Димитриеска-Кочоска: Нова финансиска конструкција за железничката пруга кон Бугарија - Канал 5

Димитриеска-Кочоска: Нова финансиска конструкција за железничката пруга кон Бугарија

Нова финансиска конструкција за железничката пруга кон Бугарија – Владата посветена на успешна реализација на проектот.

Димитриеска-Кочоска: Нова финансиска конструкција за железничката пруга кон Бугарија

Владата со поддршка од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој преку нова финансиска конструкција овозможува реализација на проектот за железничкото поврзување со Република Бугарија. Денеска од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски, и директорот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, раководителот на Канцеларијата на ЕИБ во Скопје Бјорн Габриел потпишаа амандмани на договорите за финансирање и амандман на договорот за грант и проектниот договор.

„Со денешното потпишување на овие амандмани на договорите за финасирање и договорот за грант обезбедуваме финансиска конструкција што ќе овозможи целосна реализација на проектот, трета делница од железничкиот Коридор 8, Крива Паланка-граница со Република Бугарија, а кој не само што ќе обезбеди подобра поврзаност меѓу Јадранското и Црното Море, туку ќе придонесе и за поголема економска интеграција, полесно движење на луѓето и стоките, како и за нови можности за развој на македонската економија и на целиот регион“, рече министерката на потпишувањето на договорите на кој присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски.

Министерката потенцира дека на овој начин создаваме услови за непречено продолжување на реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во државата.

„Средствата за имплементација на третата делница се обезбедени со поддршка од нашите долгогодишни партнери, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Овие институции со години се меѓу најзначајните поддржувачи на развојните проекти во нашата држава, инвестирајќи во транспортна инфраструктура, енергетика, водоснабдување и во поддршка на приватниот сектор„, наведе министерката.

Таа додаде дека Владата има јасна определба за реализација на стратешките инфраструктурни проекти и потсети дека во изминатите две години интензивно се работи на забрзување на динамиката на проектите што беа наследени со застој, како и на започнување нови инвестиции што придонесуваат за подобри услови за живот, унапредување на економијата и напредок на евроинтегративниот процес.

Посочувајќи дека со усвоениот Ребаланс на Буџетот се обезбедени за 14,3% повеќе средства за капитални расходи, наведе дека тоа се инвестиции во повисока конкурентност на македонската економија, во подобра регионална поврзаност, во нови можности за бизнисот и во повисок животен стандард за граѓаните.

„Остануваме посветени на реализацијата на овие цели, водејќи сметка истовремено да ја зачуваме стабилноста на јавните финансии. Токму таквиот пристап преку одговорно управување со јавните финансии, обезбедување средства за капитални инвестиции и силно партнерство со меѓународните финансиски институции создава основа за одржлив економски раст, поголема конкурентност и побрза интеграција на нашата држава во европските транспортни и економски текови“, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копје

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди во чест на американската кантри пејачка и актерка Доли Партон, која почина вчера, знамињата во САД да се спуштат на половина копје во текот една недела.

Трамп: Поради смртта на Доли Партон, знамињата во САД една недела на половина копје

Ова е вистинска загуба за милиони луѓе. Никогаш немало никој како неа, ниту некогаш ќе има. Почивај во мир, Доли. Светот те сака, напиша Трамп на социјалните мрежи. Легендарната американска пејачка, текстописец и икона на кантри музиката почина на 80-годишна возраст, а дел од медиумите објавија дека таа се борела со канцер. Партон освои 11 греми награди, меѓу кои и за животно дело. Со 160 милиони продедени албуми се сметаше за една од најуспепните кантри пејачки на сите времиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет

Стотици луѓе се водат за исчезнати, од кои околу 300 странски државјани и туристи, во ненадејните поплави кои го зафатија регионот на границата меѓу непал и тибет.

Неколку стотици исчезнати во ненадејни поплави и лизгање на земјиштето во Непал, на границата со Тибет

Непалските власти проценуваат дека загинале неколку десетици луѓе, а дека трагаат по речиси 400, повеќето странци. Министерот за надворешни работи на непал соопшти дека причина за поплавите бил земјотрес, кој предизвикал големи свлечишта и масивни лизагања на земјиштето. Би-Би-Си објави дека најголем дел од исчезнатите биле индиски државјани, но и 12-мина британски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУК

До 13 часот денеска во земјава се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи.

Пет пожари се активни, од вкупно 14 што избувнале денеска, соопшти ЦУК

Од нив, се уште активни се пет пожари, три се ставени под контрола, а шест се целосно изгаснати.

Активни пожари има во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот зафаќа мешана шума во реонот на селата Моране, Вртекица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото Вражале.

Пожар е активен и во реонот на селото Трново во општина Гостивар, со ширење кон селата Битово, Заград и Страјане во општина Македонски Брод. Таму гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат.

Во општина Росоман активен е пожар кај селото Манастирец, каде се зафатени лозови и овошни насади.

Пожар има и кај селото Тисовица во општина Зелениково, каде гори мешана шума и ниска вегетација, како и над селото нежилово во општина Чашка, во месноста Сватови, каде се зафатени ниска вегетација и смреки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер