Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
1Македонија на Медитеранските игри: Од Мерсин 2013 до Таранто 2026 – три учества, три златни медали и спортска приказна што продолжува
Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
1Аријана Гранде се повлекува од јавноста – не може повеќе да ги поднесе коментарите за својата тежина: „Ѝ се гледаат коските“
МакедонијаДимитриеска-Кочоска пред германските инвеститори во земјава – Владата обезбедува стабилностВладата обезбедува стабилност, предвидливост и партнерство во реализацијата на инвестициските планови.Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна полтикика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја прати министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје. „Политиките коишто ги спроведуваме се насочени кон одржување на макроекономската стабилност. Нашите приоритети се дефинирани со Буџетот и со Фискалната стратегија и тие се однесуваат меѓу другото на обновување на довербата во институциите, преку зајакнување на безбедноста, ефикасна борба против корупцијата и криминалот, независност на правосудството и обезбедување на владеење на правото; економско заживување на земјата, преку унапредување на енергетската транзиција, поттикнување силен циклус на економски раст, стабилни јавни финансии, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого; сеопфатно подобрување на квалитетот, инфраструктурата и достапноста во образованието, создавање општество базирано на знаење и успешно справување со современи предизвици, како и градење професионална и ефикасна јавна администрација, развој на дигиталната економија, ИКТ секторот, вештачката интелегенција, иновациите и стартап екосистем“, рече министерката и додаде дека напорите што ги вложува Владата се препознаени од странските инвеститори и во минатата година се реализирани рекордни 1,255 милијарди евра. Таа посочи дека ваквиот тренд очекува да продолжи и во наредниот период и дека најдобрата порака што еден иден инвеститори може да ја добие за инвестирање во една земја е пораката од инвеститорот кој веќе инвестирал. Потенцира дека врвен приоритет на Владата е економијата и остварувањето повисоки стапки на економски раст и дека Германија има особено значење за нашата економија, како најзначен трговски партнер, но преку реализираните странски директни инвестиции кои минатата година достигнаа над 200 милиони евра. Пред германските компании порача дека Владата има идентичен пристап кон сите компании и дека гради партнерски однос и со домашните и со странските компании преку постојана комуникација со бизнис заедницата и разменување мислења и искуства во однос на креирање политики коишто се бидат од интерес на двете страни.Тагови: Гордана Димитриеска-Кочоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПритвор за жената што нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Камени Кукли“Случајот со нелегалното наплаќање влезници се актуелизираше по сведоштва на посетители објавени на социјалните мрежи, на чии видеа се гледа дека биле спречувани да влезат доколку не платат.Кратовчанката која наплаќаше влез во Камени Куклици заврши во притвор. 41-годишната Стојна Димитровска, според обвинителството, подолг период бесправно го узурпирала заштитениот локалитет „Куклица“, без правен основ им наплаќала влезници на посетителите, влегувала во расправии и им упатувала закани. И покрај претходно изречената забрана да го посетува локалитетот, таа продолжила со истото однесување, а при последниот инцидент физички нападнала и полициски службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат, а заедно со нејзиниот сопруг и претходно биле инволвирани и во спречување пазарни инспектори при вршење службени дејствија. -При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие, односно физички ги нападнала и ги спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат. Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка. – соопштија од Обвинителството Случајот со нелегалното наплаќање влезници се актуелизираше по сведоштва на посетители објавени на социјалните мрежи, на чии видеа се гледа дека биле спречувани да влезат доколку не платат. Според нив, на дел од туристите им биле наплаќани по 10 евра од лице, а при претходни посети и до 20 евра, со објаснување дека локалитетот „Камени кукли“ е приватна сопственост. Проблемот со узурпацијата на заштитеното природно подрачје, според надлежните, се провлекувал долг временски период. Од Општина Кратово посочија дека за случајот алармирале уште во 2015 година, а во 2024 година биле поднесени и кривични пријавиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Гостивар и денеска тема на политички обвинувањаНе запираат меѓупартиските обвинувања за тоа кој е виновен за загадената вода во Гостивар и колку често проблемите се повторувале во минатото. Од СДСМ ја лоцираат одговорноста кај премиерот и министерот за здравство, и повторно го повикаа обвинителството да отвори истрага. Велат дека тие имаат различни препораки до граѓаните за употреба на водата, иако се утврдило дека таа содржи опасна бактерија и треба да е целосно забранета. -Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: Христијан Мицкоски, Сашо Клековски, Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани. - Елена Радеска - СДСМ СДСМ се обидува политички да профитира од состојбата во Гостивар, а кога беа на власт не ги решавале ваквите проблеми – велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партиската говорница повторно покажаа документи со кои тврдат дека во 2022, 2023 и 2024 година имало неколку случаи со потврдена небезбедна вода за пиење токму во Гостивар, а воопшто немало забрана за употреба на истата. -Документите кои ги проследуваме секојдневно до јавноста, покажуваат дека во периодот кога СДС беше на власт, а институциите беа под нивна надлежност, имало бројни случаи на небезбедна вода за пиење, но тие не наишле на решавање од страна на тогашната власт. Наместо денес да држат лекции, СДС и Венко Филипче треба да одговорат зошто со години не презеле мерки за решавање на проблемите со водоснабдувањето, но и со безбедноста на водата за пиење во Гостивар, но и во сите други населени места. - Валентин Манасиевски - портпарол на ВМРО-ДПМНЕ За епидемијата во Гостивар која е прогласена официјално од 19 јули, градоначалникот кој доаѓа од партијата на Таравари Валбон Лимани кажа дека не чувствува лична одговорност. Засега во 30 дневен притвор се Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, раководителите од Јавното претпријатие „Комуналец“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
МакедонијаСедница на главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во ГостиварДодека трае топлотниот бран, во Гостивар се уште нема питка вода. Во Центарот за управување со кризи во моментов во тек е седница на главниот штаб посветена на состојбата со водата, таму е Маја Стојановска. Дали наскоро гостиварци ќе добијат чиста вода за пиење? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter