Димитриеска-Кочоска: Водиме одговорна фискална политика, да ги исполниме сите обврски кон доверителите - Канал 5

Димитриеска-Кочоска: Водиме одговорна фискална политика, да ги исполниме сите обврски кон доверителите

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска соопшти дека во целост е затворен процесот на отплата на Еврообврницата изддена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра .

Димитриеска-Кочоска: Водиме одговорна фискална политика, да ги исполниме сите обврски кон доверителите

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска соопшти дека во целост е затворен процесот на отплата на Еврообврницата изддена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра и дека сите средства потребни за отплата на еврообврзницата беа однапред планирани и обезбедени. Средстата беа депонирани на девизната сметка и отплатата беше реализирана согласно планираната динамика.

„Денеска официјално е заокружена исплатата на еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра. Со тоа, во целост ја исполнивме оваа обврска кон инвеститорите. Средствата од наша страна беа исплатени уште минатата недела, а денеска тие се веќе пристигнати на сметките на инвеститорите. Како што е познато, во февруари годинава предвреме отплативме дел од оваа еврообврзница во износ од 383,7 милиони евра. Нашата цел беше со средствата обезбедени преку еврообврзницата издадена во јануари 2026 година да извршиме предвремен откуп и на тој начин да оствариме заштеди по основ на камати. На тој начин во буџетот заштедивме 3,2 милиони евра“, појасни министерката на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

Таа потенцира дека ова е дел од пошироките активности што континуирано ги презема Министерството за финансии за навремено и редовно сервисирање на сите обврски на државата и дека од втората половина на 2024 година, кога ја презедовме одговорноста за управување со јавните финансии, па до денес, сервисирани се обврски во вкупен износ од 4,556 милијарди евра и дека во наредниот предиот доспеваат за отплата 9 милијарди евра и дека ќе продолжи процесот на внимателно управување со обврските.

„Во втората половина на 2024 година беа исплатени 786 милиони евра, во текот на 2025 година 2,198 милијарди евра, а во текот на 2026 година 1,571 милијарди евра. Во 2027 година 1,4 милијарда евра, во 2028 година 1,9 милијарди евра, 2029 година 1,1 милијарда евра, 2030 година 1,7 милијарди евра и 2031 година 1,2 милијарди евра. Дополнително на тоа се и 12-месечните задолжувања во период од 2026-2031 што значи на годишно ниво околу 1 милијарда евра државни записи кои доспеваат и се враќаат во континуитет“, истакна министерката.

Таа додаде дека станува збор за обврски кои се веќе познати и се дел од среднорочната стратегија за управување со јавниот долг и дека во периодот што следува ќе се продолжи со внимателно планирање и навремено обезбедување средства за нивно сервисирање.

Според министерката ова е реалната состојба со која се управува и на која се пристапува одговорно и транспарентно. Нашиот фокус, рече, е насочен кон сегашноста и иднината, навремено сервисирање на сите обврски, зачувување на кредитниот рејтинг на државата и обезбедување стабилност на јавните финансии. Истовремено остануваме цврсто посветени на фискалната консолидација, постепено намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг, како и обезбедување средства за инвестиции и развој. Тоа е концептот што го спроведуваме од првиот ден и кој има за цел да обезбеди одржлив економски раст и подобар животен стандард за граѓаните.

На прес-конференцијата, на која премиерот се осврна на последно објавените податоци за раст на БДП во првиот квартал од 2026 година, рече дека паралелно со навременото сервисирање на обврските, економијата продолжува да испорачува позитивни резултати.

„Денешните податоци за економската активност се уште еден показател дека можеме истовремено да водиме одговорна фискална политика, да ги исполнуваме сите обврски кон доверителите и да обезбедуваме услови за економски раст. Во таа насока, продолжува реализацијата на капиталните инвестиции, буџетскиот дефицит постепено се намалува, а јавниот долг се одржува на стабилно и одржливо ниво. Нашата определба останува непроменета постепена фискална консолидација, намалување на дефицитот, одговорно управување со јавниот долг и создавање услови за повисок економски раст. Крајната цел на сите овие политики е резултатите од економијата, во време на глобална неизвесност, да се почувствуваат во секојдневниот живот на граѓаните преку повисок животен стандард, повеќе инвестиции и подобри можности за развој“ посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Одделение за односи со јавност

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Сексапилната Абигејл го привлече првото поголемо внимание на јавноста во 2013 година, кога нејзината фотографија на социјалните мрежи стана вирална.

Фото: Абигејл интернет-сензација, милиони фанови секојдневно го разгледуваат нејзиниот профил

Абигејл Рачфорд од Пенсилванија некогаш сакала да стане фудбалерка, но сепак морала рано да се откаже од спортот поради здравствени проблеми.

Во тоа време, таа немала претстава дека неколку години подоцна ќе стане една од најпознатите ѕвезди на Инстаграм и едно од најбараните имиња во светот на манекенството.

Таа првпат привлече значително внимание од јавноста во 2013 година, кога нејзина фотографија стана вирален хит на социјалните мрежи. Оттогаш, нејзината кариера бележи незапирлив подем.

Се пресели во Лос Анџелес и работеше како модел за престижни списанија како *Maxim*, *Esquire* и *Playboy*; денес, таа има милиони следбеници ширум светот.

Абигејл често ја нарекуваат „Кралица на облините“ и „Кралица на Инстаграм“, а токму нејзиниот изглед, харизма и впечатлив стил се она што ја издвојува од останатите. Покрај модните снимања, таа соработува со бројни брендови и сама ги води своите проекти на социјалните мрежи, градејќи притоа успешен личен бренд. Сепак, зад тие гламурозни фотографии стојат многу труд и напорна работа.

Одржувањето на нејзиниот изглед бара часови посветеност, специјализирани третмани и постојана грижа, како и креативност во водењето на кариерата.

Абигејл Рачфорд стана една од препознатливите личности на дигиталната ера и пример за тоа како социјалните мрежи можат да создадат нова глобална ѕвезда за кратко време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Откриено кога се жени светската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо: Местото на свадбата има посебно значење за него.

Откриен денот на свадбата на Кристијано и Георгина

Најплатениот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговата долгогодишна свршеница Георгина Родригез треба да стапат во брак следниот викенд, пренесува „Сан“ (The Sun).

Според таблоидот „Сан“, Кристијано Роналдо и Георгина Родригез ќе го кажат судбоносното „да“ следниот викенд.

Повикувајќи се на португалски извори, парот одлучи да ја организира свадбата од соништата на островот Мадеира, поточно во Фуншал – градот каде што славниот Роналдо ја започнал својата фудбалска кариера.

Според локалните медиуми, катедралата во главниот град на островот е веќе резервирана за следната сабота, а свечената церемонија е закажана за 15:00 часот. По црковниот дел, големата прослава треба да продолжи во луксузниот хотел „Савој Палас“.

Роналдо и Георгина инаку се во врска од 2016 година, а се свршија во август минатата година.

Гласините за претстојната свадба дополнително ги поттикна самата Георгина, откако објави интересна фотографија на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Предводникот на англискиот фудбалски шампион Арсенал, Микел Артета се осврна на шпекулациите во медиумите за интересот на „топџиите“ за Винисиус Жуниор, изјавувајќи дека клубот ќе биде „многу амбициозен“ на трансфер-пазарот. 

Артета за Винисиус: Арсенал ќе биде многу амбициозен

Според Goal.com, Арсенал внимателно ја следи ситуацијата со договорот на бразилскиот напаѓач во Реал Мадрид, бидејќи клубот бара засилување од светска класа за својот напад.

Менаџерот на Арсенал беше воздржан кога беше прашан за евентуалното ангажирање на ѕвездата на Реал Мадрид, но испрати јасна порака во врска со намерите на клубот.

По убедливата победа од 4:1 во подготвителниот натпревар против Џирона, Артета нагласи дека лондонскиот тим е подготвен да заземе одлучен пристап во потрагата по нови играчи.

Кога беше директно прашан за ангажирањето на бразилското крило, тој внимателно ги бираше зборовите, но јасно ги изнесе своите цели.

„Активни сме и се обидуваме да го подобриме и развиеме тимот. Тоа е јасно. Очекуваме одредени случувања во наредните недели бидејќи сакаме да напредуваме, исто како и сите други“, рече Артета. „Тоа е очигледно и на пазарот и преку потезите што ги прават нашите ривали – нема само да стоиме и да гледаме. Имаме големи амбиции за она што сакаме да го постигнеме.“ „Разликите се минимални.

Сакаме да бидеме подобри, а нивото на конкуренција ќе расте, па затоа мораме да ја зголемиме конкуренцијата во самиот тим. Мораме да утврдиме што ни недостасува за да стекнеме поголема предност. Тоа е нашиот начин на размислување“, додаде тој.

Оптимизмот на Арсенал произлегува од застојот во преговорите меѓу Винисиус и раководството на Реал Мадрид.

Шпанскиот клуб би можел да биде принуден да го продаде играчот доколку наскоро не се постигне договор, бидејќи постои ризик тој да си замине како слободен играч следното лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер