Димитриеска Кочоска: Во 2027 година ќе се издаде еврообврзница од 1,3 милијарди евра - Канал 5

Димитриеска Кочоска: Во 2027 година ќе се издаде еврообврзница од 1,3 милијарди евра

Планираното задолжуваењ од 1,3 милијарди евра за кое деновиве зборува опозицијата е дел од фискалната стратегија а парите се потребни за враќање на долговите во 2027 година.

Димитриеска Кочоска: Во 2027 година ќе се издаде еврообврзница од 1,3 милијарди евра

Најавеното задолжување од 1,3 милијарди евра се уште не е процесирано од Владата, а истото веќе е предвидено во Фискалната стратегија, уверува министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска. Парите, како што објаснува таа, треба да се обзбедат во 2027 година, кога на државата и доспеваат значителни обврски по основ на претходно доставени долгови. Димитриеска- Кочоска вели дека само старите долгови кои треба да се вратат идната година изнесуваат речиси 1,5 милијарди евра, дека дополнително доспеваат и околу 1,1 милијарда државни записи со рок од 12 месеци, но и дека дополнително треба да се финансира планираниот буџетски дефицит од 3,5%

„Секако дека во фискалната стратегија имаме предвидено буетски дефицит од 3,5% и тој треба да се финансира, а сето ова покажува дека ние навремено треба да се организираме. Но не можеме да го занемариме и фактот дека 1,5 милијарда треба да вратиме стари долгови. Така што мислам дека неквусно е прашањето за што ни треба 1,3 милијарда кога луѓето барем оние кои што се дел и од пратеничка група и седеле во министерските фотељи во 2024 година треба да знаат што оставија.“

Со ова Кочоска одовори на обвинувањата од опозициската СДСМ дека актуелната власт за две години ќе ја задоли државата околу четири милијарди евра. Од СДСМ предупредија дека јавниот долг со ова би можел да достигне околу 65% од БДП. Министерката пак,тврди дека ваквата пресметка не ги зема во предвид долговите што државата ги отплаќа во меѓувреме. Според неа, потребно е да се гледа нето-зголемувањето на долгот, а не само колку пари позајмила државата.

„Процентот или јавниот долг како % од БДП јасно кажува дали ние го злогемуваме долгот или се движиме во рамки на она што значи психолошка граница. И микслам дека до овој момент во овие 2 години успешно го менаџираме тоа. Ако го земеме фактот дека во 2024 година тие оставија празна каса на половина на годината, па имавме потреба од дополнително задолжување и зголемување на буџетскиот дефицит во тој период, се сеќавате таа година ја завршивме со јавен долг над 60%, а денес имаме под 59% јавен долг.“

Паралелно, министерката ги презентираше и податоците за економските движења од вториот квартал. БДП пораснал за 4,3%, бруто-инвестициите за 16,5%, а извозот за 10,4%. Инфлацијата пак, од 4,8% во мај се намалила на 2,3% во месец јули.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетување

Авион што летал од Лондон кон Варшава денес извршил вонредно слетување на аеродромот „Варшава-Модлин“, откако било пријавено присуство на експлозивна направа во леталото. 

Авион полн со патници добил дојава за бомба, извршил принудно слетување

Ова доведе до затворање на аеродромот, соопштија аеродромските власти.

Авионот слетал во Модлин во 10:01 часот со 181 лице во него, изјави Адам Шабловски, портпарол на аеродромот „Варшава-Модлин“, пренесува „TVN24“.

Тој додаде дека во моментов се очекува пристигнување на екипи за деактивирање експлозивни направи.

Авионот првично требало да слета на аеродромот „Варшава-Шопен“, но бил пренасочен кон Модлин.

Според соопштението од аеродромот, тревога била прогласена во 9:54 часот, откако била пријавена закана за бомба на летот од лондонскиот аеродром „Хитроу“ кон аеродромот „Варшава-Шопен“.

Во моментот на слетувањето, во авионот имало 3,7 тони гориво.

„По слетувањето, леталото беше упатено кон посебно одредена зона, каде што ќе остане до донесување на натамошни одлуки и добивање упатства од надлежните органи, вклучително и екипите за деактивирање експлозивни направи“, се наведува во соопштението.

Аеродромот „Варшава-Модлин“ останува затворен до понатамошно известување, додека властите ја истражуваат пријавената закана и преземаат мерки за да се осигура безбедноста на сите присутни на аеродромот. „Безбедноста на патниците, екипажот и аеродромскиот персонал во моментов е приоритет“, се вели во соопштението, при што се додава дека информациите за евентуални промени во ситуацијата и за повторното воспоставување на воздушниот сообраќај ќе бидат објавени дополнително.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднината

Општина Центар денеска одбележува 50 години од своето постоење. Јубилејот е повод да се потсетиме на нејзиниот развој, но и да ги истакнеме промените и резултатите со кои Центар продолжува да се развива како современо урбано јадро на Скопје.

Герасимовски: 50 години Општина Центар, половина век историја, развој и визија за иднината

„Среќен сум и горд што токму во мојот градоначалнички мандат го одбележуваме овој голем јубилеј. Центар има богато минато, силен урбан дух и голема иднина што заедно ја градиме. Во изминатите пет години работевме општината да биде посовремена, подостапна, потранспарентна и поблиску до секој граѓанин. Општина во која секој е добредојден, секој глас се слуша и секој денар се вложува одговорно“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.

Во мандатот на Герасимовски се реализираа низа значајни проекти во образованието, детската заштита, спортот, инфраструктурата и услугите за граѓаните. Изградена е градинката „Пролет“, со капацитет за 173 деца, обновена е спортската сала „Работнички“, реконструирани се улици, доградени училишта и подобрени условите за образование и престој на најмладите.

Паралелно, општината инвестира во зелената и енергетската трансформација, обновливите извори на енергија, нови паркови и зелени површини, како и во програми за поддршка на учениците, младите, повозрасните и лицата со попреченост.

„Секој проект има своја приказна, но сите имаат иста цел – подобар Центар за сите генерации. Особено ми значи довербата што граѓаните ми ја дадоа за втор мандат. Тоа е обврска да продолжиме уште посилно, со нови идеи, амбициозни проекти и конкретни резултати. Верувам дека најголемата вредност на една општина се луѓето и условите што им ги создава за живот“, додава Герасимовски.

Центар останува општина со силен урбан идентитет, препознатлива по својата динамика, културно наследство и континуирани вложувања во современи урбани решенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара

Со засилено темпо продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара во село Марена.

Јанчев: Продолжуваат градежните активности за изградба на новиот мост преку реката Луда Мара

Проектот е во напредна фаза на реализација, а градежните работи на терен се одвиваат со континуиран напредок.

Инвестицијата е во вредност од 12 милиони денари, обезбедени преку финансиска поддршка од Министерството за транспорт.

➡️ Новиот мост ќе располага со:

✔️ Две коловозни ленти

✔️ Тротоари од двете страни

✔️ Вкупна ширина од 8,5 метри

Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се овозможи побезбедно и поефикасно одвивање на сообраќајот, подобра поврзаност и современи услови за сите учесници во сообраќајот.

Продолжуваме со инвестиции во модерна и безбедна патна инфраструктура, за подобар квалитет на живот на сите граѓани!- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер