Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери
2Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме повеќе пари за проекти во општините, земјоделството,...Со ребалансот на Буџетот обезбедуваме повеќе пари за проекти во општините, земјоделството, раст на платите, студентски и ученички стандард, социјална заштита, капитални инвестиции и забрзување на инвестицискиот циклусПредлог измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година од денеска се на дневен ред на матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет. Пред членовите на Комисијата Предлог-ребалансот го образложи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека со измените и дополнувања се потврдува заложбата на Министерството за финансии и Владата за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии и воедно претставува продолжување на насоката што веќе дава резултати, а тоа се позитивните трендови во економијата. „Најважно и клучно е дека измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година што денеска го претставувам пред вас и јавноста не произлегуваат од недостиг на приходи или од нарушена ликвидност на Буџетот. Напротив. Овој ребаланс е резултат на потребата да ги усогласиме буџетските проекции со новите економски услови, да обезбедиме дополнителни средства за законските обврски што значат редовна и во целост исплата на платите во секторите каде што обезбедивме раст, повеќе средства за дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините и, она што има најважна карактеристика овој Ребаланс е обезбедувањето дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус во инфраструктурата“, рече министерката. Таа потсети дека измените и дополнувањата се носат во период на глобална неизвесност и дека надворешните геополитички случувања се одразија на економските текови и влијаеја на извршувањето на Буџетот за 2026 година, а од таа причина со предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година се прави прилагодување на макроекономските претпоставки и фискалните проекции, пред сè на расходната страна на Буџетот. „Ребалансот на Буџетот не претставува само техничка измена на бројки, зад тоа стојат политики коишто Владата ги насочува кон поддршка на економијата и граѓаните. Тој претставува одговор на променетите економски околности, инструмент преку кој Владата ги усогласува јавните финансии со реалните потреби на економијата, институциите, стопанството и граѓаните. А особено во услови кога светската економија се соочува со зголемена неизвесност, наша должност е навремено да реагираме, да ги препознаеме ризиците, но истовремено да ги искористиме можностите што се отвораат“, наведе министерката при тоа потсети на мерките што беа преземени со цел да се заштити животниот стандард на граѓаните и ликвидноста на компаниите. Министерката истакна дека со ребалансот се останува на политиката на навремена исплата на сите законски обврски, дисциплинирано управување со јавните средства и приоритетно финансирање на развојните политики. Со предложениот Ребаланс на Буџетот, вкупните приходи се ревидираат на ниво од 379,5 милијарди денари. На приходната страна, даночните приходи остануваат речиси на првично планираното ниво и се проектирани на 213,2 милијарди денари. Неданочните приходи бележат значително подобрување и се зголемуваат за околу 2 милијарди денари, додека донациите бележат пораст од околу 2,7 милијарди денари. На расходната страна, вкупните расходи се ревидираат на 425,8 милијарди денари, а дополнителните средства се насочуваат кон јасно утврдени приоритети. Обезбедени се дополнителни средства за земјоделските субвенции (1,4 милијарди денари повеќе или вкупно 8,7 милијарди денари), повеќе средства за субвенциите во железничкиот сообраќај, поддршката на спортот, за студентскиот и ученичкиот стандард дополнителни 500 милиони денари. Oбезбедена е и дополнителна поддршка за најранливите категории граѓани преку средства за социјални надоместоци од дополнителни 1,3 милијарди денари, за заштитни друштва, народни кујни и мерки за деинституционализација, како и дополнителни 1,2 милијарди денари за здравствена заштита, од кои 600 милиони се дополнителни средства од централниот буџет за исплата на обврски по породилно боледување. Министерката посочи дека определбата за фискална дисциплина е отсликана во овие предложени измени и дека со ребалансот кај расходите за стоки и услуги се врши намалување од околу 837 милиони денари преку реалокација на средствата и нивно насочување кон приоритетните потреби, а од друга страна со ребалансот особено значење се придава на развојната компоненета и се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции кои достигнуваат околу 46 милијарди денари и се зголемуваат за околу 5,8 милијарди денари или 14,5% раст во однос на иницијалниот Буџет. „Првпат, корекцијата на дефицитот е резултат пред сè на повисоките капитални расходи и инвестициите во инфраструктурата, односно зборуваме за дефицит којшто ќе финансира развој, а ќе резултира со зголемување за 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција, со што буџетскиот дефицит се ревидира на 46,3 милијарди денари или на 4,1% од БДП. Средствата се насочени кон реализација на капитални проекти од стратешко значење за државата и граѓаните што ќе остане принцип на работа на оваа Влада“, потенцира Димитриеска-Кочоска. Во експозето министерката се осврна и на поважните макроекономски остварувања во 2026 година, како и на реализацијата на Буџетот, нагласувајќи го растот на реализацијата на капиталните расходи за 53,5% повеќе во споредба со минатата година, како и исплатите на обврските на домашниот и странскиот пазар во износ од 72,7 милијарди денари. Министерката порача дека Буџетот е најзначајниот стратешки документ кој ги содржи сите политики на Владата и дека со него Владата останува на среднорочната траекторија за водење фискална политика и остварување на концептот и визијата за повисоки стапки на раст. Тоа е платформа за просперитет, насочена кон стабилност за економијата и за граѓаните. Платформа за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, којшто обезбедува стабилност на јавните финансии, но истовремено создава услови за повеќе инвестиции, поголема економска активност и подобар животен стандард за граѓаните. Расправата во Комисијата за финансирање и буџет по предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година во рамки на Комисијата за финансирање и буџет трае најмногу 10 дена. На предлогот се поднесени вкупно 226 амандмани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноТатко не можел да ги смири децата, па им се нафрлил на стјуардесите- авионот е пренасочен Летот за едно семејство и сите други патници се претвори во хаотична ситуација што заврши со принудно слетување на авионот.Според сведочењето на еден од патниците, проблемот настанал поради децата кои постојано трчале низ ходникот, додека родителите не реагирале. Кога членовите на екипажот го замолиле таткото да ги смири децата, тој станал агресивен, викал и им се заканувал. Поради ескалацијата на конфликтот и заканите кон персоналот, пилотот одлучил да го пренасочи летот, пишува Bored Panda. Реакции на интернет Инцидентот предизвика бројни реакции на интернет, а повеќето корисници го осудија однесувањето на родителите. Многумина се надеваат дека семејството ќе биде ставено на црна листа за летови. Еден корисник коментираше: „Тој човек и неговата сопруга решија сами да имаат четири деца. Нивна работа е, и само нивна, да се грижат за нив. Кога моите деца, а подоцна и моите внуци, беа мали, секогаш носев книги, грицки, книги за боење и тивки игри. Кога на децата им е здодевно, тие бараат забава. Родителите се целосно одговорни за контролирање на своите деца и не смеат да дозволат да ги вознемируваат сите други.“ Друг корисник напиша: „Еден ден овој човек ќе наиде на погрешна личност во погрешно време и ќе заврши во одделот за итни случаи.“ Зголемување на несоодветното однесување во авионите Инцидентите со патници кои се однесуваат несоодветно стануваат сè почести во воздушниот сообраќај. Според Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), повеќе од 60 глобални оператори регистрирале над 53.000 вакви случаи во 2024 година. Ова претставува еден инцидент на секои 395 летови, што е мало зголемување во споредба со 2023 година, кога бил регистриран еден инцидент на секои 405 летови. Податоците покажуваат дека бројот на патници кои не вознемируваат се дуплирал во 2024 година во споредба со 2019 година. Според CNBC, инцидентите во летот, почнувајќи од вербални препирки до физички напади, се зголемиле за 400 проценти до 2025 година. Ваквите инциденти повеќе не се сметаат за изолирани инциденти, туку укажуваат на поширока промена во однесувањето на патниците. Промената ја почувствувале директно вработените во авиокомпаниите. Том Мекданиел, потпретседател на Меѓународниот синдикат на транспортни работници и стјуардеса во „Саутвест ерлајнс“, изјави за „Форбс“ дека пред пандемијата имало околу 300 напади врз работници годишно. Во 2020 година, тој број се зголемил за околу 3.000 проценти и оттогаш не се намалил. За екипажот, тоа не е само непријатност, туку и сериозен ризик по безбедноста што се меша во нивната способност да ја извршуваат својата работа. Најчестите проблеми вклучуваат одбивање да се следат упатствата од персоналот, вербална злоупотреба и пијанство. Иако физичките конфронтации се поретки, нивниот број се зголемува. Инцидентите што вклучуваат физичко насилство врз членовите на екипажот се за 61 процент повисоки на глобално ниво отколку во 2021 година, што се случуваат на приближно еден од 17.200 летови. Искусната стјуардеса Хедер Пул опишува бизарни ситуации со патници во својата книга „Став на крстарење“. Тој наведува примери за луѓе што се обидуваат да сменат пелени на масите за храна или да отворат врата за итни случаи за да запалат цигара. Пул објаснува дека стресот од патувањето, влијанието на надморската височина и чувството на губење контрола можат да влијаат на човековото однесување, иако тоа не служи како изговор.Тагови: стјуардеса татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
СветТрамп со нов бисер: Гугл не ми дозволи да го преименувам Атлантскиот Океан во Трампов Океан (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш во говорот раскажа како побарал од Гугл да го преименува Атлантскиот Океан во „Трампов Океан“, но неговиот предлог бил одбиен.Трамп зборуваше за истата идеја пред неколку дена, на политички митинг во Далтон, Џорџија. „Ја повикав Google Maps затоа што сакав да го сменам името на Атлантскиот Океан во Трамп Океан. Сундар рече: „Не, не, не. Овој пат нема да го направам тоа“. А потоа додаде: „Господине, океаните се нешто друго. Тие се протегаат низ многу различни земји. Ве молиме, не барајте од нас да го направиме тоа“. Затоа веројатно ќе се откажеме од тоа. Нека остане Атлантски Океан“, рече Трамп. Trump: I called Google Maps to change the name of the Atlantic Ocean to Trump Ocean. Sundar said, “No, no, no. This time I'm not doing it.” He said, “Oceans are different, sir. They cover a lot of countries. Please don't ask us to do that.” So we'll probably pass. Let's keep it the Atlantic Ocean. — Clash Report (@clashreport) October 21, 2026 Неговите изјави доаѓаат во време на обновени дипломатски обиди за ставање крај на војната во Украина. Неговиот специјален претставник Стив Виткоф се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург во среда, каде што разговараа за можноста за продолжување на мировните преговори. По состанокот, Кремљ објави дека Русија е во принцип подготвена да ги продолжи трилатералните разговори со САД и Украина околу 10 ноември. Трамп претходно изјави дека крајот на војната можеби е поблиску од кога било, но исто така го зголеми притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски да се согласи на договор. И покрај дипломатските напори, руските напади врз Украина продолжија. За време на посетата на Виткоф, Русија го ослободи 74-годишниот американски државјанин Стивен Хабард, кој беше држен во руски притвор повеќе од четири години. Тој беше заробен за време на борбите во Украина.Тагови: гугл Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЗабаваКим Кардашијан откри зошто често ја запира полицијата (ВИДЕО)Ким Кардашијан откри дека полицијата ја запрела „безброј пати“ поради пребрзо возење и непочитување на знак за стоп. Признанието дојде за време на разговор со колешките Сара Полсон, Наоми Вотс и Ниси Неш-Бетс на прес-турнејата за втората сезона на „All's Fair“ во Лос Анџелес. Разговор за навиките за возење Во видео објавено на TikTok, актерките разговараа за нивните навики за возење зад сцената. Сè започна кога Наоми Вотс спомена дека сонувала дека добила казна за пребрзо возење. На тоа, Сара Полсон изјави дека никогаш не била запрена од полицијата. „Никогаш? Никогаш не си била запрена?“ праша Кардашијан, а Ниси Неш-Бетс додаде: „Значи, дали воопшто возиш?“ @kimkardashian ALL’S FAIR S2 PRESS TOUR: LA #AllsFair ♬ original sound - Kim Kardashian Откако Полсон потврди дека вози, Кардашијан го призна сопствениот прекршок. „О, ме запреле толку многу пати“, рече таа. Полсон се прашуваше зошто. „Возејќи брзо. Или, да речеме, поминувајќи низ знак за стоп“, објасни Кардашијан, појаснувајќи дека мислела на забавување наместо целосно запирање. Потоа Ватс призна дека и таа била запрена, на што Полсон шегувајќи се рече: „Се обложувам дека си лош возач, нели?“ Ватс ѝ возврати: „Е*и се! Не сум лош возач. Возам навистина добро и ги почитувам правилата.“ View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Претходни прекршоци Возачките навики на Ким Кардашијан и претходно беа предмет на медиумско известување. Во ноември 2013 година, таа доби казна за пребрзо возење на автопатот 101 во Лос Анџелес, а потоа беше следена од папараците. „Лос Анџелес Тајмс“ објави дека сообраќајната полиција снимила најмалку тројца фотографи како возат помеѓу 130 и 135 км/ч. Неколку месеци претходно, TMZ објави дека таа била запрена во Калабасас затоа што имала затемнети стакла, но потоа се извлекла само со предупредување. Во ноември 2024 година, полицијата ја запрела додека возела во Малибу. Полицаецот ѝ наредил да го отстрани филмот од шофершајбната бидејќи било премногу темно. Возење во семејството Кардашијан Во рамките на семејството, Ким не е позната како најлош возач. Во епизодата од 15 октомври на „Кардашијан“, Кортни Кардашијан беше прогласена за најлоша. „Таа не вози добро“, рече Ким за нејзината постара сестра, според People. „Мислам дека е премногу опуштена и не обрнува внимание на патот“. Клое Кардашијан имаше средба со полицијата дури и пред да го положи возачкиот испит. Во нејзиниот подкаст од март 2025 година, таа раскажа како била запрена од полицијата на 15-годишна возраст додека го возела теренецот на Кејтлин Џенер. Кога ја прашале за нејзината лична карта, таа се обидела да се идентификува со името на Кортни и датумот на раѓање на Ким. „Секако, веднаш рекоа: „Лажеш, излези од колата“, рече таа. Втората сезона од „All's Fair“ започнува да се емитува на Hulu на 4 ноември. Првата сезона имаше 3,2 милиони прегледи во првите три дена, што, и покрај негативните критики, беше најуспешниот почеток на серија игри на таа платформа во последните три години.Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter