Димитриеска-Кочоска од Евроазискиот економски самит: Македонија да прерасне во модерна држава - Канал 5

Димитриеска-Кочоска од Евроазискиот економски самит: Македонија да прерасне во модерна држава

Македонија се наоѓа на пресвртница – соочена со предизвици дома, но и со перспектива за членство во ЕУ. 

Димитриеска-Кочоска од Евроазискиот економски самит: Македонија да прерасне во модерна држава

Реформската агенда 2024-2027 година, којашто е поддржана од Европската комисија, е јасен пат за трансформација на економијата и општеството кој содржи конкретни реформски критериуми и резултати. Реформи коишто ќе ги спроведуваме не само заради членство во ЕУ, туку пред се заради сопствените граѓани – за подобар животен стандард, поквалитетни услуги и стабилна економска иднина. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествуваше на панел дискусија на тема „Каде сме и каде сакаме да бидеме? Предизвиците дома и во Европа – пат до успешна иднина“ на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул.

„Последните неколку години беа обележани со преклопувачки кризи – пандемијата, енергетската криза, ценовни шокови – кои бараа силна фискална реакција. Владата презеде мерки за заштита на граѓаните и економијата, што доведе до зголемени буџетски трошоци. Сега, кога најтешкото е зад нас, приоритет ни е фискалната консолидација, односно постепено намалување на дефицитот и задолженоста, за да се осигура долгорочна одржливост. Целта е да не дозволиме долговите да ја загрозат стабилноста на економијата, ниту пак идните генерации да се соочат со несразмерен товар. Притоа, важно е фискалната консолидација да биде спроведена на паметен начин – со контрола главно на тековните трошења, но не и на сметка на капиталните инвестиции кои поттикнуваат раст“, рече Димитриеска-Кочоска.

Истакнувајќи дека меѓународните партнери ги препознаваат напорите коишто ги вложува Владата министерката наведе дека Меѓународниот монетарен фонд во својата последна мисија ја препозна желбата за борба на намалување на неформалната економија. Исто така, додаде дека веќе се гледаат првични ефекти – стапките на наплата на одредени даноци постепено растат оваа година, а во делот на царинските приходи, рече дека фокусот е на сузбивање на шверцот и зајакнување на царинската контрола, особено на акцизните стоки.

На панел дискусијата потенцира дека стратешка цел е полноправно членство во ЕУ и дека земјата се стреми кон постигнување на европски стандарди. „Министерството за финансии, заедно со останатите ресори во Владата, е целосно посветено на унапредување на стандардите согласно ЕУ критериумите и затворање на поглавјата во преговарачкиот процес со успех. Сите реформи се во срцето на пристапните критериуми. Одиме по правиот пат, но треба да одиме побрзо и поодлучно. Добрата вест е што ниту во една сфера не сме „заглавени“ – насекаде имаме план и активности кои се во тек, за адресирање на препораките“, посочи министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа порача дека визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард за сите граѓани и дека очекува тоа да се достигне побрзо со посветеност, компетентност и единство околу стратешките цели.

Министерката за финансии беше дел и од Свеченото отворање на Самитот, каде што порача дека со заеднички идеи, иницијативи и соработка може да се надминат предизвиците пред кои сме исправени. При тоа потенцира дека меѓусебната поддршка е многу значајна и дека Македонија и Турција негуваат пријателски односи.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, претходно во Анкара оствари средби со министрите за трезор и финансии и за трговија, Мехмет Шимшек и Омер Болат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

​На 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. 

Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час

При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час.

Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Денес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. 

Засилени инспекциски контроли во Општина Бутел

Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани.

Општина Бутел

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Со вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.

Вакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓани

Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто.

Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата.

Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години.

Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат.

Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер