Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 12. Економски и финансиски дијалог - Канал 5

Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 12. Економски и финансиски дијалог

Во рамки на 12-oт Економски и финансиски дијалог ќе се дискутира за економскиот развој, предизвиците и плановите, а ќе се усвојат и препораки за таргетирани политики за секоја земја, коишто треба да се спроведат во наредниот период.

Димитриеска-Кочоска во работна посета на Брисел на 12. Економски и финансиски дијалог

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска престојува во работна посета на Брисел, каде што ќе учествува на редовниот годишен Економски и финансиски дијалог помеѓу ЕУ и регионалните партнери, земјите од Западен Балкан, Молдавија, Турција и Украина.

Во рамки на 12-oт Економски и финансиски дијалог ќе се дискутира за економскиот развој, предизвиците и плановите, а ќе се усвојат и препораки за таргетирани политики за секоја земја, коишто треба да се спроведат во наредниот период.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на Економскиот и финансиски дијалог во Брисел ќе се осврне на реформите што ги презема земјата, особено во однос на подобрување на квалитетот на јавните финансии со цел поддршка на економскиот раст, а во услови на пошироката геополитичка клима и висока непредвидливост.

Економскиот и финансиски дијалог претставува годишен дијалог за економска политика. На Економскиот и финансиски дијалог во Брисел учествуваат претставници на земјите членки на ЕУ, претставници на Европската комисија, Европската централна банка, како и министрите за финансии и гувернерите на централните банки од земјите на Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со реформите во јавната администрација и растот на платите, создаваме професионален, ефикасен и модерен јавен сектор

Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација,

Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои се трите системски закони, претставува најзначаен резултат од реформскиот процес.

Со овие законски решенија се воспоставува современа и стабилна рамка за поефикасно функционирање на јавната администрација, заснована на професионалност, отчетност, стручност и квалитетни услуги за граѓаните.

Владата посветено работи и на унапредување на статусот и условите за работа на административните службеници, при што во партнерство и конструктивен дијалог со синдикатите, преку колективните договори, се постигна историски договор за континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година.

Овие преземени мерки претставува силна потврда дека реформите не се само нормативни промени, туку конкретни политики кои директно придонесуваат за подобрување на стандардот, мотивацијата и професионалниот развој на вработените во јавниот сектор.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има јасна определба, јавната администрација да не биде бирократска пречка, туку ефикасен, транспарентен и достапен сервис за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на спроведување на реформите кои обезбедуваат стабилен, функционален и европски ориентиран јавен сектор, во интерес на сите граѓани и на развојот на државата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски во паника - истрагата во Унгарија ја отвора Пандорината кутија

Истрагата што новиот унгарски премиер Петер Маѓар ја отвори за кредитот од една милијарда евра што Орбановата влада му го одобри на Мицкоски, не е обична финансиска проверка. 

СДСМ: Мицкоски во паника - истрагата во Унгарија ја отвора Пандорината кутија

Тоа е почеток на процес што директно води кон Мицкоски и неговата организирана криминална група.

Ова е истиот оној кредит кој Европа во своите извештаи го квалификуваше како "сомнителен заем од кинески пари".

Покрај кредитот, тука се и медиумите. Околу 40% од медиумскиот простор во Македонија е дел од Орбановата мрежа.

Само неколку дена по падот на Орбан, дел од сметките на таа мрежа во Македонија беа блокирани.

Финансирањето од Унгарија беше прекинато.

Мицкоски и Драган Павловиќ-Латас мораа итно да организираат ново финансирање.

Решението беше најдено преку Алта банка, која е во сопственост на браќата Вучиќ.

Парите одат преку маркетинг-агенции поврзани со ВМРО-ОКГ.

Алта банка веќе е под истрага поради сомнително потекло на средства.

Претходните истраги за перење пари од Словенија, поврзани токму со Орбановата медиумска мрежа, беа запрени од страна на Мицкоски и неговото контролирано обвинителство.

Сега Латас доби нова задача. Преку Ивона Талевска се подготвува Euronews Македонија.

Лиценцата е купена преку Вучиќ. Euronews Белград веќе работи, а интервјуто на Тимчо Муцунски во Брисел пред повеќе од месец дена беше организирано токму преку оваа врска.

Од Септември треба да почне со работа и скопската подружница. Веќе се ангажираат новинари од постојните телевизии.

Целта е јасна: целосен медиумски мрак и целосна контрола на информирањето на јавноста.

Во таква ситуација, скандалите како труењето на водата во четири града, прикривањето на анализите на водата и слични афери во иднина, едноставно нема да стигнат до јавноста.

Истрагите во Унгарија се само почеток. Кога ќе почнат меѓународните истраги за парите што завршија во Македонија, прашањето повеќе нема да биде политичко. Ќе биде кривично.

Мицкоски знае што го чека. Затоа и е во паника.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Половина од тимовите во Евролигата имаат нови тренери

Евролигата ќе ја започне сезоната 2026/27 со голем број нови имиња на тренерските клупи.

Половина од тимовите во Евролигата имаат нови тренери

Дури 10 од 20-те учесници во елитното европско кошаркарско натпреварување го сменија својот главен тренер во споредба со почетокот на минатата сезона, што претставува една од најголемите тренерски промени во последните неколку години.

Меѓу клубовите што започнуваат нова ера се Барселона, Реал Мадрид, Панатинаикос, Црвена ѕвезда, Баерн, Асвел, Виртус, Валенсија, Париз и Дубаи.

Враќањето на Жељко Обрадовиќ на клупата на Панатинаикос е најголемиот кошаркарски трансфер ова лето, исто како и доаѓањето на Педро Мартинез на чело на Реал.

Тренерскиот ангажман на Тони Паркер во неговиот клуб Асвел исто така предизвика огромен интерес во јавноста, а вистинско изненадување е и тоа што Ибон Наваро ќе ја предводи белградска Црвена ѕвезда.

Дубаи и Барселона направија тренерска размена, па така Словенецот Александар Секулиќ пристигна во Каталонија, додека Чави Пасквал замина во спротивна насока.

Алекс Мумбру ќе го предводи Виртус следната сезона, Чави Алберт – Валенсија, а Антон Гавел го наследи Светислав Пешиќ во Баерн Минхен.

Последен реагираше Париз, кој официјално објави дека нов тренер на францускиот клуб е поранешниот помошник во Минесота Тимбервулфс, Макс Лефевр.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер