Димитриеска Кочоска: Успешната аукција за 10-тата Евробврзница јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори - Канал 5

Димитриеска Кочоска: Успешната аукција за 10-тата Евробврзница јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори

Успешната аукција, рече министерката, претставува значаен чекор во управувањето со јавните финансии и јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори во економските политики на Владата. 

Димитриеска Кочоска: Успешната аукција за 10-тата Евробврзница јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори

Каматните услови што ги обезбеди нашата држава се меѓу најповолните во регионот и пошироко, што дополнително ја зацврстува позицијата на државата како стабилен, кредибилен и конкурентен издавач на меѓународните финансиски пазари, оцени на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, откако вчера беше реализирана аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница.

Според Димитриеска Кочоска, при носењето на оваа одлука водечко начело била одговорноста кон тековната фискална состојба и кон идните генерации. Нашата цел, посочи, не е само редовно сервисирање на обврските, туку создавање одржлива и стабилна фискална рамка, со помал притисок од отплати и со повеќе простор за суштински реформи.

Успешната аукција, рече министерката, претставува значаен чекор во управувањето со јавните финансии и јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори во економските политики на Владата. -Врз основа на детална и навремена анализа на состојбите на меѓународните финансиски пазари, Министерството донесе одлука задолжувањето да се реализира преку две транши од по 500 милиони евра, со рок на доспевање од 4 и од 8 години. Ваквата структура овозможува оптимално распоредување на обврските во среден и долг рок, како и дополнително намалување на ризиците поврзани со рефинансирање, рече Димитриеска Кочоска.

Според неа, како резултат на побарувачката и внимателно одбраниот момент за излез на пазарите, кај двете транши од еврообврзницата е постигната најтесна каматна маргина во однос на референтниот Еурибор, споредено со сите државни издавања во изминатите дваесет години

-Каматните стапки кои ги постигнавме се меѓу најповолните во однос на референтната вредност на Еурибор во последните дваесет години. За траншата со рок од 4 години каматата изнесува 3,875 проценти, а за траншата со рок од 8 години 4,75 проценти. Особено имајќи го предвид актуелното високо ниво на Еурибор, овие услови претставуваат најконкурентна цена на задолжување што државата ја има постигнато во последните две децении, рече Димитриеска Кочоска.

Особено значајно, посочи таа, е што успеавме да пласираме осумгодишна еврообврзница – доспевање кое последен пат беше постигнато пред повеќе од дваесет години. Ова претставува силен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори во економските политики, реформската агенда и стабилноста на земјата, рече Димитриеска Кочоска.

Таа наведе дека трошоците за синдикатот на банки и за правните советници се пропорционално најниски досега во споредба со претходните издавања. Дополнително, со цел целиот процес да биде максимално исплатлив и со најмали можни фискални оптоварувања, донесена е одлука паралелно со новата емисија да реализираме и предвремен откуп на еврообврзницата што достасува во јуни 2026 година. Со оваа одлука ќе оствариме заштеди кои во значителен дел ќе ги компензираат трошоците од новото издавање.

-Со средствата обезбедени преку оваа еврообврзница, предвидена во Буџетот за 2026 година, ќе се изврши навремена исплата на еврообврзницата издадена во 2020 година во износ од 700 милиони евра, а останатите средства ќе бидат насочени кон финансирање на буџетскиот дефицит и реализација на развојни проекти од суштинско значење за економскиот раст, рече Димитриеска Кочоска.

Потсети дека издавањето на оваа еврообврзница е целосно проектирано и планирано во Буџетот за 2026 година, како и во Ревидираната стратегија за управување со јавниот долг. Тоа значи дека иако номиналниот износ на задолжувањето изнесува една милијарда евра, во текот на 2026 година Министерството за финансии ќе изврши исплата на обврски по основ на надворешен долг во вкупен износ од околу 893 милиони евра. Со тоа, подвлече министерката, нето-ефектот врз јавниот долг е значително понизок и во целост усогласен со среднорочната фискална рамка.

Во 2026 година, вкупните обврски за отплата на домашниот и меѓународниот пазар изнесуваат околу 1,563 милијарди евра, во 2027 година 1,579 милијарди евра, во 2028 година 1,971 милијарди евра, во 2029 година 1,304 милијарди евра, а во 2030 година 1,414 милијарди евра или вкупно за пет години 8,804 милјарди евра Токму затоа, потенцираше Димитриеска Кочоска, ова издавање има јасна улога во рамномерно распределување на доспевањата и во намалување на ризиците поврзани со концентрација на отплати во поединечни години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ

Она што денес се случува во Собранието претставува загрижувачки преседан за функционирањето на парламентарната демократија.

Снопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ

На пратениците од опозицијата им е загарантирано правото во времетраење од два часа да поставуваат пратенички прашања до Владата.

Но, кога се бара пауза, со што се прекинува можноста за остварување на ова право, а потоа образложението е дека двата часа веќе поминале, станува збор за апсурдно толкување на Деловникот на Собранието.

Ова е еден вид политичка шизофренија: да имаш загарантирано право во времетраење од два часа, а потоа времето поминато во паузи да се користи како аргумент за да ти се ускрати токму тоа право!

Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што не успеав до крај да го искажам својот став, објави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едногодишно дете сомнително на морбили – се чекаат резултатите за потврда

Уште едно дете на возраст од околу една година е сомнително на морбили, и иако има делумна потврда дека е заразедно со мали сипаници, сепак се очекуваат резултатите од целосна лабораториска анализа, велат од ИЈЗ.

Едногодишно дете сомнително на морбили – се чекаат резултатите за потврда

Олеснителна околност за помал ризик од епидемија во последниот шести случај е тоа што детето не одело во градинка, а според првичните епидемиолошки анализи имало контакт со роднини од Косово каде што инаку има епидемија на мали сипаници.

Министерот Сашо Клековски потенцира дека присилни мерки за имунизација во Македонија нема, а засега нема ни жариште за можна епидемија. Градинките не смеат да забрануваат прием на деца бидејќи таква мерка од здравство не постои, кажа Клековски, но сепак, апелира на свеста на родителите, иако деновиве има поголем одзив за вакцинирање со МРП.

Додека се бројат ризиците за можна епидемија на мали сипаници, властите тврдат дека детално се прегледуваат сите случаи на воспаление на коски кај дечињата со цел да се утврди дали и кај нас има сомнежи за зголемен број на остеомиелит како во Хрватска, откако и во Македонија целосно се стопира вакцинацијата со БСЖ во родилиштата.

Таа ќе продолжи со нови вакцини од Јапонија кои се набавуваат преку УНИЦЕФ што ќе ги заменат бугарските, но кога ќе пристигнат во земјава, засега не се знае.

Во однос на вакцинацијата против грип, пак допрва треба да пристигне втората тура од 26.000 вакцини кои сега се во Словенија, а од Министерството уверуваат дека наскоро ќе се повикуваат граѓани што сакаат да се имунизираат но не спаѓаат во ризичните групи. Се очекува годинава на располагање да има 85000 вакцини против грип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шефот на Нвидија поднесе оставка по аферата со наводната кинеска шпионка

Јенсен Хуанг (63) поднесе оставка од функцијата извршен директор на „Нвидија“, една од највредните компании во светот и водечки производител на чипови за вештачка интелигенција. 

Шефот на Нвидија поднесе оставка по аферата со наводната кинеска шпионка

Тој, исто така, се повлече од функцијата претседател и претседател на одборот.

Заминувањето на Хуанг доаѓа по откритијата за две вонбрачни афери, од кои едната наводно била со жена за која американските власти се сомневаат дека е поврзана со кинеската разузнавачка служба. Скандалот со шпионката предизвика сериозна криза во „Нвидија“, а вредноста на компанијата падна за стотици милијарди долари во последните денови.

Аферата што ја потресе „Нвидија“

Хуанг минатиот викенд призна дека ѝ бил неверен на својата сопруга, но не го откри идентитетот на жената со која имал афера. Американските медиуми објавија дека жената за која станува збор била Алис Хуанг, бизнисменка со врски со кинеската технолошка индустрија за која се сомнева дека е вмешана во разузнавачки активности.

Управниот одбор на „Нвидија“ започна независна истрага на 8 ноември за можноста Хуанг да бил цел на странска разузнавачка операција. Во исто време, нагласи дека нема причина да се верува дека националната безбедност на САД или трговските тајни на компанијата се во опасност.

Ситуацијата дополнително ескалираше откако „Њујорк тајмс“ објави дека Хуанг имал уште една вонбрачна врска, со Кимберли Пауел, една од раководителите на „Нвидија“ која му била директно подредена. Ова, исто така, покрена прашања за можни судири на интереси и почитување на внатрешните правила на компанијата.

Компанијата изгуби стотици милијарди долари во вредност

Акциите на „Нвидија“ паднаа за повеќе од осум проценти во тргувањето по работното време по извештаите дека одборот на директори размислува за отстранување на Хуанг. Пазарната вредност на компанијата се намали за повеќе од 600 милијарди долари откако избувна скандалот.

Компанијата игра клучна улога во глобалниот развој на вештачката интелигенција. Нејзините процесори се користат во центрите за податоци на најголемите технолошки компании, поради што промените на нејзиното врховни позиции би можеле да имаат последици за целата индустрија.

Крај на 33 години на чело на компанијата

Хуанг е ко-основач на „Нвидија“ во 1993 година и оттогаш континуирано ја води. Под негово водство, компанијата прерасна од производител на графички процесори за компјутери во еден од најважните добавувачи на технологија за вештачка интелигенција.

Неговото заминување го покренува прашањето за идното раководство на компанијата во време кога се соочува со притисок од инвеститорите, контрола од страна на САД врз извозот на напредни чипови во Кина и високи очекувања за развој на вештачката интелигенција. На 17 ноември, Nvidia треба да објави нови квартални финансиски резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер