Димитриеска Кочоска: Програмата по која ќе работи идната влада има за цел враќање на Македонија

Ја изразувам мојата благодарност за сета доверба, но и одговорност, кои ми ги укажаa претседателот Христијан Мицкоски, Извршниот Комитет и Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, предложувајќи ме за министер за финансии во идната Влада на Република Макед

Знам колку големи се очекувањата на сите граѓани на Македонија во овие тешки времиња, добро се сеќавам на сите разговори во изминатите години со секој еден граѓанин со кој се сретнав и знам на што се обврзав.

Свесна сум за одговорноста која нѐ очекува по преземањето на функциите, но исто така знам дека со посветена работа секоја препрека ќе ја надминеме.

Програмата по која ќе работи идната Влада на Република Македонија има голема задача, а таа е враќање на Македонија на народот.

Нѐ чека многу работа и уште повеќе проблеми, празен буџет кој е лошо планиран и што уште не. Но, ќе работиме, тоа е единственото што го знаеме, затоа што секој од нас е посветен работник.
Успеавме Македонијо, за подобри и поубави денови во иднина!

Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Новата бугарска Влада соопшти дека одбива да преговара со Македонија за олабавување на условите под кои Скопје може да ги започне преговорите за членство во ЕУ, наведува бриселскиот портал „Еурактив“. 

- Пред три години, Бугарија и Македонија постигнаа договор, со посредство на Франција, за меѓусебни отстапки за деблокирање на процесот за европска интеграција на Западниот Балкан. Владата во Скопје се согласи да го вклучи бугарското малцинство во својот Устав, а властите во Софија ветија дека ќе го укинат ветото за почеток на преговорите со Македонија, се потсетува во текстот објавен денеска.

Авторот на написот натаму наведува дека лани дојде до промена на власта во Скопје и дека новата Влада предводена од Христијан Мицкоски ветила дека „нема да направи отстапки кон Софија“.

„Еурактив“ ја пренесува изјавата на Мицкоски дека се чека на избор на редовна влада во Софија за да почнат преговори за укинување на бугарското вето, но посочува дека првите сигнали од бугарска страна се дека нема да има обнова на дијалогот.

- Бугарија потсетува дека вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот на Македонија не е билатерален проблем, туку е услов на Брисел кон Скопје, наведува порталот.

Во текстот се пренесува и изјава на неименуван бугарски министер дека Бугарија останува „исклучително доследна“ на нејзината политика кон Западниот Балкан и на европската интеграција на сите земји од регионот.

- Постои европски консензус, кој во Бугарија е познат како „францускиот предлог“, што строго ќе се следи. Тоа што е постигнато како договор не е билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, тоа е меѓу Брисел и нашите соседи од Република Македонија, вели министерот.

Од друга страна според „Еурактив“, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да инсистира уставните измени да бидат усвоени сега, но да стапат во сила по влезот на Македонија во ЕУ за да се спречи ризикот Бугарија да стави ново вето по други основи, како и дека премиерот Мицкоски веќе побара средби со претставници на бугарската Влада.

- Во минатото веќе имавме средби со бугарското раководство на највисоко ниво и со нивниот тогашен привремен премиер. Очекувам дека во следниот период ќе има средби со бугарската Влада на различни нивоа и тоа не треба да не чуди. Ниту ние ќе исчезнеме, ниту тие ќе исчезнат, ние сепак ќе бидеме соседи. Треба да изградиме добрососедски односи, но тоа не значи дека се согласуваме за некои теми за кои имаме разлики, пренесува „Еурактив“ изјава на премиерот Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами

Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами.

280 илјади евра завршија на промоција на пропаднатите политики на СДС, Заев и Ковачевски, кои ја упропастија државата.

СДС, Заев и Ковачевски, дадоа 280 илјади евра да ја покријат одговорноста и за модуларната болница во Тетово, и за Дурмо Турс и за тендерите на Васко Ковачевски, и за сите криминали и рекети кои ги направија.

280 илјади евра СДС, Заев и Ковачевски потрошија за дефокус на народот додека браќата на Заев и Филипче градеа фотоволтаични централи заедно, и додека владата на Ковачевски даваше земја за соларна централа на неговата сопруга.

Наместо за народот, СДС, Заев и Ковачевски потрошија 280 илјади евра за нивните лаги и манипулации.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Опожарени два контејнера во Серава

 Непознати сторители минатата недела опожариле два сада наменети за одлагање на комуналниот отпад во скопската населба Серава во општина Чаир. 

Контејнерите биле со зафатнина од 1,1 кубен метар и лоцирани на улицата „Серава“, информира ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје.

Микролокацијата веднаш била целосно исчистена од екипите на ова јавно претпријатие, а потоа биле поставени и нови садови за одлагање на отпадот.

- Апелираме до граѓаните внимателно да ракуваат со контејнерите поставени на јавни површини бидејќи секое нивно оштетување значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го оневозможува навременото реализирање на тековните активности предвидени согласно Оперативната програма за работа на претпријатието, изјави в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје Сабахадин Рустеми.

Во текот на 2024 година биле опожарени 24 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад на територија на Град Скопје. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени кај надлежните органи.

притисни ентер