3Полицијата од регионот се здружи против интернет предаторите- извршени се претреси на 42 адреси, девет деца меѓу жртвите
МакедонијаДимитриеска-Кочоска со отчет по повод една година Влада: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долгМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска одржа прес-конференција по повод една година од мандатот на Владата, насловена „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа“ на која ги презентираше клучните приоритети и постигнатите резултати на Министерството за финансии во изминатите 12 месеци. Министерката во своето обраќање истакна дека првата година од работењето беше посветена на стабилизација на јавните финансии, зајакнување на економската активност и воведување на структурални реформи кои создаваат одржлива и предвидлива фискална рамка. „Владата, со јасен мандат од граѓаните, ја презеде одговорноста во момент на високи очекувања и ограничени ресурси. Финансиската слика која беше затекната покажа исцрпен фискален простор, значителен раст на јавниот долг, недоволна реализација на капитални инвестиции и разнишана доверба на пазарите. Првиот сериозен предизвик беше подготовката на ребаланс на Буџетот, веднаш по преземањето на функцијата, кој бараше итно и одговорно прилагодување на расходната страна и обезбедување ликвидност за тековно сервисирање на обврските и непречено функционирање на институциите“ кажа Димитриеска-Кочоска. Како што потенцираше министерката со ребалансот на Буџетот за 2024 година, Министерството за финансии предложи одговорен и развоен пристап, со пренасочување на средствата таму каде што се најпотребни – во здравството, образованието, поддршката на стопанството и во капиталните проекти. “Исправени беа значителни пропусти од претходниот буџет, меѓу кои и недоволно испланирани средства за законски предвидени права, заостанати обврски и недоволна поддршка за економијата. Реализирана беше редовна исплата на платите и пензиите, со усогласувања согласно закон и реализирање на ветувањето за линеарно зголемување на пензиите“ кажа министерката. Истовремено, како што нотираше Димитриеска-Кочоска беше подготвен Буџетот за 2025 година, кој е прв во новата концепција на фискална консолидација и економски развој. Буџетот за следната година носи посебен фокус на капитални инвестиции, на општински проекти, поддршка за приватниот сектор и стратешки насоки за забрзан економски раст. „Во изминатата година, беше постигната значајна фискална консолидација. Буџетскиот дефицит е намален, а јавниот долг е намален за 36 милиони евра во однос на крајот на 2024 година, со намалување на неговото учество во БДП за 4,7 процентни поени. Тоа беше постигнато во услови кога државата успешно ја отплати Еврообврзницата од 500 милиони евра, ги сервисираше обврските на домашниот пазар во висина од 10,7 милијарди денари, и истовремено го намали задолжувањето во споредба со истиот период лани за 16,4%. Економската активност, по години на нестабилност, бележи континуиран раст. Последователно три квартали, стапката на раст изнесува околу 3%, што е над проекцијата. Забележан е раст од 2,8% за 2024 година, којшто ја надминува сопствената владина проекција од 2,1%. Важно е што растот не е концентриран само во една гранка, туку се забележува активност во индустријата, услугите, градежништвото и извозот. Истовремено, инфлацијата е значително намалена од 14% на почетокот на 2023 година и е стабилизирана со тенденција на понатамошно намалување“ кажа министерката во отчетот. Министерството за финансии, како што кажа министерката во изминатата година преку Развојната банка, обезбеди 250 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, со активирање на инвестиции во нови капацитети, опрема и работни места, со ефект од околу 300 милиони евра во инвестиции. Во исто време, за првпат во историјата, во Буџетот беа предвидени 250 милиони евра директна поддршка за општините, со средства распределени за конкретни инфраструктурни проекти – водоводи, канализации, училишта, градинки и проекти за енергетска ефикасност. „Странските директни инвестиции во 2024 достигнаа историски рекорд од 1,255 милијарди евра. Во првиот квартал на 2025 година веќе се реализирани инвестиции од 135,8 милиони евра, со пораст на сопственички капитал и реинвестирана добивка за 17,4% во споредба со истиот период минатата година“ дополни министерката. Министерката посочи дека со серија мерки, Владата и Министерството ја зајакнаа конкурентноста на домашната индустрија – се намалија царинските стапки за 67 суровини и репроматеријали, а се либерализираше увозот на стоки од САД како дел од унапредување на економската соработка со стратешките партнери. Македонија стана дел од СЕПА – областа за единствени плаќања во ЕУ, што значи дека граѓаните и компаниите ќе можат да вршат трансфери во 38 земји по исти услови како и во домашниот платен промет. „Во текот на годината се спроведени и сериозни структурни реформи. Започна имплементација на Законот за буџети со кој се воведува трогодишно буџетско планирање, а беше донесен и пакет од 17 подзаконски акти кои обезбедуваат ефикасно управување со јавните финансии. Македонија прва во регионот ги исполни условите за повлекување авансни средства од Планот за раст на ЕУ“ кажа министерката. Во делот на мерките за подобрување на животниот стандард министерката кажа дека изминатата година просечната плата е зголемена за повеќе од 10% и сега надминува 40.000 денари, а пензионерите имаат зголемување од просечно 5.000 денари на годишно ниво. Обезбеден е раст на платите во администрацијата, здравството, образованието и полицијата – 87.000 вработени добија повисоки примања, што значи повеќе средства за многу домаќинства. Во делот остварените реформи на Министерството за финансии, министерката посочи дека беше донесен Законот за глобален минимален корпоративен данок усогласен со европската директива, се заживеа Академијата за јавни финансии како институција за континуирана едукација и професионализација на јавниот сектор, а Министерството за финансии за првпат ја доби улогата на претседавач со Управниот одбор на ЦЕФ – Центарот за извонредност во финансиите, со седиште во Љубљана, што претставува признание за посветеноста на институцијата кон реформите и европските вредности. Министерката Димитриеска-Кочоска подвлече дека Министерството веќе не функционира како затворен круг, туку како сервис на граѓаните, со активна комуникација со стопанственици, синдикати, општини и меѓународни партнери. Потврдата за кредибилноста на економските политики дојде и од меѓународната агенција „Фич“, која во последниот извештај го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед. На крајот министерката заклучи дека ова е само почеток. „Во периодот што следи, фокусот ќе биде ставен на дигитализација на јавните финансии, проширување на даночната основа без зголемување на даноците, понатамошни измени на законската рамка, како и зајакната контрола и отчетност во користење на јавните средства.Министерството за финансии ќе продолжи да работи разумно, транспарентно и домаќински, во насока на изградба на стабилна економија и функционални институции кои се во служба на граѓаните“ кажа Димитриеска-Кочоска, соопшти МФ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХаос на изборот за Мис Универзум- мисиците се сопнуваат, организаторот се извини (ВИДЕО)Неколку натпреварувачки за Мис Универзум 2026 се сопнаа и речиси паднаа на импровизирана писта за време на ревијата на костими за капење. Инцидентот се случи во пресрет на финалето на натпреварот, кое е закажано за 24 ноември. Настанот наречен „Убавина на плажа“ се одржа на 13 ноември во хотелот „Карибе Хилтон“ во Сан Хуан, Порторико. Девојките одеа по писта која всушност беше едноставна подлога поставена врз песокот. На многу луѓе високите потпетици им беа заглавени во подот, што предизвика да ја изгубат рамнотежата и да се сопнат. Луѓето ги критикуваат организаторите Меѓу натпреварувачките кои речиси паднаа беа претставничките на Косово, Филипините, Перу и Венецуела. Некои изгледаа како да си ги извиткале зглобовите, а други речиси паднаа со лицето надолу на земја. Сите успеаја брзо да се соберат и да продолжат да одат. Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи, каде што многумина ја критикуваа лошата организација и опасните услови на пистата. „Ова е опасно за кандидатките, можеа да си ја скршат ногата. Ужас“, напиша еден корисник на мрежата X. Друг додаде: „Кутри девојки, еден погрешен чекор и можеа да си го извиткаат глуждот“. Трет коментар гласеше: „Кутрите, ова изгледа болно. Можеа да си ги исечат стапалата одејќи по тепих преку песок. Ужасна идеја, особено со толку високи потпетици“. Организатори: Настанот не ги исполнуваше стандардите Организацијата „Мис Универзум“ објави соопштение во кое се вели дека настанот „не ги исполнил потребните стандарди за извонредност и професионализам“. Тие исто така забележаа дека настанот бил независно продуциран од Магали Феблес, национален директор на изборот за Мис Доминиканска Република, кој добил лиценца за тоа. Así fue el polémico desfile en traje de baño realizado en Puerto Rico bajo el nombre de Miss Universo. Varias participantes tropezaron, mientras la cercanía del público y las interrupciones desataron críticas en redes. ¿Pasarela a la altura del certamen o improvisación? https://t.co/t6rD6S9X5R — La Calle (@radiolacalle) November 15, 2026 Според списанието Hola!, организацијата изјавила дека не била вклучена во „оперативното управување со настанот“ и затоа не сносат никаква одговорност за продукциските одлуки што доведоа до проблемот. Тие жалеле за ситуацијата и нагласиле дека настанот не го одразува брендот Мис Универзум. Мегали Феблес: Жал ми е што поминавте низ тоа Магали Феблес „искрено се извини“ за инцидентот на својот Фејсбук профил. Во исто време, таа ја пофали грациозноста и смиреноста што ги покажаа натпреварувачките. „Жал ми е што мораше да поминеш низ такво искуство. Мојот продуцентски тим и јас ќе анализираме што се случи за да се осигураме дека секој детаљ ќе биде згрижен во иднина“, рече таа во изјава. „Знам колку труд вложивте во секое појавување на писта. Ја видов елеганцијата и смиреноста со кои се смиривте. Како жена која придружувала многу девојки на ова патување, сум исклучително горда на вас“, рече Феблес. Натпреварувачките имаа проблеми со визите Нестабилната писта не е единствениот проблем со кој се соочи организацијата оваа година. Списанието „Пипл“ пишува дека некои натпреварувачки морале да се повлечат поради визните ограничувања воведени од Соединетите Американски Држави. Меѓу нив се претставничката на Замбија, Мубанга Памела Хатјока, претставничките на Република Конго и Јужен Судан, Џорџина Камбонго и Амилија Денг, и Вандерлеја Родригес од Ангола.Тагови: Мис Универзум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамМерцедес ќе им дозволи на возачите да не го држат воланот и при брзина од 130 км/час Mercedes-Benz воведува нова генерација системи за помош при возење кои ќе им овозможат на возачите да ги тргнат рацете од воланот при брзина до 130 километри на час. Во исто време, автомобилот ќе може самостојно да менува лента, да обиколува побавни возила и да следи однапред одредена рута. Новата функција наречена Hands-Free Assist, прво ќе биде достапна во Германија до крајот на 2026 година, додека пристигнувањето на американскиот пазар се очекува во текот на 2027 година. Системот е наменет за возење по автопати и се активира само кога се исполнети соодветните услови. Возачот може да ги тргне рацете од воланот, додека автомобилот ја одржува брзината, го следи сообраќајот и управува. Доаѓа и со Proactive Lane Change Assist, функција која може автоматски да иницира и изврши промена на лента. Ова вклучува претекнување побавни возила, но и навремено престројување, така што автомобилот ја следи навигацијата кон посакуваниот излез на автопатот. Сепак, возачот сепак мора постојано да го следи сообраќајот и да биде подготвен да ја преземе контролата. Станува збор за систем за асистенција од втор степен на автономија, а не за целосно независно возење. Mercedes подготвува и понапреден систем MB.DRIVE ASSIST PRO, кој ќе обезбеди поддршка во текот на речиси целото патување, од почетната точка до дестинацијата, вклучувајќи ги и градските улици. Овој систем ќе може да помогне при вртење на раскрсници, престројување, спојување во сообраќај, како и сопирање и рестартирање на семафорите. Возачот и понатаму ќе биде одговорен за работата и безбедноста на возилото. MB.DRIVE ASSIST PRO треба да стане достапен во Германија и САД во првата половина на 2027 година. Пред тоа, одредени корисници во Калифорнија, Штутгарт и Минхен ќе можат да ја испробаат технологијата преку програма за ран пристап, почнувајќи од крајот на 2026 година. Компанијата планира постепено да ја прошири својата достапност на различни модели на автомобили и комбиња. Ќе може да се активираат одредени функции преку безжично ажурирање на софтверот, под услов возилото да има соодветен хардвер. Мерцедес со овој потег сака да го намали товарот на возачот при долгите патувања и градското возење. Сепак, тоа што можете да ги тргнете рацете од воланот не значи дека возачот мора да престане да го гледа патот, да го користи телефонот или да ја препушти целата одговорност за возење на автомобилот.Тагови: воланот мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45АНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
ЕвропаЛиквидиран е бизнисмен во Германија- телото е пронајдено во стан, два дена никој не се посомневал Телото на бизнисмен (38) е пронајдено во стан во франкфуртската населба Заксенхаузен, а првичните информации од истрагата укажуваат дека мажот е брутално убиен.Според полицијата и обвинителството на Германија, тој починал од повреди нанесени со тап и остар предмет. Станува збор за Матијас Х., чие тело е пронајдено на 19 октомври во стан во една од франкфуртските населби. Според досегашните резултати од истрагата, се верува дека злосторството е извршено два дена претходно, на 17 октомври, што значи дека телото на мажот е пронајдено само околу 48 часа по неговата смрт. Истражителите велат дека повредите на телото укажуваат на насилна смрт. Се сомнева дека бизнисменот починал од комбинација на тапи и остри повреди. Одделот за убиства го презеде случајот, кој се обидува да ги утврди сите околности на злосторството, како и кој стои зад смртта на 38-годишникот. Моментално нема официјални информации за можни осомничени, мотивот за убиството или што се случило во станот пред човекот да го загуби животот.Тагови: бизнисмен Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter