Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
2Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
МакедонијаДимитриеска-Кочоска од Истамбулскиот економски Самит: Глобалните промени не се закана, туку можност за развојМакедонија влегува во нова фаза на економска трансформација, со јасен фокус на инвестиции, дигитализација и фискална стабилност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска .Македонија влегува во нова фаза на економска трансформација, со јасен фокус на инвестиции, дигитализација и фискална стабилност, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска во своето воведно обраќање на отворањето на Истамбулскиот економски Самит 2025, кој годинава се одржува на 11 и 12 декември под мотото „Нова рамнотежа и глобална соработка“, Настанот ги собра носителите на економските политики, меѓународните финансиски институции, претставници од академската заедница и бизнис секторот од регионот и Европа, со цел да се разгледаат клучните прашања поврзани со глобалните економски промени, неопходните реформи и градењето на нови партнерства во свет исполнет со динамични предизвици. Во своето обраќање министерката нагласи дека современите економии се соочуваат со силни притисоци, од геополитички ризици, до енергетски и технолошки шокови, поради што државите мора активно да работат на креирање адаптивни и отпорни системи. „Светот не е ист. Геополитичките ризици, енергетските предизвици и економските шокови создадоа нова светска архитектура. Денес, глобалните економски и политички односи се движат со невидена динамика“, истакна Димитриеска-Кочоска, додавајќи дека токму затоа државите, особено оние во развој, мора да дејствуваат проактивно. Таа потенцира дека Македонија веќе гради економија заснована на фискална дисциплина, предвидливост и модернизација, обезбедувајќи подобри услови за приватниот сектор и инвеститорите. Со тековните реформи во јавните финансии, приоритет е зајакнување на буџетската одржливост, повеќе средства за продуктивни инвестиции, зголемена транспарентност и ефикасност во трошењето на јавните ресурси. Министерката го истакна развојот на човечки капитал и дигитализацијата како основа на новата економија. Владата работи на дигитални јавни услуги, подобрување на финансиската инфраструктура и интеграција на домашните компании во меѓународните пазари, истовремено поттикнувајќи ги младите да останат и да градат кариера во земјата. „Новата глобална соработа не е само предизвик – таа е можност. Македонија е подготвена да биде дел од овие процеси – со нови инвестиции, реформи, партнерства и со јасна визија за иднината“, порача министерката, нагласувајќи дека државата избира да биде активен учесник во креирање економски решенија, а не пасивен набљудувач. Фокусот на Истамбулскиот економски Самит 2025 е насочен кон економски политики за одржлив раст, јакнење на економската соработка меѓу државите и развој на нови партнерства. Самитот ќе отвори дискусија за глобалната економија, одржливиот развој и зелената економија, енергетиката и финансиите, дигиталната трансформација, како и улогата на образованието за привлекување странски инвестиции. Учеството на министерката Димитриеска-Кочоска претставува можност за унапредување на економската дипломатија и позиционирање на Македонија во регионалните процеси, соопштуваат од МФ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓанитеНаш приоритет е обновување и унапредување на здравствениот систем. Со набавката на 100 нови амбулантни возила правиме значаен чекор кон побрзи и поефикасни интервенции, но продолжуваме да ги решаваме и останатите наследени проблеми. Во периодот што следи, фокусот ќе биде на нови инвестиции во здравството, вклучително и Клиничката болница во Штип, Здравствениот дом со проширена дејност во Кичево и Клиничката болница во Тетово, проекти што се планира да се финансираат со поддршка на Светската банка и Европската инвестициска банка. Со конкретни проекти и решавање на проблемите чекор по чекор, продолжуваме да го унапредуваме здравството во интерес на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамБМВ не се откажува: Новиот М3 со бензински мотор е потврден за 2028. (ВИДЕО)BMW не се откажува од својот стандарден шестцилиндричен мотор. Иако пристигнувањето на електричниот M3 се очекува за неколку месеци, одделот M развива и спортски седан од нова генерација со бензински мотор, чиешто излегување е закажано за 2028 година. Новите шпионски снимки од тестирањето го откриваат прототипот под дебела камуфлажа, а снимен е и звук од мотор со внатрешно согорување. Иако возилото е скриено, масовно раширените браници потврдуваат дека станува збор за M модел, а не неодамна претставениот M350 xDrive. Звукот снимен кога моторот се пали дава навестување за тоа како би можел да звучи еден од последните, а можеби и последниот, M3 со бензински мотор. Нов мотор за построги стандарди Под хаубата веројатно се наоѓа надградена верзија на познатиот двоен турбополнет 3,0-литарски шестцилиндричен мотор, познат интерно како S58. Сепак, моторот нема да биде идентичен со оној во сегашниот модел. БМВ претходно објави „нов тип шестцилиндричен мотор“, што ги поттикна шпекулациите за можното воведување на некаков вид електрификација. Во меѓувреме, компанијата ја отфрли можноста за инсталирање на тежок plug-in хибриден систем, па затоа најверојатното решение е благ хибрид, првенствено поради сè построгите еколошки прописи. BMW неодамна веќе го адаптира моторот за европскиот пазар за да ги исполни нормативите Euro 7. За таа цел, се користи технологијата „M Ignite“, која веќе е применета кај моделите M2 и M4. Системот вклучува палење со претходна комора, две свеќички по цилиндар и турбополначи со променлива геометрија. Целта е да се подобри ефикасноста без намалување на моќноста, а BMW истакнува дека оваа технологија му дава и на моторот поостар звук при повисоки вртежи. Крај за рачниот менувач и погонот на задните тркала? За да се исполнат идните прописи на Европската Унија, следниот M3 би можел да добие и 48-волтен благ хибриден систем, иако BMW сè уште официјално не го потврди ова. Покрај тоа, имаше гласини кои укажуваат на голема промена во филозофијата на моделот. Според тие информации, BMW би можел да понуди исклучиво погон на сите тркала како стандард во следниот бензински M3. Тоа би го означило крајот на опциите само со погон на задните тркала со мануелен менувач, што е значително отстапување од 40-годишната традиција на моделите M3 што датира од оригиналниот четирицилиндричен E30. Останува надежта дека купувачите барем ќе имаат можност да го исклучат погонот на предните тркала, како што е случајот со сегашниот M3 Competition xDrive и новиот M350 xDrive. Сепак, љубителите на класичната комбинација со три педали и погон на задните тркала треба да размислат за купување на сегашниот G80 додека е сè уште достапен. Ограниченото издание M3 CS Handschalter би можело да биде последниот M3 со мануелен менувач. Дизајн и цени на идните модели Во однос на изгледот, се очекува бензинскиот M3 во голема мера да се потпира на најавениот електричен M3 во однос на дизајнот. Пропорциите малку ќе се разликуваат, но целокупниот дизајн на надворешноста и ентериерот ќе бидат речиси идентични. До крајот на деценијата, на пазарот треба да се појават каравански верзии на двата модели, едната со четири електрични мотори, а другата со шестцилиндричен бензински мотор. BMW веќе објави дека обете верзии на моделот M3 ќе имаат слична цена.Тагови: бмв мотор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин ПотокГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на клучката кај Момин Поток.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на клучката кај Момин Поток, кои по повеќегодишен застој за само неколку месеци со забрзана работна динамика се наоѓаат во завршна фаза и треба да завршат до крајот на годината. - Клучката кај „Момин Поток“ ја затекнавме во повеќегодишна стагнација без никакви градежни активности и без завршена експропријација. За само неколку месеци ја завршуваме голготата низ која минуваше народот. Целосно е завршен големиот мост, кој што ги поврзува булеварот „Никола Карев“ со булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“. Веќе едната страна од левиот дел према граничниот премин е целосно асфалтирана. Целата подземна инсталација е готова, односно атмосферската канализација, како и сите операторски кабли се спуштени подземно. Дополнително, два од трите моста на реката „Серава“ се целосно готови, а се работи со силно темпо и на третиот мост, со што до Нова година сметаме дека конечно ќе биде ставен во функција мостот, клучката, но и целиот овој потег кој што сериозно ќе сериозно ќе го среди сообраќајниот метеж на овој дел од градот Скопје. Скопјани заслужуваат, скопјани предолго чекаа на овој проект и конечно ќе го добијат она што го заслужуваат – изјави Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter