Димитриеска-Кочоска: Во времето на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9 отсто, а во десетте години на ВМРО-ДПМНЕ 3,2 отсто - Канал 5

Димитриеска-Кочоска: Во времето на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9 отсто, а во десетте години на ВМРО-ДПМНЕ 3,2 отсто

Со промената на власта се подобри и економијата - во првите два квартала од 2024 просечниот раст на БДП беше 2,3 отсто, а во следните два кваратала 3,6 проценти. Не случајно го кажувам ова. 

Димитриеска-Кочоска: Во времето на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9 отсто, а во десетте години на ВМРО-ДПМНЕ 3,2 отсто

Ние во последниот квартал имавме раст од 3,8 отсто, односно два квартала по ред 3,8 отсто, што покажува дека со промената на власта економијата очекува позитивни сигнали од Владата. Тоа се потврдува во овие повеќе од година и половина со фактот дека последниот квартал имаме 3,8 отсто раст, што е повеќе од просечниот раст што сме го имале во првите два квартала од промената на власта, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на панелот „Раст на економијата - економска сигурност на граѓаните“ што се одржува во Владата.

Димитриеска-Кочоска напомена дека за целиот период на претходната власт просечниот раст на БДП беше 1,9 отсто, а во десетте години владеење на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 3,2 отсто.

-Македонските компании функционираат во услови на глобална неизвеснот која во речиси сите европски земји создава надолни резултати кога станува збор за БДП. Имаме и економски партнери што влегуваат во минус, а нашата економија покажа дека е стабилна и многу отпорна, жилава на глобалните предизвици, оцени министерката.

Според неа, клучот што ги промени економнските текови и ги подобри резултатите е унгарската кредитна линија што ја зема Владата.

- Бројките зборуваат дека унгарската линија е земена во прав момент. Приватниот сектор доби кредити по многу поволни услови, 224 милиони евра се комплетно повлечени и тоа е она што е инвестирано , тие инвестиции успеаја да ја оджрат економијата и да додадат вредност со што ги остваруваме стапките на раст. Вториот клулен момент со промената на власта е тоа што во континуитет корпоративните кредити бележат раст од 15 отсто, потенцира Димитриеска-Кочоска.

На панел дискусијата учестуваат и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Љубомир Гајдов

 Љубомир Гајдов вечерва во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

 – Како повторно да внесете блискост во односот

Кога обврските ја потиснуваат романтиката

Стресот поради работата, семејните обврски и секојдневните проблеми не влијаат само на сонот и расположението, туку може да ја ослабат и желбата за блискост.

Кога сме исцрпени и постојано размислуваме на обврските, тешко ни е да се опуштиме и да уживаме во времето што го минуваме со партнерот.

Зошто стресот влијае на желбата за интимност?

Кога сме под притисок, организмот се подготвува да се соочи со предизвиците, па тешко се опуштаме. Повишеното ниво на кортизол и адреналин влијае на сонот, расположението и енергијата, што се одразува на партнерскиот живот.

Долготрајната напнатост често носи умор и раздразливост, и чувство дека немаме доволно време за себе. Кога сме исполнети со грижи, често немаме енергија за нежност, романтика и заеднички моменти.

Хормонaлните промени, особено симптомите на перименопауза и менопауза, промените во нивото на естроген, како и физичките тегоби за време на односот, кои не треба да се занемаруваат, влијаат на желбата, Сепак, намалената желба не значи автоматски дека привлечноста исчезнала или да врската е во криза. На неа влијаат и здравствената состојба, квалитетот на сонот, одредени лекови и емоционални проблеми поради што важно е да се согледа целокупната ситуација.

Како повторно да се разбуди блискоста?

Првиот чекор е да најдете начин да ја намалите секојдневната напнатост. Прошетка, вежби со дишење, јога или активност која ви причинува задоволство, сето тоа може да ви помогне да се опуштите и да се одвоите од проблемите што ве преокупираат.

Важно е да разговарате со партнерот без обвинување и создавање дополнителен притисок. Објаснете како се чувствувате, сослушајте ја неговата перспектива и заедно размислете што би можеле да промените за да имате повеќе време еден за друг.

Не мора веднаш да планирате големи романтични гестови. Заедничката прошетка, вечера, прегратка или разговор без телефони може да ви помогне повторно да се поврзете. Нежноста не мора секој пат да води кон интимен однос, а токму отсуството на очекување може да помогне во опуштањето.

Обидете се да го подобрите квалитетот на сонот и да најдете рамнотежа помеѓу обврските и одморот. Редовното движење, сонот и времето посветено на себе може да придонесат за подобро расположение и поголема енергија, што позитивно се одразува на односот со партнерот.

Ако намалената желба трае, предизвикува незадоволство и влијае на вашиот однос, разговарајте со лекар за можните причини. Особено е важно да побарате помош ако се јавува болка и изразена непријатност во текот на интимниот однос.

Блискоста не се мери со честите интимни односи, туку со чувството на сигурност, разбирање и поврзаност. Кога ќе си дадете доволно време себеси и на партнерот, ќе разговарате отворено без да создавате дополнителен притисок, полесно ќе најдете начин повторно да уживате во заедничките моменти, пренесува Ordinacija.hr

Извор: srecne.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер