Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
2Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
СветДимитриеска-Кочоска: Владата и МФ целат кон примена на европските стандарди„Ефикасното управување со јавните финансии и одговорни институции главна смерница на фискалната политика“.Владата и Министерството за финансии целат кон примена на европските стандарди за модерно и одговорно управување со јавните финансии со цел ефикасно управување со средства и транспареност и одговорност на институциите, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на петата Меѓународна контролинг конференција што се одржа во Скопје. Како што соопштија од Министерството за финансии, конференцијата е посветена на процесот на контролинг во приватниот и во јавниот сектор. -Темата на конференцијата носи силна симболика за контролингот како Рубикова коцка. Односно алатка која помага да се доведе ред комплексноста – да се направи стратегија од хаосот, да се поврзат различни делови од системот во функционална и ефективна целина. На овој процес не треба да се гледа како на луксуз, туку како неопходност и тоа и во приватниот и во јавниот сектор. Во приватниот сектор, тој дава можност за навремено следење на резултати, планирање, алоцирање ресурси и подобрување на профитабилноста. Постапки кои што се особено важни за развој и создавање одржлив бизнис, рече Димитриеска-Кочоска. Таа појасни дека ефикасното управување со јавните финансии и институции, како и развиени претпријатија ќе придонесат за севкупниот национален развој. Затоа, како што рече, покрај посветеноста на реформските процеси од страна на државата, значајни се и воведување вакви процеси во приватниот сектор со цел тој да обезбеди сопствен развој, кој ќе влијае и на развојот на државата. -Заедно сме во постигнување на таа цел, преку индивидуален план до колективни резултати, додаде Димитриеска-Кочоска. Таа упати порака дека процесот на контролинг е важен и во приватниот и во јавниот сектор, затоа што преку сопствен развој на компаниите се постигнува повисок економски раст во земјата, што е еден од приоритетите на Владата.Тагови: Димитриеска-Кочоска Министерството за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
СветМорничави сцени: Вака изгледа „руско сафари“ ВИДЕОНа социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од украинскиот град Херсон, кое го прикажува моментот кога операторот на руски дрон FPV буквално брка и напаѓа цивилен продавач на зеленчук.Видеото го прикажува дронот како кружи околу тезга и бело комби, додека несреќниот продавач панично се обидува да го избегне дронот. Операторот на дронот го следел долго време и го натерал да трча околу возилото, пред да го насочи дронот директно кон него и да ја активира експлозијата. Во експлозијата тој претрпел потрес на мозокот, повреди од експлозија и повеќекратни рани од шрапнели. Тој моментално е во болница под медицински надзор, но неговиот живот е надвор од опасност. Руско „сафари“ Today, many were shocked by yet another video of the drone “safari” Russians are carrying out against civilians in Kherson. A Russian drone deliberately hunted down a man selling vegetables and detonated right next to him. The Russians even admitted to the crime, showing zero… pic.twitter.com/uGjC7esFwR — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 4, 2026 Руските војници наводно го објавиле видеото сами и го признале делото, отворено фалејќи се со нападите врз цивили што ги нарекуваат „сафари“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, се огласи за овој настан, осудувајќи го секојдневниот терор врз жителите на Херсон и повикувајќи ја меѓународната заедница да реагира порешително. Извор: Б92Тагови: руско сафари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево и многу топлоВремето утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени. Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе достигне 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.Тагови: Сончево и топло Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
ЕвропаСилен земјотрес ја погоди областа во близина на ПизаЗемјотрес со јачина од 4,3 степени ја погоди областа во близина на Пиза во централна Италија утрово, соопшти италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.Во соопштението се вели дека земјотресот се случил во 10:15 часот наутро, со епицентар седум километри западно од Пиза, на длабочина од осум километри, објави Анса. Земјотресот бил почувствуван низ северна Тоскана, во соседните провинции Лука и Маса-Карара, како и до провинцијата Фиренца. Засега нема извештаи за повредени или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter