Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст - Канал 5

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст.

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст

Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил.

„Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на компаниите кои имаат идеи и потенцијал за инвестиции, но за реализација на истите им беше потребно подостапно и поповолно финансирање. Затоа, заедно со бизнис секторот и банките креиравме и дефиниравме модел со кој 250 милиони евра се ставија на располагање за развојни инвестиции во домашниот приватен сектор, по најповолни услови и со лесен пристап да стигнат до крајните корисници„, стои во објавата.

Таа додава дека првата транша кон домашните компании беше исплатена во март минатата година и дека до овој момент во македонската економија се инјектирани вкупно 239 милиони евра, износ кој поттикна значаен инвестициски циклус во приватниот сектор и придонесе за поголемо производство, нови вработувања и поголема конкурентност на домашните компании.

„Целта на Владата беше да препознае што им е потребно на домашните компании и да создаде услови тие потреби да се претворат во реални инвестиции. Интересот покажа дека мерката одговара на реалните потреби на бизнисот. Влеговме во овој проект со јасна цел, преку поддршка на приватните инвестиции да поттикнеме значаен инвестициски циклус во домашната економија. А ефектот е поголем бидејќи средствата што ги обезбедува Владата се надополнуваат со сопствени средства на компаниите“, посочува министерката за финансии.

Според министерката најважното прашање сега не е само колку средства се пласирани, туку што се случува со економската активност како резултат на ваквиот пристап до капитал и зголемените инвестиции.

Додава дека индикатори се охрабрувачки. Корпоративното кредитирање во овој период во кој се реализира оваа мерка, бележи просечен годишен раст од 15%, односно во периодот од март минатата година до јуни оваа година се движи помеѓу 13,5% и 16,5% што покажува зголемена кредитна активност и подобар пристап на компаниите до финансиски средства. Растот на БДП во првиот квартал од 2026 година изнесуваше 3,1%, по растот од 3,5% во четвртиот квартал од 2025 година, 3,8% во третиот и 3,8% во вториот квартал. Еден од значајните придонеси кон растот се јавните и приватните инвестиции.

Позитивни и охрабрувачки сигнали, стои во објавата, гледаме и кај извозот, индустриското производство и вработеноста.

„Сите податоци покажуваат дека економската активност се движи во посакувана насока и се потврда за позитивните ефекти на политиките коишто ги спроведуваме. Токму затоа поддршката за домашниот бизнис ја гледаме како инвестиција во растот на економијата. Овие податоци се важни бидејќи покажуваат дека економските политики треба да се мерат преку конкретните резултати и промените во реалната економија. Целта на Владата е јасна: повеќе инвестиции, зголемено производство, посилни домашни компании, нови работни места, конкурентна домашна економија и одржлив економски раст„, стои во објавата на министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа истакнува дека Владата со посветеност ќе продолжи да креира и спроведува мерки кои ќе им овозможуваат на компаниите да растат, да инвестираат и да создаваат нова вредност за целата економија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И викендов сончево и топло со температура до 37 степени, во недела ветровито

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.

И викендов сончево и топло со температура до 37 степени, во недела ветровито

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

18 Попова Шапка, 23 Маврови Анови, 24 Крушево, 26 Берово, 28 Претор, Прилеп, 29 Крива Паланка, 30 Битола, 31 Охрид, Тетово, 32 Виница, Штип, 33 Зајчев Рид, Скопје Петровец, Струмица, Кавадарци, Велес, 34 Демир Капија, 35 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно и топло со мала до умерена локална облачност.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност. Во недела ќе дува умерен до засилен северозападен ветер кој долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судија заборави едно од основните правила во фудбалот и ги разбесни играчите (ВИДЕО)

Необична ситуација, каква што не се гледа ниту во најниските фудбалски рангови, се случи во втората турска лига, на средбата меѓу Бурсаспор и Истанбулспор. 

Судија заборави едно од основните правила во фудбалот и ги разбесни играчите (ВИДЕО)

Судијата Ајберк Демирбас, на предлог на неговиот помошник, веднаш по исфрленото го досуди заден терен.

Едно од основните фудбалски правила е дека нема задно поле кога топката се фрла со рака. Тоа секако предизвика гнев кај фудбалерите на Истанбулспор, па како обештетување судијата Демирбас им досуди индиректен удар. Бурсаспор го доби овој натпревар со 4:0 и по пет кола е вториот тим на турската втора лига.

Turkish referee gives offside from throw-in
by u/wel0g in soccer

Прв е Бетмен со 13 бодови, бод повеќе од Бурсаспор. Истанбулспор има само два бода од пет натпревари и е на претпоследното, 19. место во првенството. Зад него е само Болуспор без ниту еден бод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џон Малкович се расплака во Венеција, на премиерата доби 13- минутни овации (ВИДЕО)

Новиот филм на Мартин Мекдонаг „ Wild Horse Nine“ доби 13-минутни овации на светската премиера на Венецискиот филмски фестивал, веднаш позиционирајќи го како еден од кандидатите за претстојната сезона на награди. 

Џон Малкович се расплака во Венеција, на премиерата доби 13- минутни овации (ВИДЕО)

Актерот Џон Малкович беше видливо трогнат, а режисерот Мекдонаг беше емотивен за време на аплаузот што се проби низ салата во четврток вечерта.

Емотивна премиера во салата

Малкович глуми во филмот заедно со Сем Роквел, чија партнерка Лесли Биб, позната по улогата во серијата „Бел лотос“, гласно ја бодреше филмската екипа. Паркер Пози, која исто така глуми во филмот и во третата сезона на „Бел лотос“, исто така беше на премиерата.

Таа плачеше додека се ладеше со вентилатор и коментираше за топлината во салата. За време на овациите, Мекдонаг и Роквел се спуштија во публиката за да се ракуваат со публиката и да даваат автограми.

Агенти на ЦИА на Велигденскиот Остров

Дејствието на филмот „Девет диви коњи“ се одвива во 1973 година. Се фокусира на двајца агенти на ЦИА, играни од Малкович и Роквел, кои се испратени од Сантијаго на Велигденскиот Остров непосредно пред воениот удар во Чиле со кој беше соборен претседателот Салвадор Аљенде.

Остатокот од глумечката екипа ги вклучува Стив Бушеми, Том Вејтс и Паркер Пози. Публиката спонтано аплаудираше двапати за време на проекцијата: првиот пат за време на сцената во која ликот на Малкович има тирада за сирење, а вториот пат кога ја изразува својата желба да ја посети Венеција.

Пред проекцијата во салата Сала Гранде, Мекдона се појави на црвениот тепих со партнерката Фиби Волер-Бриџ. Додека позираа за фотографите, двојката се смееше додека ги набљудуваше настаните околу нив, а режисерот ги бркаше комарците по патот. Лесли Биб со Стив Бушеми стоеја во близина и му аплаудираа на Роквел додека тој им мавташе на собраните обожаватели.

Враќањето на Мекдона на Лидо

„Девет див коњ“ се натпреварува за Златен лав и е трет последователен филм на Мекдона што премиерно ќе биде прикажан во Венеција. Му претходеа „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ во 2017 година и „Островот“ во 2022 година. „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ ја освои наградата за најдобро сценарио на Венеција, а подоцна доби седум номинации за Оскар, од кои две беа потврдени - за Френсис Мекдорманд и Сем Роквел.

Пет години подоцна, „Островот“ му донесе на Мекдона уште една награда за сценарио во Венеција, Колин Фарел ја освои наградата Волпи за најдобар глумец, а филмот заврши со девет номинации за Оскар.

Малкович за можните номинации

Изведбата на Џон Малкович веќе се споменува како онаа што би можела да ја одбележи сезоната на награди. Иако во текот на неговата повеќедецениска кариера постигна значајни улоги во филмови како „Опасни врски“, „Биди Џон Малкович“ и „На линијата на огнот“, досега двапати беше номиниран за Оскар, но не го освои.

Сепак, актерот не размислува за говорот за прифаќање на наградата. „Неверојатно е љубезен“, рече Малкович за шпекулациите на прес-конференција. „Многу ми е мило што го слушам тоа. Но, најдоброто е што филмот привлекува внимание. Има неколку фантастични актери, а сценариото и режијата се прекрасни. Тоа е она што ми е важно.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер