на доспевањата и во намалување на ризиците поврзани со концентрација на отплати во поединечни години. Во 2026 година, вкупните обврски за отплата на домашниот и меѓународниот пазар изнесуваат околу 1,563 милијарди евра, во 2027 година 1,579 милијарди евра, во 2028 година 1,971 милијарди евра, во 2029 година 1,304 милијарди евра, а во 2030 година 1,414 милијарди евра или вкупно за пет години 8,804 милјарди евра. Тим на Министерството за финансии во ноември лани реализираше посета на Лондон, каде што во организација на водечки инвестициски банки ја претстави земјата пред повеќе од 40 инвеститори. Во периодот од 11 до 12 јануари годинава се остварени средби со повеќе од 60 глобални инвеститори, меѓу кои најголемите пензиски фондови и осигурителни компании од САД, како и инвестициски фондови од целата Европска Унија. Bank of America имаше водечка улога во координацијата на процесот на издавање на обврзницата.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаМаж и жена направиле „фабрика за деца“, ги злоставувале новороденчињата- хорор во Лос Анџелес Брачна двојка од Калифорнија ја претворила својата вила во округот Лос Анџелес во морничав објект за сурогат мајчинство, каде што најмалку 14 деца се родени од сурогат мајки, вклучувајќи бебиња на возраст од само два месеци. Тие наводно биле постојано злоупотребувани и тепани од нивните „дадилки“, соопштија обвинителите, според „Law&Crime“. Гваџун Сјуан (66) и Силвија Жанг (39) беа обвинети во вторник по едно обвинение за заговор за извршување злоупотреба на деца. Сјуан е обвинет и за кривично дело злоупотреба на деца, помагање и поттикнување на кривично дело и пет обвиненија за заплашување на сведоци. Двојката ангажирала „повеќе дадилки за да ги надгледуваат и дисциплинираат децата“ кои живееле во нивната вила во Аркадија. Меѓу нив имала жена која веќе е обвинета за злоупотреба на деца под околности што веројатно би резултирале со сериозни повреди или смрт, соопшти Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Лос Анџелес. Според обвинителите, 21 дете живееле во домот на Шуанг и Жанг. 15 од нив наводно биле подложени на „повторено физичко малтретирање“, додека 14 се родени преку сурогат мајчинство. Двојката беше под истрага и уапсена минатата година, но подоцна беше ослободена без обвинение. „Бројот на деца кои биле подложени на оваа наводно ужасна злоупотреба е без преседан“, изјави во вторникот окружниот обвинител на округот Лос Анџелес, Натан Џ. Хохман. Случајот беше откриен откако полицијата добила пријава дека 2-месечно бебе претрпело повреда на главата. Шуанг и Жанг се обвинети за создавање дом каде што децата биле „систематски тепани и казнувани ако не го стореле она што им било кажано“. Според кривичната пријава, Шуанг и Жанг воделе сопствена компанија за сурогат мајчинство и наводно им давале лажни информации на најмалку две жени кои се согласиле да бидат сурогат мајки. На една од нив наводно ѝ било кажано дека Жанг е „самохрана мајка која се бори да има дете“. „Дадилките“ кои биле одговорни за грижата за децата родени преку сурогат мајчинство поминувале по неколку часа секој ден во импровизирани училници во домот Аркадија, се тврди во обвинението. Според обвинителството, Шуанг и Жанг поставиле три соби во домот како „центри за учење“, каде што бројни мали деца поминувале по неколку часа секој ден седејќи на бироа под надзор на дадилките. Низ целиот дом биле инсталирани околу 32 камери активирани со движење, снимајќи видео и аудио, вклучувајќи ги и собите каде што биле децата и дадилките. Во текот на 11 дена, од 27 април до 7 мај 2025 година, камерите наводно ги снимиле дадилките како ги удираат, удираат и тепаат децата. Во еден случај, дадилката наводно удрила дете со чевла, додека Жанг и друга дадилка „се смееле додека го гледале видеото“. Обвинителите тврдат дека на 30 април 2025 година, Сјуан влегол во една од училниците и ѝ рекол на дадилката која го казнувала детето да „го удри посилно“. Потоа постојано го удирал детето по телото, го удирал по главата со отворена дланка, а потоа го кренал држејќи го за едната рака додека продолжувал да го удира, според обвинението. Камерите не го покривале секој дел од куќата, тврдат обвинителите. Една соба не била под видео надзор, а некои дадилки биле видени како „внесуваат деца во таа соба“ на видеото. „Врисоците на децата можеле да се слушнат одвнатре“, тврдат обвинителите. Двомесечното момче кое претрпело повреда на главата наводно било удрено од дадилката на 4 мај 2025 година. Шуанг и Жанг чекале два дена пред да побараат медицинска помош, според обвинението, и наводно им кажале на здравствените работници дека бебето „паднало од кревет“. Двојката е обвинета и за тоа што ги советувала децата што да им кажат на полицајците за да ги молчат за злоупотребата и за криење стапчиња што наводно биле користени за тепање на децата. „Жанг им наложил на децата... да негираат дека биле тепани“, се наведува во обвинението. Издаден е налог за дадилката, Чунмеи Ли, која веќе е обвинета, со кауција од 105.000 долари, велат обвинителите. Шуанг и Жанг требало да се појават на суд во Пасадена во вторник. Како што претходно беше објавено, државата им одзела 21 дете кое живеело со Шуанг и Жанг. Двојката наводно пронашла сурогат мајки преку Фејсбук. Доколку биде осуден, Шуанг се соочува со затворска казна до 17 години и четири месеци, додека Жанг може да биде осуден на максимум 11 години и осум месеци. Чунмеи Ли се соочува со затворска казна до 12 години.Тагови: деца Лос Анџелес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПетгодишно дете загина, откако врз него падна огромен екран во училиште на Флорида Петгодишно момче почина откако голем видеоекран падна врз него вчера во основно училиште во Флорида. Несреќата се случи во училиштето „Ривиера“ во Палм Беј. И покрај брзата интервенција на училишниот персонал и службите за итни случаи, момчето им подлегна на повредите во болницата подоцна истиот ден, пишува „Пипл“. Заменик-шефот на полицијата во Палм Беј, Ник Шчепански, потврди на прес-конференција дека вработените во училиштето веднаш се јавиле на 911 и почнале сами да му помагаат на момчето додека не пристигнале болничарите. Семејството го идентификувало момчето како Белами Докинс-Морис. „Според првичните информации, се чини дека станува збор за трагична несреќа. Сепак, нашите истражители од Одделот за специјални жртви и сериозни кривични дела, заедно со форензичарките, спроведуваат детална истрага“, објасни Шчепански. „Очекувавме да биде безбеден во училиштето“ Полицијата и училишниот округ Бревард сè уште не објавија точно како паднал екранот. Семејството на детето им кажа на локалните медиуми дека им било кажано дека Белами го нишал екранот пред структурата да се преврти врз него. Поради ова, тие се прашуваат дали екранот бил правилно обезбеден и дали момчето било надгледувано. „Очекувавме да биде безбеден во училиште, но не се врати кај нас“, рече тетката на Белами, Миријам Родригез. „Тагата се претвори во гнев. Бараме одговори, и тоа сега“, додаде таа. Надзорникот на училишниот округ, Марк Рендел, го опиша вчерашниот ден како „неверојатно тежок ден“ за целата училишна заедница. „Денес изгубивме скапоцен млад живот и нема зборови со кои би се опишала таа загуба“, рече тој на прес-конференција. „Се сретнав со семејството пред малку. Се занимавам со оваа работа повеќе од 30 години и навистина не знаев што да кажам за да ја пренесам мојата болка и тага што сите ја чувствуваме“, рече тој. Рендел им се заблагодари на службите за итни случаи за нивниот брз одговор и на болничкиот персонал за нивните напори да го спасат момчето. Тој нагласи дека негов приоритет сега е да им пружи поддршка на учениците, наставниците и на сите во училишната заедница. „Постои празнина во срцата на членовите на семејството и јас го чувствувам истото. Загубата е неопислива“, рече тој и ја замоли јавноста да биде со семејството на момчето и со училишната заедница на Ривиера во нивните мисли и молитви.Тагови: дете училиште Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСелин Дион падна среде концерт во Франција (ВИДЕО)Селин Дион падна на сцената за време на концерт во Франција, но брзо се опорави и продолжи да настапува како ништо да не се случило.Несреќата се случи во среда вечерта во Нантер, каде што пејачката одржува концерти како дел од серијата настапи „Селин Дион Париз 2026 - 2027“. За време на изведбата на една од песните, Дион отскокна на едната нога, потоа ја изгуби рамнотежата и падна. Падна на задникот и успеа да го ублажи падот со раката. Веднаш стана, крена палец нагоре за да ѝ покаже на публиката дека е добро и продолжи да пее. Видеото од падот привлече внимание Гари Франк, кој ја сними несреќата, за Storyful изјави дека падот на пејачката го изненадил и го загрижил. Сепак, тој бил воодушевен од тоа колку брзо таа се навикнала и продолжила да настапува. Тој додаде дека несреќата воопшто не влијаела на остатокот од концертот. Враќање на сцената по повеќегодишна пауза Селин Дион се повлече од концертните сцени во последните години поради синдром на вкочанета личност, ретко невролошко нарушување кое предизвикува мускулна вкочанетост и болни грчеви. И покрај здравствените проблеми, пејачката се врати во јавноста во 2024 година со настап на отворањето на Олимписките игри во Париз, а со нова серија концерти се враќа на редовните настапи.Тагови: Селин Дион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter