Димитриеска-Кочоска: Предлог-буџетот за 2025 е нов концепт за фискална консолидација

Предлог-буџетот за 2025 година е пред се развоен, поткрепен со  планирани средства за капитални проекти, проекти на општините, поддршка на стопанството. 

Буџет кој носи промена во водењето на јавните финансии и кој е само дел од новиот концепт којшто го воведуваме во пракса, а кој се занова на фискална консолидација и инвестиции во остварување забрзан економски раст. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по Предлог-буџетот за 2025 година во Комисијата за финансирање и буџет.

„Предлог-буџетот за 2025 година е дизајниран за исполнување на определбата за фискална консолидација и обезбедување фискална одржливост. Клучно е дека тој е визија на Владата за наредната година којашто базира на реални макроекономски претпоставки и фискални проекции. При тоа обезбедува непречено функционирање на институциите и државата и редовно сервисирање на обврските.

Оттука во креирањето на Буџетот за наредната година појдовме од определбата за намалување на буџетскиот дефицит кој во 2025 година е понизок за 0,9 п.п. Ефикасно прибирање на приходите, преку борба со сивата економија и најважно ефикасност во користењето на сите средства. Односно, целта беше средствата кои се прибираат по сите основи во Буџетот да бидат ставени во функција и да дадат најдобри ефекти. Во таа насока се поттикнати институциите коишто имаат сопствени средства да ги ефектуираат и да ги користат. Износот на средствата заклучно со 12 ноември во буџетските корисници е над 14 милијарди денари. По тој основ отворивме можност да се финансираат многу повеќе проекти коишто носат развој“, рече министерката.

Таа додаде дека новиот концепт не носи во година во која треба да продолжи стабилизрањето на макроекономската состојба и забрзување на економскиот раст и определбата на среден рок да постигнеме стапки на економски раст просечно од 5% и буџетски дефицит и јавен долг согласно фискалните правила.

„Ваквата визија не се темели на список на желби, таа ја темелиме на остварувањата особено во втората половина од 2024 година. Растот го темелиме на реална реализација на силен инвестициски циклус, поткрепен со висок износ на капитални расходи во Предлог-буџетот и низа мерки и политики за ефикасна реализација на планираните средства. Покрај инвестиции во јавниот сектор, развојната компонента ќе биде поддржана и преку планираниот инвестициски циклус во приватниот сектор кој ќе биде поддржан од државата преку обезбедените поволни средства од унгарскиот заем, како и проектите на локално ниво коишто ќе ги реализираат општините“, рече министерката и додаде дека растот на БДП е проектиран на 3,7%, додека инфлацијата на 2,2%. Предлог-буџетот за 2025 е буџет во кој дополнителна карактеристика е тоа што трендот на раст на расходите е понизок од трендот на раст на приходите, односно со овој буџет приходите се зголемени за 13%, а расходите за 10% во однос на 2024 година, што пак придонесува кон консолидација и намалување на буџетскиот дефицит за околу 3,3 милијарди денари“, рече министерката.

Вкупните приходи на Буџетот за 2025 година се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, додека расходите се планирани на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 41,3 милијарди денари или на ниво од 4% од БДП и е понизок за околу 3,3 милијарди денари.

Со Буџетот за 2025 година, како што рече министерката, се водевме од буџетирање базирано на принцип на реалност, односно планирани приходи во износи кои може реално да се остварат и расходи кои може да се извршат. При тоа, расходната страна особено се темели на поефикасно користење на ресурсите за работа, намалување на несуштински расходи, како и поголем позитивен импакт врз економската активност.

Со Предлог-буџетот за 2025 година се планирани средства 50,5 милијарди денари за капитални расходи и 349,6 милијарди за тековни расходи со кои се обезбедува редовна исплата на плати, редовна исплата на пензии и нивно зголемување, исплата на социјални права, субвенции во земјоделството, поддршка на малите и средните претпријатија, поддршка и субвенционирање на иновативните активности, како и алоцирање на средства за таргетирана поддршка на ранливи категории на граѓани и стопанството.

Расходите за исплата на плати се проектирани на ниво од 48,1 милијарда денари кои бележат раст од 8%, за стоки и услуги се проектирани 26,2 милијарди денари и бележат намалување од 0,5% во структурата на вкупните расходи. За исплата на пензии се планирани 105,5 милијарди денари со кои се обезбедуваат средства за најавеното зголемување на пензиите за 2.500 денари од март следната година. За исплата на надоместоци за социјална заштита се планирани околу 14,5 милијарди денари, за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност планирани се 1,6 милијарди денари, за спроведување на активни политики и мерки за вработување планирани се 2,3 милијарди денари. Повеќе средства се обезбедени за здравствена заштита кои се планирани на ниво од 52,5 милијарди денари и бележат раст од 10,7%. При тоа ФЗОМ и МЗ имаат и сопствени средства за здравствена заштита. Поддршка во земјоделството е планирана на ниво од 8 милијарди денари, додека трансферите до ЕЛС се планирани во износ од 33,2 милијарди денари кои се зголемени за 2,5 милијарди.

Капиталните расходи се на ниво од околу 50,5 милијарди денари и ќе создадат предуслови за нов циклус на економски раст, обезбедување значително ниво на јавни инвестиции коишто се основа за подобрување на економските перспективи, како и подобар живот на граѓаните. Покрај високото ниво на капитални инвестиции од буџетски средства, значителни средства за реализација на проекти се обезбедени и со заеми од меѓународните финансиски институции и билатерални кредитори, а насочени се во железничката, комуналната инфраструктура и управување со отпад, енергетска ефикасност во јавниот сектор, здравството, образованието, социјалните услуги, земјоделството, енергетскиот сектор и слично.

Со Предлог-буџетот предвидено е буџетскиот дефицит да се финансира со задолжување на домашниот и меѓународниот пазар. Во 2025 година отплатата на главницата на надворешниот долг е во износ од 49,3 милијарди денари, додека на домашниот пазар 16,9 милијарди денари.

Расправата по Предлог-буџетот во Комисијата за финансирање и буџет трае 10 дена, по што како Дополнет предлог се испраќа на разгледување и усвојување на пленарна седница на Собранието. Буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.

Новото украинско оружје прави хаос во руските редови- чини помалку од 30.000 долари (ФОТО)

Министерството за одбрана на Украина ја одобри употребата на роботскиот систем „Droid TW 12.7“ на фронтот, најавувајќи го почетокот на новата ера во борбата со роботски беспилотни летала.

Ова одобрение следеше по ригорозните борбени тестови кои ја потврдија веродостојноста на системот, се вели во неодамнешното соопштение на украинското Министерство за одбрана, објави „Киев пост“.

Ова е значаен чекор кон поавтономно војување. „Droid TW 12.7“ е всушност платформа за следење опремена со моќен митралез браунинг од 12,7 мм. Тоа го претставува зголемениот фокус на Украина на беспилотни копнени возила (UGV) во нивниот технолошки напреден пристап кон војување.

Заменик министерот за одбрана Дмитро Клименков ја истакна важноста на ова достигнување:

„Ние стандардизираме модели кои стануваат сигурни алатки за нашите бранители, помагајќи им да ги извршуваат задачите во најтешки услови. Нашата предност е високотехнолошка армија способна да одговори на современите предизвици“.

Далечинската контрола на таблетот и способностите за дигитална комуникација на системот го истакнуваат фокусот на Украина на безбедноста на војниците и оперативната флексибилност. Ова е во согласност со пошироките иницијативи на земјата за развој и употреба на различни типови системи без екипаж, вклучувајќи воздушни и поморски беспилотни летала, кои веќе се покажаа како ефикасни против руските сили.

Напорите на Украина да развие роботски борбени системи се дел од поширокиот тренд во модерното војување. Како што истакна Наталија Кушнерска, висок извршен директор на одбранбената индустрија на Украина, овој развој „го означува појавата на сосема нов сегмент од модерното војување со беспилотни летала против дронови“.

Како што пренесува магазинот „Њусвик“, митралезот „Бровинг“ калибар 12,7 мм се покажал како сигурен во борбени услови и е стандарден дел од вооружувањето на членките на НАТО, Израел, Јужна Кореја и Јапонија. Еден дроид чини помеѓу 26.000 и 29.000 долари и се покажал како одличен против руските оклопни возила.

17- годишен англиски фудбалер колабирал и починал на теренот

Огромна тага го погоди островскиот фудбал.

Младиот фудбалер Кејлен Денис (17) починал на натпревар на неговиот клуб Волтамстоу на нисколигашките терени во Англија, соопштија од клубот.

На натпревар на селекцијата до 23 години, тој ненадејно колабирал и покрај реакцијата на лекарскиот тим, набрзо починал.

Тој е роднина на многу попознатиот напаѓач Рајан Брустер, кој настапува за Шефилд Јунајтед, а нему му го посвети голот што го постигна претходната вечер против Милвол во Чемпионшип.

- Бевме потресени кога дознавме дека Денис починал за време на натпреварот. Испраќаме најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите, соиграчите и сите што го познаваа – објави Волтамстоу.

Во продолжение погледнете како Брустер му го посвети голот на својот братучед.

Земјоделските инспектори во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион

Денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, заедно со инспекторите од ДИЗ, беа во контрола на откупните пунктови за тутун во прилепскиот регион.

За време на остварената контрола беше констатирано дека откупот тече во нормални услови и интензитет. Тутунот од прва класа се откупува по цена од 375 денари, додека кај едена компанија откупувач е постигната цена од 400 денари по килограм.

Директорот Анакиев посети неколку пунктови од вкупно пријавени 287 на територијата на државата. Во текот на извршените контроли е утврдено дека се пријавени 305 ваги.

Воедно, од Државниот Инспекторат на Земјоделство информираа дека од почетокот на откупот, до сега се откупени вкупно 6.360.485,24кг 1 класа тутун, 13.485,59кг втора класа и 556,81кг трета класа тутун. Вкупната бројка е 6.374.550,44кг, додека просечната откупна цена изнесува 376,00 денари. Од овие количини исплатени се вкупно 57% од откупените количини кон тутунарите.

Инспекторите на ДИЗ остануваат и понатаму на терен каде будно ќе го следат и контролираат откупот, соопштуваат од МЗШВ.

притисни ентер